ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
2ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
3Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
СветРуте се потсмева со Русија: Мечката не мора на сите да им кажува дека е мечка, тоа се гледа во секој случајГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги исмеа вчерашните пораки од Москва, откако Кремљ одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија е „хартиен тигар“.-Цел ден го слушаме Кремљ како вели: ’Не, ние не сме хартиен тигар. Ние сме мечка’. Па, знаете, ако сте мечка, не мора да нагласувате дека сте мечка бидејќи сите ќе го забележат тоа во секој случај. Тоа покажува голема слабост од руска страна. Јасно е дека претседателот Трамп погодил нерв, изјави Руте за Фокс њуз. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно одговори на зборовите на Трамп велејќи дека Русија е мечка, а не тигар, додавајќи: „Не постои такво нешто како хартиена мечка“. Тој, исто така, го коментираше тврдењето на Трамп дека Украина може да ја врати целата окупирана територија под своја контрола, велејќи дека „руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина“ и дека „динамиката на војната е очигледна“. Зборувајќи за можноста за средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Песков потврди дека „средба меѓу двајцата без соодветна подготовка би била ПР-шоу осудена на неуспех“. Американскиот претседател Доналд Трамп завчера изјави дека земјите-членки на НАТО треба да ги соборуваат руските авиони што го нарушуваат нивниот воздушен простор. Тој исто така рече дека верува оти Украина, со поддршка на Европската Унија и НАТО, може да ја врати целата територија што Русија ја зеде од почетокот на инвазијата, иако претходно изјави дека и Киев и Москва ќе мора да се откажат од дел од територијата за да се стави крај на војната. „Откако ја запознав и целосно ја разбрав воената и економската состојба на Украина и Русија и кога ги видов економските проблеми што ги создаваат за Русија, мислам дека Украина, со поддршка на Европската Унија, е во позиција да се бори и да ја врати цела Украина во нејзината оригинална форма. Со време, трпение и финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, оригиналните граници од каде што започна оваа војна се многу добра опција. Зошто да не? Русија води бесмислена војна три и пол години во која на вистинска воена сила би ѝ требало помалку од една недела да победи. Тоа не е комплимент за Русија. Всушност, ги прави да изгледаат како „хартиен тигар““, напиша Трамп. Тој додаде дека кога Русите ќе разберат што се случува во војната, од недостиг на гориво и долги редици на бензински пумпи до фактот дека земјата троши поголем дел од своите пари борејќи се против Украина, Киев ќе може да ја врати целата своја земја, „а можеби и повеќе“. „Путин и Русија се во големи економски проблеми и сега е моментот Украина да дејствува. Во секој случај, им посакувам на двете земји се најдобро. Ќе продолжиме да го снабдуваме НАТО со оружје за да може НАТО да прави што сака со тоа оружје. Среќно на сите“, рече Трамп.Тагови: Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБаерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенотГерманскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата. Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих. Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал. Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот. Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна ГораВладината прес служба информира дека Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре, 22.10.2026 година (четврток) ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна ГораВладината прес служба информира дека Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре, 22.10.2026 година (четврток) ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија. На настанот Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот. Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!За да преживее семејство со минимални трошоци со т.н. синдикална кошница за октомври се пробија историски рекорди кои достигнаа 70.358 денари, а за семејствата што живеат под кирија трошоците за гол опстанок се искачија на застрашувачки 85.733 денарДодека Владата секојдневно дефилира со соопштенија за „рекорден раст на економијата“ и наводно подобрена куповна моќ, реалноста зад затворените врати на македонските домаќинства е сурова преживувачка. Се соочуваме со рекорден раст на трошоците а не на економијата! Прашањето е едноставно и боли: колку семејства денес во Македонија можат да го поминат месецот без да влезат во нов брз кредит, без да се одречат од основни потреби или без да молат за помош од родители и пријатели Посебно е иритирачки што владината потрошувачка кошничка и синдикалната пресметка се разликуваат за нереални 10.200 денари. За премиерот и министрите тоа е само прашање на сува методологија и бројки на хартија, но за обичниот човек тоа се 10.000 денари помалку за храна, лекови, сметки и основни потреби што драматично недостигаат на крајот од месецот. Економската успешност не може да се мери со непоткрепени владини математики, додека граѓаните секој ден ја мерат реалноста преку шокантните цени во маркетите и празните банкарски сметки. Џабе се повикува власта на проценти за раст на платите и ублажена инфлација, кога суштинскиот одговор го знае секој граѓанин: трошоците растат побрзо од платите и тие не се доволни за достоинствен живот. На Македонија не ѝ требаат оптимистички прес-конференции и економски бајки, туку итни и конкретни решенија — реален раст на минималната плата, вистинска заштита од ценовните шокови таргетирано за македонските граѓани и замрзнување на маржите за да се сопре дивеењето во продавниците. Нашите предложени таргетирани мерки се одбиваат иако се имаат покажани успешни во други земји. Ребалансот на буџетот кој Владата го достави до Собранието ниту дава краткорочни ниту долгорочни решенија, напротив покажува немање капацитет за справување со сериозните ризици. Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува дека нема потреба Владата да се самозалажува со сопствените розеви пресметки. Животниот стандард не се крева со раскажување приказни од владината книга за бајки, туку со реални пари што на крајот од денот мора да останат во џебот на граѓаните!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook