Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
СветСАД ги откажаа санкциите кон ИранСоединетите Американски Држави ги откажаа санкциите кон Иран за 60 дена по првите разговори во рамките на мировниот договор а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „ќе направи што мора“ ако Иран не се држи до својата страна од договорот.Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека разговорите со иранските претставници во Швајцарија поставиле добра основа за конечен мировен договор, иако Иран негираше дека започнал дискусии за својата нуклеарна програма.двете страни, обидувајќи се да го надоградат привремениот договор што го потпишаа минатата недела, се согласија кон траен договор во рок од 60 дена на разговорите во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток, тие, исто така, се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан меѓу сојузникот на САД, Израел, и Хезболах, кој е поврзан со Иран, и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ Ормутскиот теснец, со цел да се избегне конфликт во стратешкиот воден пат.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
БалканБугарија ги блокираше санкциите на ЕУ за рускиот Патријарх КирилЕвропската Унија не успеала да договори санкции за рускиот Патријарх Кирил откако Бугарија ставила вето на предлогот на состанок што се одржал зад затворени врати, изјавија извори за „Јуроњуз“. Бугарија се спротивставила и на казнувањето на Вагит Алекперов, руски милијардер со врски со Кремљ и „Лукоил“. Двете имиња биле тргнати од предлог-листата за санкции на вчерашен вонреден состанок на евроамбасадорите, на кој требало да се постигне конечен договор. Ова, сепак, било очекувано, откако бугарскиот премиер Румен Радев минатиот месец јавно потврди дека ќе стави вето. „Каква порака испраќаме кога ги прошируваме санкциите и војната во сферата на религијата? Дали сфаќаме каде води ова?“, рекол Радев, според неколкумина дипломати. Кирил беше обвинет за ширење ревизионистичка пропаганда за да ја оправда војната во Украина. Под негово водство, Руската православна црква одобри документ кој повикува на уништување на украинската независност и ја опишува инвазијата како света војна. ЕУ првпат се обиде да го стави Кирил на црната листа во 2022 година, но ова беше блокирано од Унгарија. „Ерата на крстоносните војни заврши. Не ме интересира рускиот патријарх како поединец. Ме интересира фактот дека тој е шеф на Руската православна црква, која е источноправославна, исто како и нашата црква. Загрижен сум за милионите луѓе кои припаѓаат на таа црква“, кажал Радев. За ветото на санкциите за Алекперов, Радев рекол дека „тоа би било како да си пукаме во нога“, откако „Лукоил“ побара отштета од три милијарди евра поради одлуката на бугарската влада за преземање на рафинеријата „Нефтохим“ во Бургас.Тагови: Бугарија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаСДСМ: Наркодилерот Цуната е пуштен да избега, СДСМ бара одговорност од ТошковскиНаркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со Пулс, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега. Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар. Затоа Панче Тошковски не се менува, за да ги штити криминалците на власта. Ова не е обичен пропуст туку сериозен безбедносен скандал што отвора сомнежи за сериозни злоупотреби и ја потврдува спрегата на ВМРО со криминални структури. СДСМ бара одговорност и оставка од Тошковски па до сите инволвирани во овој скандал. Истиот Тошковски во чиј мандат поминаа пет тони дрога преку македонската граница без одговорност. Истиот Тошковски кој ветуваше „брат да ми е, ќе одговара“, а денес наркодилери бегаат од полициски станици и намерно се пуштаат преку граница за никој од власта да не одговара. Панче – оставка! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЈаник Рение: Прв пат доаѓам во Македонија на фестивалот „Преку езерото“ и многу ми се допаѓаБелгискиот актер Јаник Рение на денешната прес конференција во Дојран рече дека ги гледал другите филмови на Елен Кате и Бруно Форцани додека се подготвувал за улогата во филмот „Одразот во мртвиот дијамант“. -Кастингот е мошне важен во секој филм, мора да се разбираме меѓу себе додека работиме и јас навистина уживав додека го работев филмот. Станува збор за доверба, не може се да контролираме и затоа мора да си веруваме, рече актерот додека објаснуваше како течело снимањето на белгискиот филм. „Одразот во мртвиот дијамант“ во режија на Елен Кате и Бруно Форцани публиката на фестивалот „Преку езерото“ можеше да го види синоќа во рамките на главната селекција. -Многу сум среќен што сум овде. Ова е прв пат да дојдам во Македонија и многу ми се допаѓа, рече Јаник Рение синоќа по проекцијата на филмот во кој ја толкува главната улога. Денеска во рамките на програмата на фестивалот се одржа работилница за регулирање на авторските права на Катерина Антевска. -Работилницата беше посветена на унапредување на знаењата за заштитата на авторските права во современото опкружување. Учесниците имаа можност да се запознаат со основните принципи на авторското право, правата и обврските на авторите на аудиовизуелните дела, значењето на договорите во филмската продукција, како и најчестите предизвици поврзани со користењето на делата. Посебен акцент беше ставен на заштитата на авторските права во дигиталната средина. Злоупотребите, механизмите за отстранување на нелегално објавени содржини и европските стандарди за заштита на креативците, вели Антовска и посочува дека целта на работилницата е да се поттикне развојот на култура на почитување на авторските права, како и да се охрабрат младите режисери и филмски автори навреме да ги препознаваат и заштитуваат своите права во текот на целиот креативен процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter