Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
1Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
2ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
3Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
СветСАД го конфискуваа авионот на претседателот на Венецуела Николас МадуроВластите во САД го конфискуваа авионот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро што се наоѓал на сервсирање во Доминиканска Република и синоќа го донеле во Флорида. Министерството за трговија испрати соопштение по овој повод во кое се тврди дека авионот Dassault Falcon 900EX, што Мадуро го користел за официјални патувања бил незаконски набавен преку лажна компанија и тајно извезен од САД. Во соопштението се наведува дека сето ова било во спротивност со санкциите и законите за контрола на извозот. -Ова задржување нека послужи како јасен сигнал: авионите незаконски набавени во САД за интересите на венецуелските функционери кои се под санкции не можат едноставно да полетаа во зајдисонцете, изјави Метју Акселрод помошник министер за спроведување извозни правила во Министерството за трговија. -Без разлика колку е луксузен авионот и колку е големо влијанието на функционерите што го управуваат, ние ќе работиме неуморно со нашите партнери овде и ширум светот за да откриеме и вратиме кој и да било авион незаконски извезен од Соединетите Држави. Авионот, регистриран во Сан Марино, бил наголемо користен од Мадуро за странски патувања, вклучувајќи го она на почетокот на оваа година во Гвајана и Куба како и на карипските острови. Главниот обвинител Мерик Гарланд изјави дека овој авион бил тајно извезен од САД за користење од „Мадуро и неговите следбеници.“ Според претставник на Советот за национална безбедност на Белата куќа, ова е „важен чекор за Мадуро продолжи да ги чувствува последиците од своите злоупотреби во владеењето со Венецуела.“ Американските службеници тврдат дека сојузниците на венецуелскиот лидер користеле лажна компанија на Карибите за да ја сокријат својата вмешаност во купувањето на авионот вреден 13 милиони долари од компанија од Флорида. Потоа авионот бил извезен од САД во Венецуела преку Карибите. Тоа се случило во април 2023 година а во рамки на зделка што има за цел да го заобиколи извршниот налог што им забранува на американските лица да вршат деловни операции со претставници на режимот на Мадуро. Самиот Мадуро, неговите сојузници и нафтениот сектор на земјата-членка на ОПЕК се под строги санкции од САД. Акциите на Мадуро на неодамнешните претседателски избори ја зголемуваат веројатноста од воведување нови мерки против него и неговите функционери. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаРазговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Во врска со најавата за донесување нов Кривичниот законик Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следниот став: Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Факт е дека најавата за нов Кривичен законик е чекор напред во борбата против политичката корупција, но апсолутно не дава одговор како да се спроведе правдата и исполнат очекувањата на граѓаните. Борбата против политичката корупција не смее да се сведе на гола реторика и обиди за перење совест за претходните гревови! Тоа што едни наводно изразуваат каење и ги оценуваат измените на Кривичниот законик во 2023 како грешка, а другите сега популистички најавуваат нова казнена регулатива која наводно ќе важела само за сегашните нивни функционери, а не и за претходните, не ја менува горчливата правосудна реалност. Мнозинството граѓани со право се сомневаат дека меѓу актуелната власт и опозиција постои договор за меѓусебна амнестија. Да не заборавиме дека измените на Кривичниот законик во септември 2023 се усвоија во итна постапка, водена со ЕУ знаме, немаше ниту еден амандман од тогашната опозиција која направи кворум на гласањето, указот беше веднаш потпишан од тогашниот претседател на државата, а иницијативата за испитување на уставноста на овие измени и барањето за времена мерка со која ќе се стопираше примената на овие одредби беше конечно запрена од Уставниот Суд на 25 февруари 2026. Со скандалозните измени на Кривичниот законик се намалија затворските казни за злоупотреба на службената положба што отвори можност за брзо застарување на кривичните дела сторени со политичка корупција, се избришаа одредби кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетувања на државниот Буџет. Проценката кажува дека околу 800 поранешни и сегашни носители на функции ги злоупотребуваат овие скандалозни измени на Кривичниот законик за ослободување од кривична одговорност. Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 дел од политичарите - пазарџии и објавија војна на правдата во Македонија. Заради иднината на државата сметаме дека е дојдено крајно време од декларативни заложби да се премине на дела. Тоа и го должиме на актуелната младина и на генерациите кои доаѓаат. Корумпираните политичари без разлика на етничка, верска и партиска припадност мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023. Затоа, предлагаме: После членот 112 од актуелниот Кривичен законик со кој се дефинира „незастарливост на кривични дела геноцид и воени злосторства“, да се додаде нов член 112-а со кој ќе се дефинира незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнат имот и за кривичните дела сторени од сите избрани и именувани лица како и од јавни и државни службеници во централната и локалната власт кои располагаат со буџетски средства и државен капитал а кои со незаконито однесување и политичка корупција стекнале противправна имотна корист. Со ваква законска интервенција ќе се испрати јасна порака дека никогаш повеќе нема да има ниту јавна ниту скриена амнестија за политичари; Во актуелниот Кривичен законик, во главата триесетта каде се дефинирани „кривични дела против службената должност“, во членот 359-а кој го дефинира кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“ да се зголемат минималните казни затвор и тоа од шест месеци на три години и од една на пет години, а максималните казни затвор да се зголемат од пет на десет години и од осум на петнаесет години; Конечно усвојување на посебен Закон за потекло на имот со кој ќе се создадат неопходните правни механизми за испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпадВо текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Опожарени се два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавни и собраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Центар. Воедно, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода, беа реализирани еко-предавања за правилно постапување со отпадот и придобивките од неговата примарна селекција. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 100 ученици од четвртите одделенија во училиштето.Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ФудбалВидео: Англија ја прекина импозантната серија без пораз на светскиот шампион Шпанија Меч за историја во Мадрид, – 60 минути совршенство, а потоа половина час драмаФудбалската репрезентација на Англија оствари една од најголемите победи во ерата на селекторот Томас Тухел, совладувајќи ја Шпанија со 3:2 во Лигата на нации, во Мадрид. „Гордиот Албион“ ја прекина неверојатната серија на актуелниот светски шампион од 43 натпревари без пораз. Германскиот селектор Тухел најави спектакл пред големото дерби во Лигата на нации, а неговите избраници го исполнија ветувањето на импресивен начин. Во првите 65 минути, Англија со висок пресинг и многу трчање целосно го надигра светскиот шампион Шпанија и стекна предност од 3:0. Хари Кејн им донесе водство на гостите од пенал, а Езри Конса и Бен Вајт дополнително ги шокираа домаќините. Играта на Англичаните беше особено импресивна, бидејќи со висок притисок целосно ја неутрализираа црвената фурија. Сепак последниот половина час од супер дуелот во Мадрид донесе драма. Фудбалерот на Англија Елиот Андерсон поради прекршок над Ламин Јамал во 65 минута доби црвен картон, што значеше почеток на драмата. Шпанската фурија со сите сили запопна канонада на голот на противникот и предноста на Англија почна да се топи. Микел Ојарзабал реализираше пенал, а Николас Вилијамс го намали резултатот на 3:2, на 15 минути пред крајот. Шпанија тргна по израмнување, но Англија издржа голем притисок, најмногу блгодарејќи му на одличниот голман Џејмс Трафорд кој беше брилијантен а одбраната на гостите покажа карактер и ја зачува големата победа.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter