Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
2Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
СветСАД ги убалажуваат санкциите против Сирија Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги ублажи санкциите кон Сирија, што беше поздравено од привремените сириски власти.Минатата недела, Трамп вети дека ќе ги суспендира санкциите за да ѝ помогне на Сирија да се опорави од разорната граѓанска војна. Министерот за финансии Скот Бесент соопшти дека ублажувањето на санкциите е со цел да се поттикнат нови инвестиции во Сирија и да се поддржи патот на земјата кон мир и стабилност. - Сирија, исто така, мора да продолжи да работи кон тоа да стане стабилна земја што ќе живее во мир, а денешните мерки, се надеваме, ќе ја стават земјата на патот кон светла, просперитетна и стабилна иднина, изјави Бесент. Санкциите беа воведени од САД и други земји по граѓанската војна што избувна под водство на поранешниот претседател Башар ал-Асад. Неговиот режим беше соборен на почетокот на декември од страна на исламистички бунтовнички сојуз. Според Министерството за финансии на САД, олеснувањето на санкциите ќе овозможи нова економска активност, вклучително и финансиски услуги и трансакции поврзани со нафта и нафтени производи со потекло од Сирија. Министерството соопшти дека ќе бидат дозволени и договори со новата сириска влада, привремениот претседател Ахмед ал-Шара, сириската централна банка и други финансиски институции. Сепак, остануваат во сила санкциите за трансакции што им користат на Русија, Иран или Северна Кореја. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека санкциите ќе бидат суспендирани 180 дена за да се осигури дека ограничувањата нема да ги блокираат инвестициите фокусирани на стабилноста во Сирија. - Овие отстапки ќе го олеснат обезбедувањето струја, енергија, вода и ќе овозможат поефикасен хуманитарен одговор низ цела Сирија, рече Рубио. Министерството за надворешни работи на Сирија го поздрави укинувањето на санкциите. - Ова е позитивен чекор во вистинската насока за ублажување на хуманитарните и економските страдања во земјата, се вели во соопштението од сисриското МНР.Тагови: САД Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Куклица“Определен е притвор за 41-годишната кратовка што пред два дена беше приведена поради физички напад врз посетители на локалитетот „Куклица “. Станува збор за жената која извесен период нелегално наплаќаше влез во локалитетот во кратовско, кој е прогласен за споменик на природата. Од обвинителството посочуваат дека и покрај сите преземени мерки, осомничената продолжила да го узурпира локалитетот, неосновано да им наплаќа влезници на посетителите. „При последниот инцидент, осомничената презела и дејствија на кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие ,односно таа физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат“,велат од обвинителството. Од МВР вчера информираа дека 41-годишната била приведена попладнето на 2 август откако било пријавено дека физички нападнала повеќе посетители на локалитетот „Куклица“.Тагови: Куклица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook