САД ги запре иселеничките визи за 75 земји, меѓу нив и за Македонија - Канал 5

САД ги запре иселеничките визи за 75 земји, меѓу нив и за Македонија

Пауза а не целосен прекин на издавањето американски иселенички визи на македонски државјани – вака министерот Тимчо Муцунски ја коментира одлуката на Стејт Департментот да ги сопре иселеничките визи за 75 земји на неопределно време.

САД ги запре иселеничките визи за 75 земји, меѓу нив и за Македонија

Пауза а не целосен прекин на издавањето американски иселенички визи на македонски државјани – вака министерот Тимчо Муцунски ја коментира одлуката на Стејт Департментот да ги сопре овие визи на неопределно време за Македонија. Муцунски смирува - се работи на изнаоѓање на решение а за половина година граѓаните може да се изненадат од позитивни пресврти во визната политика со САД.

„Оставете малку на времето, оставете на нашата комуникација, на фактот што имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер и еве тоа што можам да го кажам е дека во следниот период, па можеби и во следните шест месеци, дополнително позитивно ќе се изненадите од тоа што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава односно да почнеме да затвараме прашања кои 20 години се обидуваме да ги затвориме. Точно е сме дискутирале зошто, некоректно е од моја страна да ги дадам аргументите кои доаѓаат од нивна страна. Да, не сме единствена земја членка на НАТО и регионот, која по прашањето на иселеничките визи е во оваа група, и ќе продолжи дискусијата во идниот период.“

Mуцунски уверува дека оваа одлука не влијае врз останатите видови на американски визи за македонски државјани.

„Приоритет на нашата држава во дел на визна политика со други држави, морам да бидам максимално искрен, не се иселеничките визи, туку визите насочени кон развојот на државата а тоа значи подобра визна политика за сопанственици, за научници, за студенти и сите наши граѓани и тука нема никаква промена во визната политика.“

Од Стејт Департментот изјавија дека целта на оваа одлука е да се спречи влез на странски државјани кои во САД би користеле социјални бенефиции, а според списокот кој го објави претседателот Трамп, 33% од имигрантите со македонско потекло користат државна помош. Веста ја коментираат и американските медиуми.

„Законот за имиграција на САД дозволува одбивање на визи или зелени карти ако се смета дека апликантот веројатно ќе стане првенствено зависен од владата за егзистенција, што првенствено е преку парична помош или долгорочна институционална грижа финансирана од владата.“

Сите евентуално депортирани македонски државјани од САД, Македонија има обврска да ги прифати назад во земјава, потенцираше Муцунски. Одлуката на Стејт Департментот важи за 75 земји меѓу кои и сите западно-балкански земји освен Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството лани постапило во случајот со продаденото бебе за 500 евра

Министерството за социјална политика, демографија и млади за конкретниот случај постапуваше во 2025 година, одговорија на прашањето на Канал 5 во случајот со продаденото бебе за 500 евра.

Министерството лани постапило во случајот со продаденото бебе за 500 евра

Надлежните служби односно Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во февруари/март 2025 година, за лице со иницијали Ф.А од Скопје, заведено како згрижувач во согласно со законските прописи ги спроведе сите постапки во интерес на децата.

Спроведен е инспекциски надзор, на лицето му престанува статусот на згрижувачко семејство, а децата кои биле згрижени во тоа семејство се згрижени во други згрижувачки семејства, исто така бебето кое било жртва на трговија со луѓе е згрижено.

Преземните дејствија се резултат на координирани меѓусекторски постапки од надлежни државни органи, се наведува во соопштениетот на Министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм

Иако се приближува кон својот 80-ти роденден, легендарниот Арнолд Шварценегер не покажува намера да забави, а камоли да се повлече од светот на филмот.

Арнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм

Откако неодамна се врати за две сезони од акционата серија на Нетфликс, ФУБАР, во која глуми заедно со ѕвездата од „Топ Ган: Маверик“, Моника Барбаро, Шварценегер веќе подготвува нов проект.

Иако публиката со децении дебатира за неговата најпозната улога, многумина ќе се согласат дека станува збор за научно-фантастичниот класик од 1984 година, филмот што ја лансираше една од најуспешните акциони франшизи на сите времиња.

Нов криминален трилер за „Прајм Видео“

Шварценегер ќе ги здружи силите со Лиам Хемсворт во новиот криминален трилер „Келис“, за кој правата ги обезбеди „Амазон МГМ“. Филмот нема да има кино-дистрибуција, туку ќе биде објавен на стриминг услугата „Прајм Видео“.

Заплетот следи еден посрамен њујоршки полицаец чија сопруга е киднапирана од терористи. За да ја спаси, тој е принуден да побара помош од своето семејство.

Режисер е Бред Пејтон, познат по соработката со Двејн Џонсон на филмовите „Rampage“ и „San Andreas“ и по научно-фантастичниот филм „Atlas“, кој го режираше за Netflix минатата година.

Премиерата се очекува најрано следната година

Доаѓањето на филмот „The Kellys“ се очекува најрано кон крајот на следната година, иако не е исклучено премиерата да биде поместена за 2028 година. Во меѓувреме, Шварценегер продолжува да работи на нови проекти, потврдувајќи дека нема планови да ја напушти филмската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Во наелектризирана атмосфера, во Собранието почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Долгонајавуваниот законот за правична и соодветна застапеност влезе во собраниска процедура – со часови трае расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците за законот кој треба да го замени балансерот. Предлагачот, пратеникот и вицепремиер Беким Сали, во Собранието порача дека со овој закон се прави историски чекор кон унапредување на рамковниот договор и дека правичната застапеност во институциите ќе се уредува законски, наспроти со Балансерот, кој го оцени само како дигитална алатка.

„Сакам да истакнам дека овој закон ја ужива поддршката на Советот на Европа, бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија, а препораките содржани во нејзиното мислење кои беа насочени кон подобрување на текстот се вградени во одредбите на овој закон. Законот го штити правото на слободно самозијаснување но го спречува неговото злоупотребување и доколку има таков обид, кандидатите ќе бидат одбиени со забрана да се пријават повторно за вработување за три месеци.“

Сепак, албанските партии од власта и опозицијата со спротивставени гледишта на овој закон. Според опозицискиот блок, кои жестоко се противат на ова решение, се нарушува рамковниот договор и уставниот поредок, и најавија дека ќе направат се што е во нивна моќ истиот да не се донесе. Од ВРЕДИ пак порачаа дека опозициските партии манипулираат со чувствата на албанските граѓани и дека законското решение ќе доведе до попрофесионални вработувања во институциите.

На матичната комисија и претходеше жолчна расправа во Комисијата за политички систем, каде власта и опозицијата се судрија околу тоа дали да се носи со мал или голем бадентер - со 11 гласа за и двајца против, надвладеа ставот, тој да се донесе со мал бадентер, што значи мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

„Посакувам денешниот ден да не биде официјално почетокот на уништувањето на унитарниот систем на државата, бидејќи овој систем е можеби дојдено време и да се смени, бидејќи евидентно многу грешите ако не сметате за наивни.“

„Зошто се плашите, јас не знам од каде ви е оваа паника или тенденцијата ваша е да создате на секоја седница, на секоја комисија да имате шоу, драми и театар.“

„Вие донесувате закон кој ни го продавате како да живеете во Скандинавија.“

Пред да дојде на гласање на пленарна седница, законот ќе оди на јавна расправа.

<iframe allowfullscreen="" frameborder="0" height="315" src=

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер