Уште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери
1Уште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери
Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
2Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
ТенисСабаленка е хит по реакцијата на судиската одлука- премногу гласно воздивнувала (ВИДЕО)Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, се пласираше во финалето на Австралија Опен откако убедливо ја победи Украинката Елина Свитолина со 2:0, а за време на натпреварот се соочи со необична ситуација.Белоруската тенисерка доби таканаречена пречка, или опомена за мешање, откако судијата процени дека испуштила необичен звук за време на поенот. Сабаленка побара преглед на видео за да се провери одлуката на судијата. Според објаснувањето на судијата, за време на поенот, по почетното воздивнување, Сабаленка го изговорила звукот „УХ - АЈА“, што се разликувало од нејзиниот вообичаен ритам на удари и се смета за потенцијално вознемирувачки за противничката. По одлуката на судијата, следувала реакција, а нејзините погледи кон судијата и неверицата биле посебен удар: Aryna Sabalenka received a hindrance call from the umpire during her match against Elina Svitolina at the Australian Open. Aryna requested video review. The umpire says that she made a noise in the middle of the point after her initial grunt. “You went ‘UH - AYA’… you… pic.twitter.com/6QoJP1i2b9 — The Tennis Letter (@TheTennisLetter) January 29, 2026 Ситуацијата го привлече вниманието на тениските експерти бидејќи ваквите предупредувања секогаш ретко се случуваат на Гренд слем турнирите, особено против врвни тенисерки. Сепак, Сабаленка успеа да остане фокусирана, да го одигра натпреварот на високо ниво и да се пласира во финалето, потврдувајќи дека е ментално подготвена за вакви непредвидени ситуации. Како потсетник, ситуациите со „пречка“ во тенисот се однесуваат на секое дејство или звук од страна на играч што може да ја наруши концентрацијата на противникот, и во такви случаи, судиите можат да применат опомена или повторување на поенот.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ЕвропаУште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери Двајца тинејџери, на возраст од 17 и 18 години, се повредени во експлозија на железничка станица во германскиот град Аугсбург.Според полициските извештаи, железничкиот сообраќај е целосно прекинат. Германските медиуми јавуваат дека најверојатно експлодирала рачна граната во близина на продавница за златари. Експлозијата оштетила и прозорци. Експерти за експлозиви од баварската покраинска криминалистичка полиција се на местото на настанот, потврди полицијата по истрагите. „Дер Шпигел“ известува дека во меѓувреме е пронајден уште еден сомнителен предмет. Според „Билд“, полицијата истражува можна поврзаност со организиран криминал, а се сомнева дека железничката станица не била целта. „Зградата на станицата и перон 1 моментално се затворени“, изјави портпаролот на полицијата. Железничкиот сообраќај е нарушен и се одвива на другите перони. Патниците можат да пристапат до другите перони преку северниот и јужниот влез.Тагови: Железничката станица тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаТензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководствоБурна атмосфера во Лекарската комора...Денешното Собрание мина со викотници и остри обвинувања помеѓу докторите... Тензии и препукувања меѓу докторите пред изборите на ново раководство и претседател на Лекарската комора. На денешното собрание беа распишани избори за нови делегати, но паднаа и обвинувања дека поради истечениот мандат на актуелната претседателка од јули, лекарите нема можат да ги обноват лиценците. Калина Гривчева Старделова која осум години раководи со комората ги отфрла обвинувањата и кажа дека нејзиниот потпис и одлуките се легитимни се до завршување на изборниот процес. „Лекарската Комора мора да функционира, ние имаме јавни овластувања кои мора да ги обавуваме, службите мора да работат во континуитет дефинитивно, согласно одлука на Уставен суд се е најлегитимно како и сегде.“ „Во овој период сите документи потпишани од именуваната госпоѓа се нелегитимни. Проблемот е што можат да западнат во правни проблеми доктори, здравствени установи кои што имале потреба од документи, лиценци или било што во овој период на нелегитимност кои се потпишувани од лекарската комора.“ За едни тоа што досега немало собраниска седница е опструкција на процесот, за други пак немање на кворум за нејзино одржување. „Од 30 април досега имавме 3 обиди, ова е 4 да се соберат делегатите на Собранието. Морам да кажам дека има делегати кои бараа објаснувањее зошто тоа не е направено, но има и делегати кои молеа тоа да не биде во летен период кога се сами и дежураат по 24 часа и не можат да дојдат, изјави Калина Гривчева Старделова.“ „Тоа е една таква манипулација каде беа вршени притисоци на членови на собранието да не доаѓаат на сите претходни седници за да нема кворум. Која им била целта незнам. Денес беа сложни дека конечно мора да има избори и денес на оваа седница за прв пат се стави на дневен ред точката - избори, изјави Ленче Неловска.“ По две последователни мандати, Гривчева-Старделова заминува од челната позиција во Комората. Изборот на новите делегати е првиот чекор, а новиот претседател треба да биде избран до крајот на октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаIn memoriam: Почина професорот и дипломат, Јован Донев Денеска во Скопје на 71-годишна возраст почина универзитетскиот професор и амбасадор Јован Донев.Донев зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера. Во текот на својот професионален ангажман беше посветен на истражувањето на македонската историја, меѓународните односи и геополитичките процеси поврзани со Македонија и Балканот. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1979 година. Магистрирал во 1986 година, а докторирал во 1993 година, посветувајќи значаен дел од својот научен интерес на меѓународните политички аспекти на македонското прашање. Својата научна кариера ја градеше во Институтот за национална историја во Скопје, каде што достигна звање научен советник и редовен професор. Предавал и на повеќе високообразовни институции, меѓу кои Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“. Во периодот од 1999 до 2012 година беше извршен директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, а претходно бил и директор на Охридскиот летен универзитет. Во деведесетите беше претсадател и на управниот одбор на Фондацијата Инстут Отворено Општество Македонија, под покровителство на филантропит и финансиер Џорџ Сорос. Во дипломатската кариера, Јован Донев беше амбасадор на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон, во периодот од 2013 до 2017 година. Во истиот период бил акредитиран и како амбасадор во Ирска и Исланд, претставувајќи ја Македонија во важен период од нејзините меѓународни односи. Во 2017 година бил и член на Советот за безбедност на Република Македонија. Донев е автор и коавтор на бројни научни трудови и публикации од областа на историјата, меѓународните односи и надворешната политика. Меѓу неговите позначајни дела се публикации посветени на Македонија во меѓународните договори, односите на големите сили кон Балканот и македонското прашање во периодот на Балканските војни. Во последните години беше активен како колумнист и политички аналитичар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00