ЗдравјеСАД го одобри првиот орален лек за постпородилна депресија Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот орален лек за третман на постпородилна депресија, под назив „Зурзува“ (Zurzuvae).Ова е воедно и единствен орален третман за постпородилна депресија, којшто се зема еднаш дневно, за 14 дена и може да доведе до брзо подобрување. Досега, лекувањето на постпородилната депресија во САД беше можно само преку интравенска интервенција на лекот во здравствените установи. Според компанијата производител, лекот би требало да биде достапен во последното тримесечје од 2023 година. Постпородилната депресија обично се јавува по пораѓањето, но може да почне и при крајот од бременоста. Исто како и другите видови депресија, и тука симптомите вклучуваат долготрајна тага, губење енергија, самоубиствени мисли и намалена способност за доживување задоволство. Се проценува дека една од седум жени искусуваат симптоми на постпородилна депресија само во САД, известува ФДА. - Постпородилната депресија е можно опасна состојба по живот кога жената чувствува тага, вина, безвредност - во потешки случаи, може и да си наштети себеси или на бебето. И, бидејќи постпородилната депресија може да го наруши односот мајка - дете, може да има последици и врз физичкиот и емоционалниот развој на детето. Пристапот до орални лекови ќе биде корисен за многу жени кои се справуваат со екстремни и понекогаш опасни по живот чувства, појасни Тифани Фарчионе, психијатарка во Центарот за евалуација на лекови на ФДА. Клиничките испитувања покажаа дека пилулата значително ги намалува симптомите на депресија во рок од три дена. Ефектот на лекот трае четири недели по последната доза, соопшти ФДА. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБројот на жртви во Венецуела се искачи на повеќе од 4.550Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.561, додека повеќе од 20.000 луѓе се сместени во привремени кампови, соопшти претседателот на Националното собрание на таа земја, Хорхе Родригез. Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Државна помош добија 128.324 семејства, а во земјата беа формирани 107 привремени кампови во кои се сместени 20.231 лице. Во соопштението се додава дека во земјотресите се оштетени 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати. На 24 јуни, Венецуела беше погодена од земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во временски интервал помал од една минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неаВМРО-ОКГ повторно лаже. Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација. Никој не е против гласањето на дијаспората. Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик. Дијаспората не сака Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група да гласаат наместо неа. Дијаспората сака самата да го каже својот глас, а не да дозволи членови на криминалната мрежа во Белата палата да одлучуваат наместо неа. ВМРО-ОКГ сака да отвори пат за масовна злоупотреба преку неконтролирано гласање. Токму затоа се спротивставуваме на нивните предлози. Не затоа што сме против дијаспората, туку затоа што сме против кражбата на нејзиниот глас. Дијаспората гласаше и во минатото. Ќе гласа и во иднина. Но нема да дозволиме нејзиниот глас да го украде истата криминална структура која веќе две години ја држи Македонија во изолација и која ја доведе државата до економски колапс. Лагите на ВМРО-ОКГ немаат граница. Но има граница на трпението на граѓаните. Народот ќе победи. Европска и демократска Македонија ќе победи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваИмперија вредна 300 милиони долари – еве ги сите имоти на Новак ЃоковиќНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ изгради импресивна глобална империја на недвижности, која опфаќа локации од Белград и Монте Карло до Менхетен и Марбеља. Неговото богатство се проценува меѓу 250 и 300 милиони долари, при што инвестициите во луксузни недвижности сочинуваат значителен дел од тој вкупен износ. Новак Ѓоковиќ, создал огромно богатство во текот на својата блескава кариера. Издигнувајќи се од скромни почетоци во Србија до статус на глобална спортска икона, тој изгради огромна империја од недвижности со куќи и станови на повеќе континенти - од неговиот роден Белград, преку Монте Карло и Мајами, до Менхетен и Марбеља. Денес, неговата нето вредност се проценува на помеѓу 250 и 300 милиони долари. Со 24 гренд слем титули и над 165 милиони долари заработени само од награди на турнири, тој се рангира меѓу најплатените спортисти во историјата. Дополнително,популарниот Ноле генерира над 30 милиони долари годишно преку договори за рекламирање со водечки глобални брендови. Исто така Ѓоковиќ го прошири својот финансиски успех и далеку надвор од тенискиот терен преку стратешки инвестиции во недвижнини, кои му обезбедуваат стабилен приход и долгорочна сигурност. Како голем обожавател на познатиот италијански архитект Ренцо Пијано, Новак има и два луксузни имоти во својата колекција во зградата „565 Брум СоХо“ на Менхетен, со вкупна вредност што надминува 10 милиони долари. Становите располагаат со мебел по нарачка, пространи тераси и подно греење, додека зградата нуди приватен базен, спа центар, теретана и библиотека. Во Европа, неговата база со години е Монте Карло, каде што поседува луксузен стан веднаш до брегот, со поглед на Француската ривиера. Имотот е вреден помеѓу пет и шест милиони евра и е дизајниран за семеен живот, со наменски простор за неговите деца, Стефан и Тара. Ноле има и прекрасна вила во шпанска Марбеља вредна 10 милиони долари. Еден од најлуксузните имоти на Ѓоковиќ се наоѓа во Марбеља, Шпанија. Тој ја купил вилата во 2020 година за 10 милиони евра, откако претходно ја изнајмувал за време на пандемијата по цена од околу 10.000 евра неделно. Според италијанскиот весник *Corriere dello Sport*, вилата располага со: девет спални соби, осум бањи, затворен базен, приватен спа-центар, кино-сала, теретана, тениски терен, повеќе дневни соби, просторија за рекреација. Вилата се наоѓа на само неколку минути од центарот на Марбеља и нуди поглед и кон морето и кон планините. За време на престојот во Србија, Ѓоковиќ има на располагање неколку луксузни имоти. Во Белград, тој поседува пентхаус од околу 250 квадратни метри во елитниот комплекс „Вест 65“ (West 65), кој вклучува и кровна тераса од 100 квадратни метри и приватен базен. Семејството Ѓоковиќ исто така потроши 2,9 милиони евра за имот и куќа на планината Космај, кои ги реновираа по купувањето. Посебно внимание привлекува и вилата со површина од околу 1.200 квадратни метри на брегот на Павловачкото Езеро, лоцирана помеѓу Рума и Врдник. Изградбата започнала во 2016 година; според медиумските извештаи, проектот бил инициран од таткото на Новак, Срѓан, со цел да му се обезбеди на семејството место за одмор во природа. Вилата е сместена во изолирана средина и вклучува приватен базен и ресторан. На јадранскиот брег, Ѓоковиќ поседува и луксузен стан во „Порто Монтенегро“ (Тиват), чија вредност изнесува околу 2,2 милиони евра.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter