Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаСѐ помалку заинтересирани: Твитер изгуби 600 милиони посетиОткако Илон Маск стана на чело на социјалната мрежа Твитер (сега Х), работите одат во непредвидлив правец. Сепак, ниту тој не е имун на ваквите вести.Твитер изгуби 600 милиони посети минатиот месец, според аналитичката компанија „SimilarWeb“. Ова е голема загуба, но ако се земе предвид дека и по него платформата има 5,8 милијарди посети, лесно може да се заклучи дека Твитер се уште е далеку од „изумирање“. Треба да се има на ум дека ова не е бројот на изгубени корисници, но дека сепак ваквите податоци покажуваат дека помалку луѓе избираат да видат што има ново на Твитер. Сигурно за ова „придонесе“ однесувањето на Маск, кој изгледа не е сигурен што точно сака кога се во прашање претплатите на платформата - пред некој ден се појави информација дека на сите корисници ќе им се наплаќа најмалку долар годишно. Сè на сè, претстојат турбулентни денови, а како ќе се одвиваат работите ќе видиме во иднина. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСтадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.? Финалето на Светското првенство во 2030 година ќе се одржи недалеку од Казабланка, изјави во четврток претседателот на Кралската мароканска фудбалска асоцијација. ФИФА сè уште официјално не го објави местото на одржување на финалето, додека Шпанија и Мароко се натпреваруваат за домаќин на најголемиот фудбалски натпревар. „Провинцијата Бенслиман ќе ја има честа да биде домаќин на финалето на Светското првенство во 2030 година“, изјави Фузи Лекџа во четврток на состанок на политичка партија во мароканскиот град Бузники, пренесува ЕФЕ. Бенслиман е град на 60 км од Казабланка и место каде што се наоѓа стадионот „Хасан II“ вреден 12 милијарди долари. Стадионот се гради за потребите на Светското првенство и има планиран капацитет од 115.000 гледачи. Тоа ќе биде најголемиот стадион во светот посветен исклучиво на фудбал. Инфантино му даде ветување на Мароко? ФИФА во август изјави дека медиумските извештаи дека претседателот Џани Инфантино му го ветил финалето на Мароко се „неточни и погрешни“. Следното Светско првенство ќе биде уникатен настан бидејќи натпреварите за прв пат ќе се одржат во шест земји на три континенти. Додека првите три натпревари ќе се играат во Аргентина, Парагвај и Уругвај, Мароко, Португалија и Шпанија ќе бидат домаќини на поголемиот дел од турнирот. ФИФА сè уште не ги финализирала сите градови домаќини на натпреварите, но и Мароко и Шпанија сакаат да бидат домаќини на финалето.Тагови: Светското првенство стадион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ЗабаваШерон Стоун искрено- зошто веќе извесно време е во целибат (ВИДЕО)Шерон Стоун откри дека долго време е во целибат и објасни зошто повеќе не се согласува на компромиси во љубовниот живот. Актерката зборуваше за тоа во подкастот „Mayim Bialik's Breakdown“, чија епизода беше објавена овој вторник, 8 септември, пишува People. Во потрага по животен партнер Во разговор со актерката Мајим Биалик, 68-годишната Стоун објасни дека достигнала точка во својот живот каде што повеќе не е заинтересирана за површни врски. Таа нагласи дека сега, кога нејзините деца се пораснати, бара партнер за цел живот, а не привремена врска. „Јас сум во целибат затоа што сакам да бидам само со некој што навистина ми е важен“, рече Стоун. Додаде дека сексот без емоции станал заморен за неа. „Барам некој да ми биде придружник, а не само некој за секс. Тоа ми здодева.“ Погледнувајќи на љубовното минато Водителката на подкастот, позната по улогата во „The Big Bang Theory“, ја праша Стоун каква е како партнерка во врска. „Јас сум многу добра девојка, но долго време не сум ја имала таа улога“, одговори Стоун. „Бев во врски со лоши мажи, но и со добри.“ Со смеа, таа додаде: „Имав и среќа и лоша среќа, а понекогаш воопшто немав среќа. Долго време немав среќа.“ Кога ја прашаа дали некогаш ја доживеала големата љубов на својот живот, Стоун даде промислен одговор. „Имав љубови во мојот живот, но не мислам дека сè уште сум ја доживеала таа вистинска, голема љубов“, рече таа. Таа ја опиша својата сегашна ситуација како фаза во која треба да истрае за да го добие она што навистина го сака. View this post on Instagram A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) Семејство и поранешни бракови Шерон Стоун има два брака зад себе. Таа беше во брак со продуцентот Мајкл Гринбург од 1984 до 1990 година. Потоа се омажи за новинарот Фил Бронштајн, со кого беше од 1998 до 2004 година. Со Бронштајн го посвои својот најстар син, Роан, кој денес има 26 години. По разводот, Стоун посвои уште два сина сама. Леирд, која сега има 21 година, пристигна во семејството во 2005 година, а една година подоцна Квин, кој денес има 20 години.Тагови: шерон стоун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп направи исклучок: САД повторно издаваат иселенички визи за две евриоски земји Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела продолжи со обработката на барањата за имигрантски визи од Унгарија и Полска.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела продолжи со обработката на барањата за имигрантски визи од Унгарија и Полска, додека привременото суспендирање на термините за имигрантски визи во другите земји останува на сила, изјавија за Ројтерс четворица извори запознаени со ситуацијата. Две лица запознаени со случајот рекоа дека директивата за приоритет на иселеничките визи во американските дипломатски мисии во Полска и Унгарија доаѓа од Белата куќа. Не беше јасно зошто тие две земји добија посебен третман, но Трамп и неговите најблиски соработници развија блиски односи со екстремно десничарските сојузници во двете земји. Трамп јавно го поддржа поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, кој беше поразен на изборите во април, како и националистичкиот претседател на Полска, Карол Навроцки, чиј избор го доведе во конфликт со центристичката влада на премиерот Доналд Туск. Ројтерс во мај објави дека американскиот заменик државен секретар Кристофер Ландау им наредил на високи функционери на Стејт департментот да помогнат во обезбедувањето американска виза за поранешен полски министер кој побегна во Унгарија и се соочува со обвиненија за корупција во Полска. Белата куќа упати барање за коментар до Стејт департментот. Портпаролот на Стејт департментот не коментираше зошто е рестартирана обработката на имигрантските визи за Унгарија и Полска. Унгарското Министерство за надворешни работи и Кабинетот на премиерот, како и полското Министерство за надворешни работи, кабинетот на премиерот и претседателот, не одговорија веднаш на барањата за коментар. Трамп е против и легална и илегална миграција Американскиот претседател Доналд Трамп долго време се залагаше за запирање на илегалната миграција, но неговиот втор мандат беше подеднакво обележан со широки напори за ограничување и на легалната миграција. Соединетите Американски Држави воведоа забрани за патување на граѓани од десетици земји, воведоа нови високи такси за одредени работни визи и наложија сите апликанти да бидат предмет на проверка на позадината на социјалните мрежи. Стејт департментот во јануари објави дека привремено ја суспендира обработката на имигрантските визи за 75 земји, велејќи дека постои „висок ризик“ апликантите да станат приматели на јавна помош во САД. Откако федералниот судија пресуди против забраната, Стејт департментот ги суспендираше интервјуата за имигрантска виза во сите свои дипломатски претставништва низ светот додека воведе нова програма за обука. Портпаролот на Стејт департментот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека датумите се прилагодуваат за да се овозможи обука на новите вработени. „Секогаш кога има нови упатства за апликантите за виза или промени во датумите за интервју за виза, амбасадите и конзулатите директно ги информираат апликантите“, рече портпаролот. Влијае на целиот свет Американските конзулати и амбасади традиционално спроведуваат стотици илјади интервјуа за имигрантски визи годишно, од кои најголемиот број се за членови на семејства на американски државјани или постојани жители на САД. Во текот на 2024 година, последната година од мандатот на демократскиот претседател Џо Бајден, САД издадоа околу 600.000 имигрантски визи. Одлуката на Стејт департментот во јануари беше најширокиот обид на американската администрација да ја ограничи легалната миграција. Суспензијата ги погоди апликантите од земјите од Латинска Америка, вклучувајќи ги Бразил, Колумбија и Уругвај, балканските држави како Босна и Херцеговина и Албанија, како и јужноазиските земји Пакистан и Бангладеш. Меѓутоа, на 21 август, американската окружна судијка Жанет А. Варгас ја отфрли политиката, сметајќи дека е „очигледно незаконска“. Во деновите потоа, Стејт департментот контактираше со дипломатските претставништва ширум светот и им нареди да ги откажат закажаните интервјуа за имигрантска виза, според две лица запознаени со ситуацијата. На 25 август, Стејт департментот јавно ја потврди глобалната суспензија и рече дека ќе остане во сила додека вработените не добијат нова обука за тоа како да проценат дали апликантите можат да се издржуваат во САД без да се потпираат на јавна помош. Американската влада во судска пријава наведе дека разговорите се привремено одложени до 31 август. Сепак, суспензијата може да трае со месеци поради начинот на кој е организирана новата програма за обука. Дипломатските претставништва мора да спроведат сопствена обука врз основа на материјалите што им ги испрати Вашингтон, а потоа службеник за конзуларни работи мора да ја посети секоја мисија и да потврди дека обуката е завршена, изјави еден извор запознаен со ситуацијата. На Редит, луѓе од целиот свет, вклучувајќи ги Перу, ОК и Индија, објавуваат информации за откажани состаноци за визи до септември. „Бевме пред самиот гол, а сега ова“, напиша еден корисник.Тагови: Доналд Трамп иселенички визи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11