Руските научници регираат поради штурите податоци за вакцината „Спутник 5“

Русија почна масовни вакцинации со „Спутник 5“. Но се зголемува загриженоста поради штурите податоци и скратениот пат до вакцината.

Група научници од водечките руски универзитети го критикуваат процесот на развој на руската вакцина „Спутник 5“ против коронавирусот како „целосно неприфатлив“ и „смешен“ во отворено писмо, покренувајќи нови грижи за недостигот од доволно податоци за нејзината безбедност и ефикасност.

Експертите велат дека рускиот Државен институт за истражување Гамалеја, кој ја развива вакцината, ги игнорирал барањата за споделување податоци - и покрај тоа што јавно го ветил тоа - и предизвикал нов страв за политичко мешање и низа наводни недостатоци во истражувањето на вакцината.

Најпрво беше изразена загриженост околу испитувањата на фазата 2 во Русија - ограничена програма во која учествуваа само 76 волонтери - во текот на летото, откако нејзините резултати беа објавени во Лансет. Но додека Русија влегува во испитувањата во фаза 3 и почна масовни вакцинации, се зголемуваат грижите за лошите стандарди на научните истражувања, вели Москва Тајмс.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер