За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
1За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
МакедонијаСабри Азири му се обрати на Бујар Османи: Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир?Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им попобара прошка на семејствата од Скопје што беа прогласени за ‘монструми’?Портпаролот на изборниот штаб на коалицијата VLEN за општина Чаир, Сабри Азири, денеска на прес-конференција повторно упати обвинувања кон кандидатот на АКИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во врска со неговите последни изјави и негирањето на она што се случи во случајот „Монструм“. ”Постојат луѓе кои мислат дека меморијата на еден народ е кратка, дека болката се заборава, дека неправдите се покриваат со прашина и дека по секој изборен циклус можат повторно да се појават како спасители. Но овојпат не поминува и не е може така. Во една нормална држава, по сè што се случи со случајот „Монструм“, Бујар Османи одамна ќе се повлечеше од политиката и јавно ќе побараше прошка и извинување. Но, наместо тоа, тој повторно излегува пред вас и бара гласови, овојпат за да го води Чаир. Да, Чаир! Истиот тој Чаир каде што живеат семејствата кои ја почувствуваа тежината на неправдата што тој ја одобри, истиот Чаир каде што мајките плачеа за своите невини синови, додека тој, тогаш како портпарол на ДУИ, настапуваше на телевизија и изјавуваше: „Врз основа на доказите, ние го одобривме апсењето на семејствата“. Кои докази, господине Османи? Кој ви ги дал? И според кој закон можете политички да „одобрувате“ судски постапки?”, прашуваше денес портпаролот Азири. Според Азири, како може да се бара гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им е побарана прошка на скопските семејства што беа прогласени за „монструми“. ”А денес, кога новинарите ве прашуваат за тоа време, вие велите „Не бев министер, бев доктор во клиника“. Но јавноста добро знае дека тогаш не бевте само доктор туку бевте портпарол на ДУИ. А тоа значи дека не бевте обичен граѓанин, туку гласот на власта што го оправдуваше монструозниот процес. Не требаше да бидете министер за да имате одговорност доволно беше да зборувате во име на оние што ја бранеа неправдата. Логично прашање: Oд сите Албанци во Македонија, од сите функционери во Македонија зошто баш вие бевте миленикот кој одобруваше апсење на невини албанци? И сега, истиот човек повторно се појавува во Чаир, со говори за еднаквост, достоинство и против корупцијата. Но достоинството не се мери со говори, господине Османи. Достоинството започнува со каење. А вие, цели тринаесет години, не најдовте ниту храброст ниту човечност да побарате прошка. И ако навистина имате храброст да зборувате за правда пред граѓаните на Чаир, тогаш кажете им како токму како заменик-премиер успеавте вашето име да исчезне од предметот „Пациент“? Случај во кој името на Бујар Османи, кое првично се спомнуваше во предметот, одеднаш исчезна, како некој намерно да го избришал за да ја награди тишината во вистинскиот момент”, истакна Азири. Понатаму, Азири рече дека Чаир е симбол на албанското достоинство, а не трамплин за политичка кариера. ”На првата моја прес-конференција зборував како во четири часот наутро специјалците упаднаа во нашата куќа без судски налог, како нè одведоа без причина и потоа бараа „правна покривка“ затоа што влегле во погрешна куќа. На втората, ве потсетив дека истиот човек што денес зборува за достоинство од тогаш кога одобрил апсење на невини албанци почна да му цветa политичката кариера. Како можете да барате гласови од граѓаните на Чаир кога никогаш не сте побарале прошка од семејствата на Скопје који што беа прогласени за „монструми“? Како можете да зборувате за правда кога бевте дел од неправдата? Како можете да барате доверба кога молчевте за вистината? Чаир е симбол на албанското достоинство, не отскочна даска за политичка кариера. Затоа, господине Османи, ова не е само политичка трка ова е испит на совеста. Зашто никој што не побарал прошка за неправдата не може да бара гласови во име на правдата. Чаирчани добро ја знаат разликата меѓу збор и дело. Знае кој молчеше кога требаше да зборува и кој зборува денес кога одамна требаше да замолчи. И овојпат, одговорот ќе дојде од граѓаните, со една едноставна, но праведна реченица: Доста беше, нема гласови за тие кои што од позиција на моќ ги казнија и им наштетија на албанците”, рече за крај Азири, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интересиЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата. Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите. ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци. Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата. Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок. Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии. Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите. Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници. Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии. Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници. Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава. Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака. Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости. Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки. Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ. Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти. На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации. Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите. За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава. Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења. Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook