Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент - Канал 5

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!

„АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.

Се гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!

Европската кошарка е потресена од шокантна вест: „АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.

Во официјалното соопштение упатено до јавноста и навивачите, клубот потврди дека се наоѓа во состојба на целосна несолвентност, изразувајќи надеж дека во иднина можеби ќе успее повторно да го активира проектот преку реструктурирање.

„И покрај сите вложени напори, ’АС Монако Баскет’ се најде во состојба на несолвентност“, се вели во соопштението на тимот, кој се надева дека „Рока Тим“ (Roca Team) еден ден повторно ќе заигра во арената „Гастон Медесин“.

Овој пресврт – барем засега – стави крај на проект што постигна историски резултати во француската и европската кошарка во текот на изминатите 12 години.

Во тој период, „Принцовите“ освоија три титули во француското првенство, четири трофеи во „Лидерс купот“, два Купа на Франција и еден Суперкуп.

Нивниот најголем европски успех дојде во 2021 година, кога го освоија Еврокупот, обезбедувајќи ја првата европска клупска титула во историјата на Кнежевството. Потоа, Монако двапати се пласираше на завршниот турнир (Фајнал-фор) во Евролигата, а пред само година и пол играше и во големото финале на елитното европско натпреварување.

Предавање на палката и премин на аматерско ниво Раководството на клубот им се заблагодари на навивачите за поддршката низ годините, нагласувајќи дека заедницата што ја изградиле е нивното најголемо богатство – она што нема да исчезне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрова-Чамова: Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот за Коридорот 8

Коридорот 8 треба да се гледа како единствен стратешки проект за поврзување, а не како збир од одделни инфраструктурни сегменти.

Петрова-Чамова: Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот за Коридорот 8

Ова го изјави бугарската министерката за надворешни работи Велислава Петрова пред меѓународниот форум за Коридорот 8 во Софија каде присутвува и македонска делегација.според неа,

-Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот, кој е од клучно значење како за поврзувањето со Западен Балкан, така и за европското поврзување, пренесе БГНЕС.

Бугарскиот министерот за транспорт Георги Пеев утринава изјави дека Бугарија и Македонија веќе презеле конкретни чекори за забрзување на изградбата на Коридорот VIII. Тој нагласи дека проектот има не само транспортно, туку и стратешко значење за безбедноста на регионот. Пренесува БГНЕС. Тој додаде дека со оглед на конфликтите и војните во близина на регионот, изградбата на транспортни коридори добива уште поголемо значење.во врска со чекорите за изградба на Коридорот 8, рече:„веќе дека постои заеднички комитет со македонската страна, кој одржал два состанока - еден во Софија и еден во Скопјe. Таму изготвивме конкретен план. Сите проекти се одвиваат со забрзано темпо.“„најтежок е заедничкиот тунелски објект меѓу Бугарија и Македонија. Таму, бугарија ќе биде водечка земја, таа ќе ги додели процедурите. Ова е најголемиот предизвик бидејќи станува збор за тунелски објект кој бара соодветни напори“, објасни тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во песто

Во четврток (01.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Виктор Димитриевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во песто

Состојки за денешниот рецепт:

3 парчиња пилешки стек

100 гр. фета сирење

1 домат

1 тегличе песто

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер