Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотСѐ повеќе млади девојки се сликаат со лажен труднички стомак, причината е неверојатна Бизарниот тренд го привлече националното внимание откако младата кинеска инфлуенсерка Мејси Геге се фотографираше со лажен труднички стомак.Таа на своите милиони следбеници им кажа дека сака „фотографии од бременоста“ додека е витка и во целосна форма, пренесува New York Post. Тамошните медиуми забележуваат дека многу Кинески, во доцните дваесетти години, сметаат дека се „поминати од својот физички врв“, што ги наведува да посетуваат фото студија пред да се здебелат (за време на бременоста) или да добијат несакани стрии. По Мејси Гига, други млади жени се најдоа да го направат истото. Така, една 26-годишна жена признала дека претходно се фотографирала со лажен труднички стомак и покрај тоа што не била ни мажена. Според истражувањето на South China Morning Post, гореспоменатите „помагала“ се лесно достапни и можат да се купат онлајн. Сепак, тоа не е единственото нешто што младите Кинези го „фалсификуваат“. 22-годишна жена направила лажни свадбени фотографии во случај да „добие брчки до 30-тата година“. Многумина го осудуваат овој тренд кај младите, сметајќи дека промовира „погрешен стандард на убавина“. Луѓето често се шегуваат за ова. „Сега ќе се фотографирам за мојот 70-ти роденден и подоцна ќе ги објавам на мрежите. Ќе ме направи да изгледам помлад“, напиша еден критичар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСамоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар КржаловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПедијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџеритеДури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата. Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин. Немир, анксиозност и срцеви проблеми Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење. Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност. Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите. Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години. Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата. Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook