САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан - Канал 5

САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан

Американската влада објави дека ги укинува сите американски визи издадени на граѓаните на Јужен Судан.

САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан

Причината е неисполнетата заложба на преодната влада на Јужен Судан да ги прифати назад граѓаните на земјата што ги врати Вашингтон.

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека администрацијата е подготвена да ја разгледа таа одлука штом Јужен Судан му даде целосна соработка на Вашингтон по ова прашање.

-Јужен Судан не го почитуваше принципот дека секоја земја треба веднаш да ги прифати своите граѓани вратени од други земји, вклучително и САД, истакна Рубио.

„Веднаш стапува во сила одлуката на Стејт департментот на САД да ги суспендира визите на секој што има државјанство на Јужен Судан со цел да се спречи влез на лица со такво државјанство на територијата на САД“, се вели во соопштението на државниот секретар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, денеска беше официјално презентиран. 

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Станува збор за иницијатива што треба да ја поврзе домашната научна заедница, државните институции и приватниот сектор со европската инфраструктура за развој на вештачка интелигенција.

На промоцијата беше истакнато дека „Везилка“ не претставува самостојна „фабрика за вештачка интелигенција“, туку таканаречена „АИ антена“ – национален центар поврзан со европската АИ фабрика „Фарос“ во Грција. Преку ова партнерство, македонските истражувачи, стартапи, компании и јавни институции ќе добијат пристап до европски суперкомпјутерски капацитети, вклучително и суперкомпјутерот „Даедалус“, како и до напредни бази на податоци и специјализирани алатки за развој на модели со вештачка интелигенција.

Проектот чија реализација е планирана за три години, има вкупен буџет од околу 6,2 милиони евра. Од нив, приближно 3,1 милиони се обезбедени како грант од Европската Унија додека останатите средства се кофинансирани од државата.

„Везилка“ е вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании. Тоа е и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет - Христијан Мицкоски- претседател на владата

проектот претставува историски чекор во дигиталниот развој на државата и обид да се изгради траен систем, наместо да се реализираат поединечни и краткорочни проекти, посочи министерот Андоновски.

Целта на Везилка,се конкретни решенија базирани на вештачка интелигенција – од македонски јазични модели и дигитализација на културното наследство, до анализа на здравствени податоци, оптимизација на енергетските системи, автоматизација на административните услуги и примена на паметни технологии во земјоделството.

Покрај истражувачката компонента, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на кадри..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетина колапси на јавни места за неполни 40 часа - „вжештена“ линијата на 194

На речиси еден саат по еден колабиран на улица.

Десетина колапси на јавни места за неполни 40 часа - „вжештена“ линијата на 194

Од утрово до пладне Брза помош интервенирала за четири колапси, а исто толку имало и во вчерашната дневна смена. Лекарите од службата велат дека деновиве се повеќе граѓани се јавуваат на 194 барајќи совет како да си помогнат за да можат да „го изгураат денот“ поради вртоглавици, болки во пределот на слепоочниците и омалаксаност. Симптоми на метеоропатија чувствуваат и млади и здрави луѓе, вели Д-р Елена Пиловска која појаснува дека топлото и променливо време, особено пред невреме, знае да направи силни промени во општото здравје.

Метеоролошките улови не влијаат само на физичкото здравје, туку може да доведат до голем пад на концентрацијата, затоа во кога има високи температурни разлики и промени во атмосферскиот притисок се препорачува зголемена внимателност, особено зад воланот.

Освен да се пие голема количина на вода и да се внесува полесна храна, овошје и зеленчук, лекарите препорачуваат да се користи секој слободен миг и да се замине на планина, во природа богата со кислород, односно да се вдише чист и незагаден воздух.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер