Сабаленка објави жешки снимки на плажа- момчето милионер не ги симнува рацете од неа (ФОТО) - Канал 5

Сабаленка објави жешки снимки на плажа- момчето милионер не ги симнува рацете од неа (ФОТО)

Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка, конечно ужива во животот, по тешкиот период што се случи пролетта, кога нејзиното поранешно момче се самоуби скокајќи од 24 кат од хотел во Мајами.

Сабаленка објави жешки снимки на плажа- момчето милионер не ги симнува рацете од неа (ФОТО)

Таа неодамна го освои УС Опен, што беше нејзина трета Грен слем титула во кариерата и прв голем турнир по Австралија Опен, кој го освои двапати.

После тоа, таа заслужено замина на одмор да ги наполни батериите, а друштво ѝ правеше и нејзиното момче Јоргос Франгулис, бразилски бизнисмен со грчко потекло, кој има интересна спортска и животна приказна.

Сабаленка објави фотографии на кои ужива со својата „посилна половина“, која исто така се обидела да и направи фотографии на Инстаграм кои ќе ѝ бидат убав спомен.

Белорусинката објави и неколку фотографии во бикини, кои особено ја скокоткаа фантазијата на нејзините следбеници.

Милионерот со кого е во врска не ја испушти на неколку фотографии, што покажува колку е вљубен во неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

46. Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината

Родитeлите и блиски на загинатите во пожарот во квазидискотеката „Пулс“ во Кочани вчера го одржаа 46. по ред марш кој почна во Паркот на револуцијата.

46. Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината

Носеа транспаренти на кои пишуваше „Корумпираната држава ни ги украде децата“, како и „Ние родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“...

Маршираа низ трговскиот центар со кратки запирања пред зградите на УЈП и полициската станица.

Обраќање за јавност имаше пред Основниот суд, во кое реагираа на привременото отстранување од постапката на обвинителката Наташа Сарамандова, што се случи на последното рочиште на барање на адвокати на обвинетите.

Тие побараа нејзино изземање, поради, како што наведоа, пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење, а за барањето треба да одлучува државниот јавен обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во Струга: Мајка си ги оставила двете деца да спијат во автомобилот, додека била на работа

ОВР  Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. 

Ужас во Струга: Мајка си ги оставила двете деца да спијат во автомобилот, додека била на работа

Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа.

Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возеле камиони во спротивна насока на патот Гостивар- Тетово, двајцата се уапсени

Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави.

Возеле камиони во спротивна насока на патот Гостивар- Тетово, двајцата се уапсени

На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење.

Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење.

Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер