Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
2Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
СветРуте: Имаме планови како да се одбраниме, но ни требаат повеќе средства Имаме цврсти планови како да ги заштитиме нашите една милијарда луѓе во денешниот поопасен свет, но немаме се што ни е потребно за да ги спроведеме целосно доколку тоа биде неопходно. Имаме цврсти планови како да ги заштитиме нашите една милијарда луѓе во денешниот поопасен свет, но немаме се што ни е потребно за да ги спроведеме целосно доколку тоа биде неопходно, па затоа една главните тема на утрешната средба министрите за одбрана на НАТО ќе бидат трошоците за одбрана, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. - Сега се работи за да се договорат амбициозните нови цели за одбранбена способност на сојузниците, кои ќе бидат клучни за да се осигураме дека ги имаме соодветните луѓе и опрема за одвраќање и одбрана, истакна Руте на прес-конференцијата во пресрет на министерската средба. Според него, за зајакнување на одбраната неопходно е членките на НАТО, особено во Европа, но и Канада, да инвестираат значително повеќе во одбранбените трошоци, - Знаеме што треба да се направи. И веќе чекор по чекор се движиме во вистинската насока. Европските сојузници се засилуваат, потенцира Руте. Тој истакна дека од 2014 година европските сојузници и Канада одделиле дополнителни над 700 милијарди долари за одбрана, при што само лани тие инвестирале 485 милијарди американски долари во одбраните потреби, што е за речиси 20 отсто повеќе во споредба со 2023 година, - Две третини од сојузниците трошат најмалку два отсто од својот БДП за одбрана. Очекувам уште поголем број сојузници да ја исполнат и, во многу случаи, и да ја надминат оваа цел во 2025 година. Значи, гледаме значителен напредок. Но, треба да направиме многу повеќе за да го имаме она што ни е потребно да одвраќаме и да се одбраниме и за да има порамномерно споделување на товарот. Исто така, треба да произведуваме повеќе, заедно, нагласи генералниот секретар на НАТО. Руте потенцира дека на утрешната министерска средба ќе почнат и подготовките за Самитот на НАТО во Хаг во јуни, а ќе стане збор и за зајакнување на трансатлантскиот одбранбен индустриски капацитет, преку ажуриран Акциски план за одбранбено производство. - Во изминатите неколку години, видовме значително зголемување на одбранбено производството ширум Алијансата. Но, треба да одиме понатаму и побрзо. Немаме време за губење, рече Руте. Тој нагласи дека очекува министрите да договорат голем број други важни иницијативи, меѓу кои и нова Комерцијална стратегија за Вселената и понатамошно зајакнување на интегрираната противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО. Руте најави дека во рамки на Советот НАТО-Украина министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата ќе се сретнат со нивниот украински колега Рустем Умеров и се високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и одбранбена политика Каја Калас, за да разговараат за поддршката на Киев. Според Руте, на ланскиот Самит на НАТО во Вашингтон, сојузниците ветија дека ќе и дадат на Украина 40 милијарди евра воена помош во 2024 година, а досега обезбедија над 50 милијарди евра, од кои над половина доаѓаат од европските земји и од Канада. - Ова испраќа јасен сигнал за нашата непоколеблива посветеност на Украина. Но, за навистина да ја промениме траекторијата на конфликтот, треба да направиме уште повеќе. Колку е посилна Украина на бојното поле, толку посилна ќе биде на преговарачката маса и толку се поголеми шансите да се постигне добар договор за траен мир. Тоа е она што сите го сакаме. За Украина, за нашата заедничка безбедност и за глобалната стабилност, рече Руте, додавајќи дека се согласува со ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека мора да има прераспределба на товарот за воената помош за Украина. Руте најави дека на состанокот ќе стане збор и за руската кампања за дестабилизирачки активности против сојузниците на НАТО. - Гледаме акти на саботажи, атентати, опасно загрозување на цивилните авиокомпании и напади на критична инфраструктура, вклучително и подводната. НАТО одговара на тоа - преку „Балтик Сентри“ во Балтичкото Море и со зголемена будност насекаде, додаде Руте. Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО Рускиот претседател Владимир Путин знае дека ако го нападне НАТО ќе добие поразителна реакција за него и ќе изгуби, затоа нека не се обидува, изјави генералниот секретар на Алијансата Марк Руте во одговор на новинарско прашање околу извештај на данското разузнавање дека „Русија се подготвува да нападне земја од ЕУ“. - И тој (Путин) го знае ова. Одвраќањето и одбраната се многу силни. Она во што треба да се увериме е дека за четири или пет години од сега... сето она што тие го произведуваат ќе биде на ниво кое е навистина споредливо со она што го правиме ние, рече Руте. Затоа, според него, членките на НАТО мора да трошат значително повеќе за да се осигурат дека ќе може да се одбранат и за четири или пет години, а тие одлуки треба да ги донесат оваа година. Запрашан за коментар за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Украина може еден ден да биде руска“, Руте одговори дека НАТО „интензивно се координира со тимот на Трамп на сите нивоа и тоа се многу добри разговори“. И, второ, да се осигураме дека што и да произлезе од тие разговори, кога и да се случат,... ќе биде одржливо, за да нема повторување на она што го имавме со Договорот од Минск во 2014 година, рече Руте, без директно да ја коментира конкретната изјава на Трамп. На прашање за „зајакнувањето на арсеналот на хибридна војна“ од страна на Русија, Руте одговори дека можеби треба да престанеме овие активности да ги нарекуваме хибридни., бидејќи, како што рече, хибридно звучи мило, убаво, прекрасно. - Тоа не е тоа. Тоа е државно спонзорирана саботажа, а во некои случаи дури и државно спонзориран тероризам. И е дестабилизирачки, рече Руте. Според него, НАТО треба да реагираме многу побрзо на овој тип на т.н. кибер напади и дестабилизирачки активности. - И тоа ќе го направиме затоа што не сме во војна, но не сме ниту во мир, додаде Руте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица АндовскиОливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор. По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски. Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАмандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиСобраниската комисија за транспорт денеска ќе расправа за измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.За предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски. Со измените се предвидува нов модел за финансирање на радиодифузната дејност.средствата ќе се обезбедуваат од буџетот во висина од еден процент од реализираните даночни приходи. Финансирањето ќе се утврдува за период од пет години.по истекот на овој период, повторно ќе се дефинира висината на средствата за наредните пет години. Целта е да се обезбеди стабилно и предвидливо финансирање на радиодифузната дејност.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон МоскваАвион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник. Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи. Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди. Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00