3Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“, Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор
ЖивотСАД: Државен службеник им наредил на работници да не им помагаат на гласачи на Трамп по ураганНадзорник на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) е отпуштен затоа што им кажал на вработените кои им помагаат на жртви да ги заобиколат домовите со натписи за поддршка на Доналд Трамп.Шефицата на агенцијата Дин Крисвел рече дека постапките на надзорникот се за осуда, нагласувајќи дека ФЕМА сериозно ја сфаќа својата мисија да им помогне на сите пред, за време и по катастрофи. Крисвел не прецизираше кога и каде се случил инцидентот. Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис изјави дека Одделот за управување со вонредни состојби ќе почне истрага. ДеСантис ја нарече ситуацијата насочена дискриминација на поддржувачите на Трамп во Флорида. Персоналот на ФЕМА беше во Флорида и им помагаше на жителите по ураганот Милтон минатиот месец. Персоналот мораше да ја испита штетата на домовите за да процени кој има право да аплицира за федерална помош. Дејли Вајр во петокот соопшти дека персоналот на ФЕМА ги проверувал домовите во Лејк Плесид кога им било наредено да ги прескокнат имотите што во дворовите имале табли со името или слоганот на Трамп. Крисвел нагласи дека ќе продолжи да прави се што може за да се погрижи тоа никогаш да не се повтори. Конгресменот Џејмс Комер најави дека ќе ја повика Крисвел на сослушување пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом. Флорида во изминатите неколку месеци беше погодена од два големи урагани. Најмалку 24 луѓе загинаа за време на Милтон, што остави милиони домови и бизниси без струја. Две недели пред Милтон, ураганот Хелена стана најсмртоносната бура што стигнала на копно во САД од Катрина. Повеќе од 200 луѓе загинаа, главно во Северна Каролина, каде беа уништени цели заедници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 6165 кубни метри отпад од диви депонии во текот на месец јуниВо текот на месецот јуни, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 6165 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.Расчистени се повеќе обемни диви депонии лоцирани во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. Во општината Гази Баба е интервенирано на улицата Перо Наков и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 кубни метри отпад, додека во општината Ѓорче Петров се подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улицата Лихнида и во Новоселски пат. На територијата на скопската општина Бутел, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 155 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад. Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира и 14 030 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со секојдневно машинско миење на скопските булевари и улици, со употреба на автоцистерни. Седум дена во неделата, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење и миење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45
ФудбалДалиќ емотивен по елиминацијата: „Малите направија чудо двапати, сега не смеат“ Хрватската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство со пораз од Португалија (1:2) во осминафиналето, а селекторот Златко Далиќ не го криеше своето разочарување по елиминацијата.На прес-конференцијата, тој беше видливо емотивен, истакнувајќи дека неговиот тим не заслужува таков епилог и дека одлуките на судијата оставиле горчлив впечаток. „Прво, им честитам на Португалија и им посакувам многу среќа во остатокот од натпреварувањето. Планот за првото полувреме беше да ја зачуваме мрежата, но не сакавме да се браниме толку ниско. Успеавме да издржиме без да примиме гол. Во продолжението целосно ја презедовме контролата, создадовме многу шанси и мислам дека не го заслуживме овој резултат. Можам само да им честитам на моите играчи. На претходните две големи натпреварувања имавме малку среќа во одредени моменти“, рече Далиќ. Тој беше особено незадоволен од судењето и од критериумите на судијата за време на натпреварот. „Судењето беше многу лошо. Не ги добивме прекршоците или прекините што ги заслуживме. Сепак, Хрватска загуби и немаме право премногу да коментираме. Жал ми е“, изјави селекторот. Најголемо внимание привлече неговата изјава за иднината на хрватската клупа, која за многумина звучеше како најава за негово заминување. „Она што го постигнавме во изминатите години е неверојатно. Остваривме резултати што долго ќе се паметат и доживеавме многу убави моменти. Мислам дека дојде крајот на една ера. Време е за нови почетоци. Малите двапати направија чудо, но сега не смеат“, рече емотивниот Далиќ, без да потврди дали навистина ќе ја напушти селекторската функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“Премиерот Мицкоски утринава се обрати на настанот„Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, во организација на канцеларијата на ОН.Премиерот Мицкоски утринава се обрати на настанот„Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, во организација на канцеларијата на ОН во соработка со Стопанската комора и министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook