Руте во Хрватска изјави дека Трамп ги прави вистинските работи за НАТО - Канал 5

Руте во Хрватска изјави дека Трамп ги прави вистинските работи за НАТО

- Верувам дека Доналд Трамп ги прави вистинските работи за НАТО поттикнувајќи нè сите да трошиме повеќе за да се изедначиме со потрошувачката на САД, изјави Руте.

Руте во Хрватска изјави дека Трамп ги прави вистинските работи за НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Загреб изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги прави вистинските работи за НАТО, бидејќи поттикнува поголеми вложувања во одбраната и нагласи дека сите сојузници во Алијансата се согласуваат за важноста на безбедноста на Арктикот.

- Верувам дека Доналд Трамп ги прави вистинските работи за НАТО поттикнувајќи нè сите да трошиме повеќе за да се изедначиме со потрошувачката на САД, изјави Руте на заедничката прес-конференција со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека „сите сојузници се согласуваат за важноста на арктичката безбедност, бидејќи отворањето на морските патишта претставува ризик од руските и кинеските активности“.

Според него, во НАТО се расправа за тоа како да се постигне таа безбедност.

На прашањето за претензиите на САД врз Гренланд, Руте исто така рече: „Наш приоритет е Арктикот да остане безбеден“.

На истото прашање Пленковиќ нагласи дека „сојузниците мора меѓусебно да се почитуваат, што се однесува и на САД“.

- Сигурен сум дека со разговори може да се најде решение. Гренланд е дел од Данска и затоа квалитетен дијалог може да ја реши ваквата ситуација, оцени Пленковиќ.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска пристигна во работна посета на Хрватска во рамки на посетата на државите-членки.

По пристигнувањето во Загреб, тој со премиерот Пленковиќ ја посети касарната „Полковник Марко Живковиќ“ на Плесо, каде што ги виде француските борбени авиони Рафал, турските дронови Бајрактар и американските хеликоптери UH-60M Black Hawk, а потоа во Владата разговараше со хрватскиот премиер и се сретна со претставници на хрватската одбранбена индустрија.

Руте по состанокот со Пленковиќ во заедничка изјава за новинарите ја пофали Хрватска, оценувајќи дека од пристапувањето во 2009 година таа е важна членка на НАТО која придонесува за заедничката безбедност.

Тој ја нагласи важноста на „улогата на Хрватска во стабилизацијата на регионот“, велејќи дека хрватските војници учествуваат во мисијата на Косово.

Руте истакна дека „нема да се дозволи безбедносен вакуум“ и додаде дека Хрватска во тоа е „клучен партнер“.

Генералниот секретар на НАТО посебно нагласи дека „Хрватска се покажа како партнер на кој Украина може да се потпре“ и дека од 2022 година придонела со повеќе од 300 милиони во опрема, хеликоптери и заштитна опрема.

- Украинската безбедност е наша безбедност, нагласи Руте.

Коментирајќи го евентуалното членство на Украина во НАТО, Руте одговори дека претходно е дадена изјава за патот на Украина кон НАТО и оти некои сојузници се против тоа или се сомничави, како Унгарија.

- Она за што разговараме во „Коалицијата на подготвените“ е како по мировниот договор да осигураме Русија повеќе никогаш да не нападне, укажа Руте.

Тој ги поздрави напорите за модернизација на војската на Хрватска, велејќи дека бил „импресиониран“ кога видел како се обновени воздухопловните сили, а ја пофали Хрватска и затоа што оваа година ја презеде контролата врз својот воздушен простор.

Пленковиќ во заедничката изјава рече дека Владата презема сè во поглед на исполнувањето на преземените обврски од состаноците на врвот на НАТО, дека во 2025 година издвоила 2,08 отсто од БДП за одбрана и потсети дека хрватските вооружени сили партиципираат во дури пет мисии, со околу 270 припадници на хрватската војска.

Пленковиќ рече и дека Украина не ја брани само својата слобода, туку и демократијата, вредностите и безбедноста на Европа.

- Затоа е важно да разбереме дека последиците од руската агресија беа повеќе од очигледни на континентот, на Хрватска, на нашата енергетска ситуација, рече хрватскиот премиер.

Тој најави дека следната година на пролет Хрватска ќе биде домаќин на неформален состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО ќе се сретне прими и претседателот на Хрватска и врховен командант на војската, Зоран Милановиќ, а по состанокот ќе биде објавено соопштение.

Милановиќ во петокот изјави дека Руте е добредојден во Хрватска, но дека тој не е „личноста која носи одлуки“ и која располага со пари.

- Кога зборува, не е јасно во чие име зборува, а зборува многу работи кои јас воопшто не ги поддржувам, им рече Милановиќ на новинарите во Чаковец, пренесе Бета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка.

Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг.

Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг.

Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД.

Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

„Вориорс“ победија со 51 поен разлика!

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 .

Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава.

Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма.

Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.

Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени.

Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции.

Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.

Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“.

Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер