Сѐ повеќе деца имаат дислексијата - состојба во читањето букви, а не болест - Канал 5

Сѐ повеќе деца имаат дислексијата - состојба во читањето букви, а не болест

Сѐ почесто наставниците алармираат за деца кои имаат проблем со читањето или скоро да не знаат да читаат и до подоцните одделенија во образованието... 

Сѐ повеќе деца имаат дислексијата - состојба во читањето букви, а не болест

Има девет години, а не знае да чита, бавно му оди, мрзлив е, не сака да чита, се дел од коментарите со кои се соочуваат и родителите и децата во основното образование. Не станува збор за мрзеливост туку за дислексија – состојба кога детето нема можност да ги препознае буквите или ги гледа заматено или буквата ја гледаат во друг облик. Кај овие луѓе важно е дека бараат слика за да разберат. Не станува збор за болест, туку едноставно за состојба која не е поврзана со интелигенцијата. Состојба која со работа и вежби може да се помогне на начин како да му се помогне. Славица Тасевска Николовска е родител кој пред десет години забележала дека нејзиното дете не е мрзливо, туку едноставно не може да ги препознае буквите. Таа почнала да работи со нејзиното дете и од тогаш до денеска десет години е тренер за дислексија, дисграфија и АДХД. Во Македонија нема бројка колку деца имаат ваква состојба, но многу родители бараат помош, вели Николовска.

Николовска објаснува дека најчесто детето се следи во првите две одделенија, но клучно е третто одделение каде се очекува детето да чита течно. Скоро сите наставници се запознаени со дислексија, она што е потребно е навремна работа и доверба кај децата.

Николовска е основач на Здружението за дислексија Ајнштајн. Токму името е по генијалецот Ајнштајн за кого постојат записи дека имал дислексија. Тренерите по дилсексија објаснуваат дека интелигенцијата не е поврзана со оваа состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес без струја делови од Скопје

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, во четврток (16 јули) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сопиште и Сарај.

Денес без струја делови од Скопје

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од Горно Соње, на месноста Коштан (Општина Сопиште).

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците во селата Рашче, Бојане и Копаница (Општина Сарај).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 16. јули 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 16. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 16. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени.

Кариера

Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди.

Здравје и совет

Меланхолија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план.

Кариера

Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги.

Здравје и совет

Напредувате во секој поглед.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања.

Кариера

Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот.

Здравје и совет

Посилни сте од ден во ден.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место.

Кариера

На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива.

Здравје и совет

Се интересирате за козметика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш.

Кариера

Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли.

Здравје и совет

Не манипулирајте со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого.

Кариера

Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место.

Здравје и совет

Проанализирајте се себеси.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете.

Кариера

Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете.

Здравје и совет

Бидете зрели и воздржани.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот.

Кариера

Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања.

Здравје и совет

Телесно сте одлично , емотивно сте празни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него.

Кариера

Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна.

Здравје и совет

Внимавајте на главата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни.

Кариера

Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите.

Здравје и совет

Поместете ги своите граници.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат.

Кариера

Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински.

Здравје и совет

Концентрирајте се на позитивните работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гордана Сиљановска Давкова во „Само Интервју“

Почитувани,  вечерва во Само Интервју ќе гостува Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Гордана Сиљановска Давкова во „Само Интервју“

Еврокомесарката Кос дојде и си замина со истите пораки, ќе ја имаме ли истата решителност за напредок на пристапниот пат како и за Реформската агенда?

Ги афирмиравме ли нашите ставови на НАТО самитот во Анкара, на повидок ли се излезни решенија?

Треба ли или не, да се менува изборниот законик и зошто фокусот се насочи кон дијаспората? До каде сме со една изборна единица?

Има ли маневрот на Мицкоски врска со евентуални избори?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски, ќе гостува Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер