Рутинска победа на Вардар на гостувањето во Панчево - Канал 5

Рутинска победа на Вардар на гостувањето во Панчево

Ракометарите на Вардар стигнаа до нова победа во регионалната СЕХА лига откако славеа на гостувањето кај Динамо Панчево со 27:23 (13:9).

Рутинска победа на Вардар на гостувањето во Панчево
За избраниците на Раул Гонзалез ова беше 15 победа, со што само ја потврди доминацијата и ја продолжи серијата без пораз во досегашниот тек од регионалното натпреварување.

Вардар доминираше во текот на целиот меч, иако очигледно не играше со полни сили, а клучната разлика ја направи на стартот на второто полувреме, кога стигнаа до осум гола предност 20:12. Гонзалес одмори дел од првотимците, но и комбинираниот тим успеа да се справи со еден од најслабите тимови оваа сезона во СЕХА.

Мартин Поповски со 6 погодоци беше најефикасен кај Вардар, 5 постигна Даинис Криштопанс, додека Хорхе Македа реализираше 4 погодоци.
Вардар има 46 бода, додека Динамо остана на претпоследната деветта позиција на табелата со само осум освоени бода во регионалната лигата. „Црвено-црните“ во наредното коло од СЕХА се домаќини на Нексе (13-ти март)./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција  во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места.

Мицкоски ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места

Мултинационалната корпорација работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили.освен во турција, компанијата е присутна и во Канада, Германија и Словачка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. 

JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата.

ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работна посета на министерот Муцунски на Лондон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон.

Работна посета на министерот Муцунски на Лондон

Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, а воедно ќе го посети и македонскиот павилион на овој саем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер