САД бараат од Израел да ја одложи копнената офанзива, додека траат преговорите за заложниците

Американската влада и одредени членки на Европската унија вршат притисок врз Израел да го одложи почетокот на копнената офанзива на Појасот Газа со цел да се обезбеди ослободување на уште повеќе заложници киднапирани од Хамас во нападот на 7 октомври.

Според агенцијата Блумберг, Израел, кој е подготвен за копнена офанзива и има неколку стотици илјади војници и стотици тенкови и оклопни возила на границата на Појасот Газа, се согласил да го одложи издавањето на наредбата за пробив на војниците.

Како што изјавија за Блумберг неколку упатени извори, не се знае колку долго Израел ќе се воздржува и кога ќе започне голема воена операција на израелските одбранбени сили, која се очекува да донесе уште повеќе цивилни жртви. Хамас, кој владее со Газа, зароби околу 200 израелски цивили и војници, меѓу кои и неколку десетици американски државјани.

„Вашингтон е вклучен во тајни преговори за ослободување на заложниците, кои се водат со посредство на Катар“, објави Блумберг.

Вчера вечер, сосема неочекувано, Хамас ослободи двајца заложници, американски државјанки - мајката и 17-годишната ќерка Џудит Таи Ранан и Натали Ранан. Израелската страна тврди дека нивното ослободување е всушност последица на силниот притисок врз Хамас. Од 7 октомври, Израел изврши илјадници воздушни напади низ Појасот Газа, каде што живеат околу 2,3 милиони Палестинци на 365 квадратни километри, и во кои загинаа повеќе од 4.100 луѓе, а над 12.000 беа ранети.

Министерството за надворешни работи на Катар го нарече ослободувањето на двете заложнички „пробив“ и резултат на повеќедневната континуирана комуникација меѓу сите инволвирани страни.

– Ќе го продолжиме дијалогот со Хамас со надеж дека сите цивили, без разлика на националноста и државјанството, ќе бидат ослободени – изјавија катарските власти.

Белата куќа постојано ја повторува својата безрезервна поддршка за Израел, што беше потврдено со минатонеделната посета на претседателот Џо Бајден, но приватно претставниците на Вашингтон бараат од Израел максимална претпазливост во однос на цивилните жртви.

- Израел мора да има стратегија и план, а не само тактички воен маневар. Очекуваме Израел да го почитува меѓународното хуманитарно право - изјави еден функционер кој сакаше да остане анонимен.

Блумберг наведе и дека САД во соработка со Израел веќе размислуваат за создавање на нова администрација во Газа, која треба да има поддршка од ОН и околните арапски земји.

Израел соопшти дека Хамас киднапирал 203 цивили и војници за време на нападот и дека 20 од киднапираните биле на возраст под 18 години, додека меѓу десет и 20 биле над 60 години. Волстрит журнал пишува дека преговорите меѓу Хамас од една страна и САД и Израел од друга страна, под покровителство на Катар, дошле во ќорсокак и дека Вашингтон и Тел Авив побарале ослободување на првата група од 50 заложници.

Во замена за нивното ослободување, Хамас побарал „привремено запирање на бомбардирањето на Газа, продолжување на снабдувањето со вода и забрзување на испораката на хуманитарна помош“. Извори блиски до преговарачите тврдат дека веројатно нема да се постигне договор. Непознат број израелски војници се меѓу киднапираните. Високиот функционер на Хамас Калед Мешал побара ослободување на 6.000 Палестинци и мажи и жени затворени во израелските затвори во замена за затворениците во Газа. Шефот за политички и меѓународни односи на Хамас, Басем Наим, за Sky News изјави дека не знае колку од киднапираните се уште се живи бидејќи комуникациите биле прекинати поради „силното бомбардирање“.

Во Египет беше организиран самит за кризата во Газа, но поради непристигнувањето на клучните играчи, тој беше однапред осуден на неуспех во однос на прекинот на огнот.

Набрзина свиканиот мировен самит во Каиро ги собра лидерите на неколку арапски и европски земји, заедно со бројни министри за надворешни работи. Во него не учествуваат претставници на Хамас, Израел, САД и Иран.

Првиот конвој со хуманитарна помош што вчера влезе во Појасот Газа не треба да биде последен, предупреди во Каиро шефот на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс.

Вкупно 20 камиони со помош од Египет влегоа во Газа, која е под опсада и гранатирање на Израел.

- Убеден сум дека оваа испорака ќе биде почеток на постојан напор за снабдување со основни добра, пред се со храна, вода, лекови и гориво за жителите на Газа, на безбеден, безусловен начин, без пречки - рече тој.

Камионите содржеле храна и медицинска помош, но не и гориво, кое е неопходно во Појасот Газа, чија единствена електрана не работи.

- Француската воена разузнавачка служба ДРМ објави дека експлозијата во болницата во Газа не е резултат на израелски напад, туку дека најверојатно причината е неисправна палестинска ракета.

- Израелскиот Канал 12 објави дека шефовите на разузнавачките служби имаат индиции дека се очекува напад на Хамас, но дека тие мислеле дека ќе биде помал по обем и не ги информирале воените претставници.

– Израелскиот министер за одбрана рече дека неговата земја повеќе не сака да биде одговорна за настаните во Газа.

Мицкоски за владата во заминување: Не може со својот народ да работат со манипулации

Јас во една прилика кажав дека професорката Силјановска во вториот круг очекувам да има повеќе од 500.000 гласови, а дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55 плус пратеника. 

И тоа се случи, исто како за првиот круг се случи тоа што се случи со Силјановска и мислам дека народот си го кажа своето, граѓаните си го кажаа своето, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само интервју“.

Мицкоски во текот на своето гостување зборуваше за власта во заминување и истакна дека не може никој ниту со државата, ниту со народот континуирано преку гимнастики и политички инжињеринг да функционира.

-Не можете со една држава и со еден народ, без разлика од која етничка припадност доаѓа континуирано преку гимнастики, политички инжињеринг да функционирате. И тоа се виде вчера, рече Мицкоски и додаде:

-На тоа предупредувавме ние со месеци би рекол и со години. Јасно беше уште после локалните избори во 2021 дека мора да има промени во Mакедонија, мора да дојде до промена на владината структура.

Сменет е украински министер и заменикот на премиерот

Украинскиот парламент денеска донесе одлука за разрешување на двајца високи функционери кои имаа клучни ресори за воената економија, вицепремиерот за инфраструктура и министерот за земјоделство.

Мнозинството од 272 пратеници гласаа за смена на вицепремиерот Олександар Кубраков, кој ја надгледуваше програмата за реконструкција и се залагаше за напорите за обновување на водните патишта на Црното Море за време на де факто руската блокада.

Кубраков на Фејсбук соопшти дека за него не се разговарало однапред за разрешувањето и дека не му била дадена можност да го одбрани мандатот на пратеничка презентација.

Претставниците ја прифатија и оставката на министерот за земјоделство Микола Солски, против кого се води истрага за наводна вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште, но 44-годишникот ги негира обвинувањата.

Владата сега има пет празни министерски места, рече Олексеј Хончаренко, претставник од опозициската партија Европска солидарност.

Во актуелната влада има повеќе од 20 министерски ресори.

Со оглед на тоа што овој месец му завршува петгодишниот мандат на Зеленски, а поради војната не се закажани избори, некои политичари го повикаа наместо тоа да формира влада на национално единство.

Мицкоски: Историски резултат за ВМРО-ДПМНЕ што обврзува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 по вчерашните претседателски и парламентарни избори и убедливата двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека резултатот е историски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 по вчерашните претседателски и парламентарни избори и убедливата двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека резултатот е историски, но и обврзувачки за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ за реформирање и исполнување на ветените проекти.

Истовремено очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е не запаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко понатаму би се повторил, рече тој.

На прашањето дали Изет Меџити ќе биде новиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека со освојување на 107.000 гласа, коалицијата ВРЕДИ го потврдила својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Со резултатот кој што го направија од ВРЕДИ со 107.000 гласа ценам дека тие го потврдија својот кредибилитет и тие можат да бидат кредибилен партнер во идната влада која што ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и јас како мандатар, потенцираше Мицкоски.

притисни ентер