СерииРужиОд понеделник до петок во 19:45 часот - Емотивна турска драма за љубовта што не избледува, изборите што го менуваат животот и семејните тајни што можат да ги урнат и најмоќните луѓе.Животот на Парс се менува од корен кога дознава дека неговиот биолошки татко е жив. Од скромниот живот во Адана, тој се преселува во Истанбул, каде што го очекува сосема нов свет – светот на богатото и моќно семејство Акабеј, во кое тој е единствениот наследник. За да стави крај на долгогодишното непријателство меѓу две семејства, Парс прифаќа брак со Асија, девојка што никогаш претходно не ја запознал. Она што треба да биде договор за мир наскоро се претвора во испреплетена приказна за должноста, жртвувањето и чувствата што не можат да се контролираат. Иако судбината го води кон нов живот, срцето на Парс сè уште ѝ припаѓа на Ѓул – жената што ја сакал, но која го напуштила поради неговата сиромаштија. Додека тој се обидува да ги остави зад себе болните спомени, Асија постепено се вљубува во човекот со кого ја поврзува бракот, но не и љубовта. Зарем љубовта може да процвета таму каде што сè започнало со лага, интерес и семејни пресметки? И дали минатото навистина може да се остави зад себе кога старите рани сè уште болат?Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветНвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отстоГлавните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг. Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“.. Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со студено утроВремето денеска според УХМР ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -10 Попова Шапка, -6 Крива Паланка, -5 Крушево, Берово, -3 Лазарополе, -2 Виница, -1 Струмица, Штип, Прилеп, 1 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Скопје-Петровец, Битола, Велес, 3 Кавадарци, Демир Капија, 5 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 20 Лазарополе, 12 Пожаране, 11 Крушево, 10 Попова Шапка, Охрид, 7 Претор, 6 Крива Паланка, Тетово, 3 Прилеп, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 1 Велес, Штип, Виница, Берово, Демир Капија, Тополчани. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook