ЖивотСАД доделуваат 20 милијарди долари кредит за Украина обезбеден од замрзнатите руски резерви Американскиот претседателот Џо Бајден изјави дека САД ќе обезбедат за Киев кредит во износ од 20 милијарди долари од каматите добиени од замрзнатите руски резереви на Запад поради агресијата на Москва врз Украина.Групата на седум најразвиени демократии (Г-7) гарантира дека руските странски резерви во западните банки и финансиски институции кои се во износ од околу 300 милијарди долари, ќе останат замрзнати сè додека Русија не ја прекине својата агресија и не плати репарации за нанесените штети. Украина треба да добие вкупно 50 милијарди долари кредит. Дваесетте милијарди долари се делот на САД. Вашингтон планира до декември да ја префрли целата сума во доверителен фонд на Светската банка која ќе ги менаџира средствата. Останатите 30 милијарди доаѓаат од партнерите во Г-7, вклучувајќи ја ЕУ, Велика Британија, Јапонија и Канада. -Ова е уникатна ситуација. Никогаш претходно мултилатерална коалиција не замрзнала средства на земја агресор и потоа ја искористила вредноста на тие средства за да ја финансира одбраната на засегнатата земја, притоа почитувајќи го владеењето на правото и одржувајќи солидарност, изјави синоќа Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за безбедност во Белата куќа. „Русија нема да победи во овој конфликт. Ќе победи народот на Украина, изјави претседателот Џо Бајден. Тој додаде дека со ова „Владимир Путин уште еднаш е потсетен дека светот се обедини околу Украина и дека САД и нашите партнери од Г-7 ќе продолжат да ја поддржуваат на секој чекор.“ Од Белата куќа изјавија дека овие кредити ќе го поддржат народот на Украина додека ја брани и обновува својата земја, „и ова е уште еден пример како војната на агресија на Путин само ја обедини и зајакна решеноста на земјите од Г-7 и нашите партнери да ги бранат заедничките вредности“. Министерката за финансии Џенет Јелен претходно изјави дека сојузниците од Г-7 и ЕУ се „многу блиску“ до завршување на активностите околу кредитите за Украина во вкупен износ од 50 милијарди долари обезбедени со замрзнати руски средства. Во вторникот, законодавците на Г-7 и ЕУ го одобрија користењето на замрзнатите руски средства за обезбедување на кредитот. Говорејќи на почетокот на годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, Јелен изјави дека е уверена дека руските суверени средства ќе останат замрзнати, и покрај потребата оваа мерка да се продолжува на секои шест месеци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16