Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
СветРуските трупи стрелаат 16 украински заробеници- најмасовна егзекуција досега (ВИДЕО) Шокантна снимка од беспилотно летало, наводно, го покажува моментот кога руските војници вршат масовно егзекуција на 16 украински воени заробеници.Автентичноста на видеото не е потврдена, а доколку се утврди дека е автентична, тоа е најголемата позната масовна егзекуција од овој тип за време на бруталниот конфликт кој трае повеќе од две и пол години, објави „Дејлимејл“. Украинските власти велат дека на снимката се гледа дека војниците дејствувале во согласност со убиствената политика на режимот на Путин, кој го одобрува убиството на воените заробеници. Видеото покажува 16 војници кои се предаваат како излегуваат од шумата контролирана од руските сили во близина на Покровское во областа Доњецк. Затворениците се редат на отворен простор, а потоа се појавуваат четворица војници на Путин кои отвораат оган врз нив. ❗️❗️Russian soldiers executed 16 Ukrainian prisoners of war in the Pokrovske direction. The Prosecutor’s Office has launched an investigation into this war crime committed by the Russian army On October 1, reports surfaced on Telegram channels about the possible execution of 16… pic.twitter.com/l0fqVIfUtx — Oriannalyla 🇺🇦 (@Lyla_lilas) October 1, 2024 Оние кои се уште давале знаци на живот наводно биле „проверени“ од непосредна близина со автоматско оружје, тврдат Украинците. Русите потоа се враќаат во шумата, која се чини дека е обвиткана со магла или чад. „Покрената е истрага за уште едно воено злосторство од страна на руската армија“, рече главниот украински обвинител Андриј Костин, додавајќи: „Ова е најголемиот познат случај на пукање во украински воени заробеници на линијата на фронтот. Тоа е уште еден доказ дека убиствата и мачењето на затворениците не се случајни инциденти, туку свесна политика на руското воено и политичко раководство.“ Horrifying moment Putin's troops 'line up and shoot 16 Ukrainian PoWs' in the conflict's 'most massive' execution https://t.co/7kkB0DFwnp pic.twitter.com/Y9wB8lLFuo — Daily Mail Online (@MailOnline) October 2, 2024 Службата за безбедност на Украина (СБУ) работи на „верификација“ на видеото кое се појави на каналите на Телеграм. Дмитро Лубинец, комесар за човекови права на украинскиот парламент, рече дека веќе испратил писма до ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст во врска со овој очигледен масакр. „Систематските злосторства против украинските воени затвореници мора да бидат запрени и одговорните мора да одговараат“, рече тој, додавајќи: „Нехуманата држава повторно го прекрши меѓународното хуманитарно право и Женевските конвенции, прибегнувајќи кон нови размери на егзекуција на воени заробеници“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter