Сабаленка против пет сетови во женскиот тенис - Канал 5

Сабаленка против пет сетови во женскиот тенис

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка изјави дека се противи на воведување формат на натпревари од пет сета во женскиот тенис на грен слем турнирите.

Сабаленка против пет сетови во женскиот тенис

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка изјави дека се противи на воведување формат на натпревари од пет сета во женскиот тенис на грен слем турнирите, како што е тоа случај во машка конкуренција, бидејќи верува оти таквата промена значително би го зголемило ризикот од повреди.

„Веројатно физички сум еден од најсилните тенисерки, па можеби тоа би ми одговарало. Но, не мислам дека сум подготвена да играм пет сетови“, рече Сабаленка откако вчера победи во два сета во првото коло на Вимблдон.

Во женскиот тенис, сите натпревари се играат до два добиени сета, додека во машка конкуренција, грен слем турнирите се играат до три добиени сета, а на другите турнири до два.

Иако нема сериозна иницијатива за промена на форматот, прашањето дали жените треба да играат пет сетови во грен слем финалињата повремено се поставува во јавноста.

„Мислам дека е премногу за женското тело. Не сме подготвени за толку многу тенис и верувам дека тоа би го зголемило бројот на повреди. Тоа не е опција за која треба да размислувам“, додаде Сабаленка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на средби со конгресмени на САД во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на одвоени средби, се сретна со конгресмените Кит Селф и со конгресменката Клаудија Тенеј.

Мицкоски на средби со конгресмени на САД во Вашингтон

„Денеска остварив средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави.“

„Остварена средба со конгресменката Клаудија Тенеј од републиканската партија, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД.

На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји.

Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка.“, објави на ФБ премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неда Украден на 76 години, објави снимки од одморот: Не ѝ треба фотошоп (ФОТО)

Неда Украден привлече внимание со нови фотографии од одмор. 

Неда Украден на 76 години, објави снимки од одморот: Не ѝ треба фотошоп (ФОТО)

76-годишната пејачка позираше во виолетов костим за капење во џакузи на Ртањ, а објавата брзо предизвика бројни реакции од нејзините следбеници.

Комплиментите брзо почнаа да се редат во коментарите. Следбениците ѝ велеа дека изгледа одлично и го пофалија нејзиниот изглед и енергија, но не сите беа подеднакво воодушевени.

Некои коментатори се сомневаа дека фотографиите се дополнително обработени. „Не е потребен фотошоп“, ѝ рече еден следбеник, додека други коментираа и за можната употреба на филтри и уредување фотографии.

Неда Украден претходно објавуваше фотографии од одмори и во костими за капење на социјалните мрежи, а нејзиниот изглед често предизвикува голем број реакции од нејзините следбеници.

Неодамна го прослави својот 76-ти роденден

Пејачката го прослави својот 76-ти роденден на крајот на август. Родена е на 16 август 1950 година во Имотски, а во текот на својата децениска кариера сними бројни хитови и остана една од најпрепознатливите пејачки на регионалната музичка сцена. Повеќе од 400.000 луѓе ја следат на Инстаграм, со кои редовно споделува фотографии од настапи, патувања и приватен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаштаров сепак ќе игра за Македонија, Србите ја намалија еуфоријата

Откако периодов во фокусот на јавноста во Србија е Матеј Гаштаров со првотимскиот статус во Црвена Звезда, автоматски започна со приказната и за потенцијален негов „репрезентативен“ трансфер од Македонија во Србија.

Гаштаров сепак ќе игра за Македонија, Србите ја намалија еуфоријата

Како што е добро познато, Гаштаров е младински репрезентативец на Македонија со официјален повик за А репрезентацијата од денеска со официјализирање на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните мечеви во Лигата на Нациите.

Сепак, откако Гаштаров стана првотимец на Звезда, го доби пасошот на Србија, но со причина. За да може да биде „џокер“ У21 играч за тимот. Само, и исклучиво поради тоа и стартуваа шпекулациите за негово преселување во дресот на Србија. Еден од водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Србија, Ранко Стојиќ пред десетина дена во едно интервју јавно кажа дека ќе се обидат да го преусмерат Гаштаров, но на сите тие шпекулации денеска им дојде крајот.

Селекторот Седлоски и официјално го повика Гаштаров, и објасни дека во личниот разговор со играчот на Црвена Звезда јасно е ставено до знаење за кого Гаштаров планира да игра.

Медиумите во Србија неволно ја пренесоа попладнево таа информација, очигледно сметајќи го ова за некаков си неуспех. Со кој што ќе мора да се помират очигледно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер