3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураРускиот великан на пијаното Николај Лугански вечерва во „Св. Софија“Во рамки на програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва со почеток во 21 часот, во црквата „Света Софија“ концерт ќе одржи врвниот руски пијанист Николај Лугански. Лугански критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахмањинов и на Прокофјев. - Овој руски великан на пијаното, со сигурност ќе приреди незаборавен концерт во црквата „Св. Софија“, а посетителите ќе бидат побогати за уште едно големо уметничко доживување. Како организатори и домаќини сме горди што го имаме легендарниот Николај Лугански на ова јубилејно 55-то издание на фестивалот. Уметник кој критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахмањинов и на Прокофјев. Ова ќе биде огромна чест и привилегија за сите посетители кои ќе бидат дел од овој долго очекуван настан, рече на денешната прес-конференција селекторот на музичката програма - Гордана Јосифова-Неделковска. Како што најави селекторката Јосифова-Неделковска огромен бил интересот за концертот на овој виртуоз, а истовремено и поет на пијаното. -Покрај останатите љубители на музиката, голем е и бројот на пијанистите, не само од Македонија, туку и од соседните држави, кои со нетрпение чекаат да го чујат овој голем уметник, вели Јосифова-Неделковска. Врвниот светски уметник, рускиот пијанист Николај Лугански вечер ќе настапи со дела од Шуберт и Чајковски. - Вечерва ќе свирам композиции од Шуберт и Чајковски. Шуберт-соната, тоа е една од трите последни сонати кои се напишани во последниот период од неговиот живот и тоа најверојатно е едно од најтрагичните дела на Шуберт. Во вториот дел ќе ја отсвирам Големата соната на Чајковски. Скоро сите дела на Чајковски се доста трагични, но, еве, оваа соната е еден пример дека има и светли моменти во неговото творештво. Доста е светла и сончева и ја покажува позитивната страна на неговото творештво, изјави Лугански. Тој го изрази своето воодушевување од високата уметничка вредност на „Охридско лето“ и настапот на врвни светски уметници на овој фестивал. - Секогаш се чудам на колку високо ниво е фестивалот „Охридско лето“. Колку што разбрав, вчера настапи мојот многу добар пријател Александар Книажев и Андреј Коробеиников, а се очекува настап и на Максим Венгеров и Иво Погорелиќ. Фестивалот има навистина високо уметничко ниво, рече Лугански. Овој пијано-виртуоз по четврти пат доаѓа во Охрид и како што кажа, освен од фестивалот „Охридско лето“ е воодушевен и од Охрид и Охридското Езеро. Николај Лугански студирал на Московскиот конзерваториум во класата на видни професори – Татјана Кестнер, Татјана Николаева и Сергеј Доренски. Во текот на својата кариера настапувал во некои од најпрестижните сали во светот „Вигмор хол“ во Лондон, „Концертхаус“ во Берлин, „Театр де Шанз Елизе“ во Париз, Големата сала на Московскиот конзерваториум, Големата сала на Филхармонијата на Санкт Петербург и други. Соработувал и со некои од најзначајните оркестри: Лондонскиот филхармониски оркестар, Чешката филхармонија, Рускиот национален оркестар, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, Филхармонијата на Санкт Петербург и др. Покрај солистичката дејност, Лугански настапува и како камерен музичар заедно со Миша Мајски, Вадим Репин, Александар Књазев и др. Чест гостин е и на некои од најпознатите фестивали во светот, меѓу кои „Би-би-си промс“, „Ла рок дантерон“, „Рајнгау музик фестивал“, Интернационалниот фестивал во Единбург и многу други, а се јавува и како уметнички директор на „Тамбов Рахмањинов фестивал“. Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои и „Уметник на народот на Русија“ во 2013 година. На неговиот репертоар вечерва се дела од австрискиот композитор Франц Шуберт и рускиот композитор Петар Илич Чајковски. Настан кој со сигурност не треба да се пропушти. Почетокот на концертот е во 21 часот. Инаку во црквата „Св. Софија“ почетокот на музичката програма приреди концерти кои долго ќе се паметат, концерти кои предизвикаа бура од емоции кај љубителите на уметноста. - Првите 3 концерти се предвидени со врвни, но и светски уметници. Силен почеток на музичката програма што покажува дека не е само свеченото отворање значаен настан, туку се залагаме за квалитетна и атрактивна програма исполнета со светски имиња во текот на 40 фестивалски денови. Концертот на Коробеиников ја вознесе публиката во Св. Софија подарувајќи 3 биса. И вториот концерт беше настан кој долго ќе се памети, не само што ја вознесе, туку и расплака бројната публика во црквата Св. Софија, концерт кој што постави нови уметнички критериуми и репери , вели Јосифова Неделковска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои царините за Мексико ако не ги спречи големите групи мигранти кои, според него, се движат кон границата со САД. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој тврди дека по поразот на републиканците на конгресните избори, повторно се случува „инвазија“ на САД. „Еве нè повторно! Поради наводниот пораз на републиканците на конгресните избори - на кои ЈАС НЕ СЕ КАНДИДИРАВ - ИНВАЗИЈАТА на нашата земја повторно се случува“, напиша Трамп. „Мексико мора да ги запре сега“ Трамп тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти и се движат кон Соединетите Американски Држави. „Се формираат огромни каравани и започнуваат нелегална кампања низ Мексико. Многу луѓе во овие каравани се оние што разни земји не ги сакаат - „Испратете ги во Америка“, велат тие - но нема да бидат прифатени!“, рече тој. TRUMP: Threatens to immediately double tariffs on Mexico unless it stops migrant caravans; says Texas governor, Border Patrol and ICE have been informed https://t.co/3q15P0d7yE — Trump Truths (@trumptruthsbot) November 12, 2026 Потоа му се закани на Мексико со економски мерки ако не ги спречи мигрантите. „МЕКСИКО МОРА ДА ГИ ЗАПРЕ СЕГА, а ако не го сторат тоа, царините за Мексико ВЕДНАШ ќе бидат ДВОЈНИ“, напиша американскиот претседател. „Нема да има отстапки“ Трамп рече дека Мексико, гувернерот на Тексас, американската гранична патрола и Службата за имиграција и царина (ICE) биле информирани за неговото барање. Тој конкретно го спомена новиот гувернер на Тексас, кого го опиша како „многу либерален“. „Нема да има отстапки! Ви благодарам за вниманието“, заклучи Трамп. Трамп не даде докази во објавата за тврдењата за караваните со мигранти, ниту прецизираше за кои постоечки царини ќе се однесува најавеното удвојување.Тагови: Доналд Трамп Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЖивотИнфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“. Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе. Од mukbang до Холивуд Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи. View this post on Instagram A post shared by Trisha Paytas Hacmon (@trishapaytas) Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми. За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“. Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа. View this post on Instagram A post shared by Trisha Paytas Hacmon (@trishapaytas) Семејство и нови мемоари Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година. Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.Тагови: инфлуенсерка Јутјуб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРуте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО) Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда. Споредба со Виетнам Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина. 🚨 🚀🇷🇺🇺🇦 NATO Secretary General Mark Rutte claims Russia is suffering heavy battlefield losses in its war against Ukraine: "Russia's war against Ukraine continues. Putin is failing on the battlefield. In the past few months, Russia has been losing more than 40,000 troops killed or seriously wounded every month." — Russia News (@russianews_eng) November 12, 2026 „Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте. Напади врз цивили и хибридна војна Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата. „Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој. Проценки за вкупните загуби Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.Тагови: Марк Руте русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook