Ружински: Инвестираме во развојот на Берово со нова мултифункционална сала, обновени улици и детски игралишта - Канал 5

Ружински: Инвестираме во развојот на Берово со нова мултифункционална сала, обновени улици и детски игралишта

Ова не е само преглед на реализираните проекти. Ова е отчет, за преземената одговорност, за одлуките што ги донесуваме и за насоката во која заедно го движиме Берово.

Ружински: Инвестираме во развојот на Берово со нова мултифункционална сала, обновени улици и детски игралишта

Драги сограѓани, почитувани медиуми,

Довербата што ја добив од вас, ја прифатив како голема одговорност и обврска, да работам посветено, чесно и во интерес на Општина Берово и сите нејзини граѓани.

Денеска, после речиси една година, од стапувањето на функцијата градоначалник, пред Вас го презентираме сработеното, проектите што ги реализиравме, активностите што ги презедовме, средствата што ги вложивме и резултатите што ги постигнавме во повеќе области, од значење на секојдневниот живот.

Ова не е само преглед на реализираните проекти. Ова е отчет, за преземената одговорност, за одлуките што ги донесуваме и за насоката во која заедно го движиме Берово. Во изминатиот период, со јасно поставени приоритети и посветена работа, започнавме со реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти, насочени кон подобрување на условите за живот и унапредување на инфраструктурата во Општина Берово и тоа: Започна реализацијата на проектот за изградба на мултифункционална сала во рамките на Домот на култура „Димитар Беровски“.

Изградена е на нова пристапна улица – крак од ул. „Мирче Ацев“, во централното градско подрачје, во Берово. Реконструирани се тротоарите на дел од улицата „Задарска“ и направен е нов зелен појас на улицата, изграден е армирано-бетонски потпорен ѕид, на улица „Маршал Тито“ во Берово, асфалтирана е улицата „Гоце Делчев“ во с. Ратево, изграден е канал за одведување на атмосферските води во с. Ратево, изградени се 2 потпорни ѕида, во с. Ратево. Оградена и партерно е уредена депонијата за градежен шут, на локалниот пат „Берово – Абланица -Црвен Брег", извршено е одведување на атмосферски води од улица "Први Мај" –во Берово, направена е доградба на фекална канализација во Ромско Маало, втор крак од ул. "23 Август" – Берово.

Поставени се јарболи пред општинската зграда и кај споменикот на загинатите бранители во воениот конфликт 2001 година, реконструирани се мостовите на река Брегалница. Во тек е изработка на техничка документација, за поставување на нов фотоволтаичен систем на Пречистителната станица за отпадни води, во Берово. Во тек се проекти за реализација на: Реконструкција на Крак од ул.29.Ноември Берово, реконструкција на крак 1 и крак 2 на ул. 15 Корпус, изградба на Секундарна водоводна мрежа во с. Ратево, реконструкција на крак од ул.Први Мај – Берово, реконструкција на ул.,,2”.

Континуирано се врши обнова на уличното осветлување, при што промена и подобрување на уличното осветлување е извршено во: село Смојмирово и село Будинарци. Во рамки на Програмата за заштита од штетно дејство на водите за 2026 година, извршено е чистење на коритото на реката Брегалница. Во насока на подобрување на условите за најмладите: Најмладите жители на селата Двориште и Будинарци, добија детски игралишта. Обезбедeни се услови за бесплатно предучилишно образование за деца Роми, во социјален ризик. Во насока на подобрување на условите за образование: Успеавме да подмириме дел од натрупаните обврски на Средното општинско училиште „Ацо Русковски“, со што обезбедивме услови за негово стабилно и непречено функционирање и продолжување на воспитно-образовниот процес во интерес на нашите ученици.

Се реализираат проекти во рамките на Еразмус+ програмата во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово. Во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” поставена е гумирана подлога на игралиште во подрачно училиште во с. Митрашинци, а нови светлечки елементи се поставени во училишниот двор во Берово. Покрај тоа, доделуваме средства, кои се се наменети за поддршка, мотивација и подобрување на условите за живот, енергетска ефикасност, социјална заштита и образование и тоа: Доделуваме средства за првенец на генерација, за поддршка и признание за најуспешните ученици. За секое првоодделенче и за секој ученик во прва година гимназија, запишани во нашето училиште. За секое новороденче и првородено дете, за млади лица за полагање возачки испит (Б категорија), за лица со попреченост, за студенти, како субвенција за клима уреди, со приоритет на стари лица, кои живеат сами.

Вложуваме во спортот, преку поддршка на ФК ,,Малеш “ од Берово, поддршка во организација на турнири, поддршка на ППК Еклектик, а имавме и успешна реализација на Работнички спортски игри . Континуирано вложуваме во опремата на ТППЕ Берово, а добивме и специјално противпожарно возило, донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње, Република Словенија.

Преку проект за нега и грижа на стари лица во домашни услови, се грижиме за старите лица. Во областа на културата, организиравме и поддржавме голем број значајни настани, со кои го збогативме културниот и општествениот живот во Берово – од тридневната новогодишна програма и одбележувањето на големиот христијански празник Велигден, преку настанот по повод завршувањето на учебната година, па се до централниот културно-туристички настан – Етно плоштад фестивалот , кој со својата богата музичка програма и Саемот на традиционални производи „Малешевијата на дланка“, понуди можност за промоција на малешевската традиција, домашните производи и творештвото на локалните изложувачи, привлекувајќи голем број посетители од Берово, регионот, целата држава и пошироко.

Понатаму, презедовме конкретни активности во насока на подобрување на животната средина и јакнење на локалната заедница – организиравме акција за расчистување на депонијата за градежен шут и еколошки акции, обезбедивме финансиски средства за реализација на проекти на граѓанските организации преку јавен повик, организиравме работна средба со претставници од локалната бизнис-заедница, обезбедивме бесплатен Wi-Fi во централното градско подрачје, а со цел поголема вклученост на граѓаните и институциите во решавањето на локалните предизвици, формиравме Локален младински совет, Совет за социјална заштита и Локален совет за превенција, тела кои активно работат и придонесуваат во своите области.

Почитувани сограѓани,

Берово е нашето место под сонцето, нашиот дом и нашата љубов – место кое го носиме во срцето и кое сите заедно имаме обврска да го чуваме, развиваме и оставиме уште подобро на генерациите што доаѓаат. Затоа, продолжуваме посветено да работиме, со јасна визија, со конкретни идеи за Берово да биде општина со подобри услови за живот, повеќе можности за младите, поддршка за семејствата и нови перспективи, за секој наш граѓанин. Особено ми е важно да создадеме општина во која младите ќе имаат причина да останат, да се развиваат, да ги реализираат своите потенцијали и тука да ја градат својата иднина.

Овој отчет е пресек на сработеното во изминатиот период, но и основа за она што следува. Верувам дека најголемите резултати ги постигнуваме тогаш кога работиме заедно, со иста цел, со меѓусебна доверба и со искрена желба, да направиме нешто добро за нашата заедница. Ви благодарам за довербата, за поддршката и за секој предлог, за секоја конструктивна критика и секоја сугестија. Продолжуваме да работиме за Берово – за нашите граѓани, за иднината што заедно ја создаваме.

Ви благодарам!

YouTube video

Петар Ружински, градоначалник на Општина Берово

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дип Парпл со важна порака од Иан Гилан, откако итно е однесен во болница

„Дип парпл“ објавија важна порака од пејачот Иан Гилан по неговата хоспитализација.

Дип Парпл со важна порака од Иан Гилан, откако итно е однесен во болница

Ја објавуваме целосно.

„Важна порака од Иан Гилан

Драги пријатели,

Ви благодарам за сите ваши желби за добро здравје и поддршка во последните неколку дена, тоа ми значеше сè.

Имав медицински проблем додека бев во Лајпциг, кој бараше итен болнички третман.

Се надевав дека мојот лекар ќе ми даде дозвола да продолжам со турнејата, но ова ќе значеше многу сериозни ризици за мене.

Како резултат на тоа, и по совет на мојот медицински тим и менаџмент, донесовме одлука да го одложиме остатокот од европската/британската турнеја до понатамошно известување.

Многу ми е жал за евентуалните непријатности што ова може да ги предизвика, но тоа е во најдобар интерес на сите.

Ви благодарам за разбирањето.

Со почит,

IG“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се подготвува за изборен пораз- најавува помилувања на соработниците, меѓу кои е и Маск

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен однапред да ги помилува своите соработници за да ги заштити од евентуално гонење доколку демократите ја преземат контролата врз Конгресот по утрешните конгресни избори. 

Трамп се подготвува за изборен пораз- најавува помилувања на соработниците, меѓу кои е и Маск

Тој исто така рече дека ќе го заштити милијардерот Илон Маск доколку тој биде цел на истраги.

Трамп зборуваше за ова во интервју со новинарката Миранда Девајн за подкастот „Pod Force One“, кој беше објавен денес, еден ден пред среднорочните избори во САД.

Кога беше прашан дали превентивно би помилувал луѓе кои работеле во неговата администрација доколку им се закани со гонење, тој одговори: „Би го направил тоа, доколку е потребно. Секако.“

Кога новинарот дополнително го праша дали би им обезбедил таква заштита на сите свои соработници, Трамп беше уште порешителен.

„Не би ни помислил на тоа. Едноставно би го направил тоа“, рече тој.

Во исто време, Трамп потсети дека по враќањето во Белата куќа, помилувал околу 1.500 луѓе поврзани со нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Трамп: Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме

Тој конкретно се осврна на Елон Маск, сопственикот на Тесла и СпејсИкс, кој за време на вториот мандат на Трамп учествуваше во работата на американската администрација и ја предводеше иницијативата за намалување на владините трошоци позната како DOGE.

Кога беше прашан за можноста демократите да покренат истраги против Маск или да се обидат да му ги запленат средствата, Трамп одговори дека таквите најави засега се само зборови.

„Ова се само приказни. Но, ако тоа се случи, ќе мора да ги заштитиме“, рече тој.

Во исто време, Трамп ја отфрли можноста за национализација на SpaceX, за која дискутираа некои демократски политичари. Тој го спомена и Едвард Користин, млад соработник кој работеше во проектот DOGE на Маск.

Пред изборите, Маск е еден од најважните финансиски поддржувачи на републиканците. Според „Аксиос“, тој потрошил речиси половина милијарда долари за антидемократски политички активности за време на овој изборен циклус.

Трамп се повикува на помилувањата на Бајден

Трамп, исто така, ја оправда најавената можност за помилување со постапките на неговиот претходник, Џо Бајден. Пред крајот на неговиот мандат, Бајден превентивно помилува членови на своето семејство и неколку лица за кои се плашеше дека би можеле да станат мети на политички мотивиран прогон по враќањето на Трамп на власт.

Меѓу нив беа поранешниот главен американски епидемиолог Ентони Фаучи, пензионираниот генерал Марк Мили и членовите на конгресниот комитет што го истражуваше нападот врз Капитол.

„Тоа е она што го направи Бајден. Тој им даде помилувања на сите“, рече Трамп.

Демократите најавуваат истраги ако го преземат Конгресот

Неговите коментари доаѓаат во време кога демократите се обидуваат да ја преземат контролата врз барем еден дом на Конгресот на изборите на 3 ноември. Доколку успеат, ќе можат да започнат парламентарни истраги за администрацијата на Трамп, да повикаат службеници на сослушувања и да бараат документација за нејзината работа.

Демократскиот претставник Џејми Раскин веќе најави истраги за можна корупција во администрацијата, додека демократската сенаторка Елиса Слоткин зборуваше за потребата од гонење на лица кои олесниле евентуални нелегални дејствија од страна на администрацијата на Трамп.

Сепак, конгресните истраги не се кривични постапки сами по себе. Агенциите за спроведување на законот, а не претставниците во Конгресот, се одговорни за нивно поведување.

Што всушност може да направи Трамп?

Претседателот на Соединетите Американски Држави има широки овластувања за помилување, вклучително и можноста за превентивни помилувања за федерални злосторства што веќе се извршени, дури и кога не се поднесени обвиненија против одредено лице.

Сепак, ваквите помилувања не можат да спречат конгресни истраги, граѓански тужби или гонења според поединечни државни закони. Исто така, изјавата на Трамп не значи дека Маск е обвинет или кривично гонет.

Досега, Трамп не објави план за конкретни помилувања или список на луѓе кои би биле опфатени со нив. Неговите изјави покажуваат дека е подготвен да ги користи претседателските овластувања за да ги заштити своите соработници од евентуално идно гонење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува скандалот за доделувањето на Златната топка- организаторите најавуваат тужби

Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба. 

Продолжува скандалот за доделувањето на Златната топка- организаторите најавуваат тужби

Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба поради наводите за протекување информации и потенцијално лажно обложување поврзано со победата на Хари Кејн од Англија минатиот вторник, објави АФП.

„Интегритетот на „Златната топка“ е апсолутен приоритет“, соопшти групацијата „Амаури“ во соопштение за медиумите испратено до АФП и потврди дека „многу сериозно ги сфаќа наводите за протекување резултати и потенцијално лажно обложување“.

Сомнителни облози

Финансискиот новински портал „Апсајд“ објави во последните денови дека неколку потенцијално сомнителни облози биле поставени на платформата за обложување „Полимаркет“, која нема лиценца за работа во Франција, пред церемонијата минатиот вторник во Лондон.

Според „Апсајд“, само неколку дена пред церемонијата, речиси 265.000 долари биле исплатени преку 12 сметки за кои се верува дека се од исто лице. Редоследот на првите пет кандидати за „Златната топка“ е прецизно предвиден: Хари Кејн, Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси.

„Во тек се проверки за да се утврдат фактите и да се утврди кој би можел да биде одговорен“, објави групацијата Амаури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер