Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
2Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
СветРускиот тајкун Владислав Баумгертнер исчезна на КипарКипарската полиција вчера издаде соопштение во врска со исчезнувањето на Баумгертнер со фотографија и детални податоци, барајќи информации што би можеле да помогнат во неговото пронаоѓање.Во тек е истрагата на кипарските власти за пронаоѓање на 56-годишниот руски тајкун Владислав Баумгертнер, поранешен извршен директор на рускиот гигант за вештачки ѓубрива „Уракали“, кој од средата се води за исчезнат од неговиот дом во близина на градот Лимасол, јави дописничката на МИА од Атина. Кипарската полиција вчера издаде соопштение во врска со исчезнувањето на Баумгертнер со фотографија и детални податоци, барајќи информации што би можеле да помогнат во неговото пронаоѓање. - Полицијата бара информации што би можеле да помогнат во пронаоѓањето на Владислав Баумгертнер, 56-годишен од Русија, кој од 07.01.2026 година исчезнат од неговото место на живеење во Лимасол, пишува во соопштението од полицијата Според кипарските медиуми исчезнувањето го пријавила неговата вработена, која ги информирала властите дека не одговарал на нејзините телефонски повици, а во истрагата за пронаоѓање на бизнисменот во саботата и вчера биле спроведени детални истраги со припадници на полицијата, членови на Одделот за истраги и спасување од Лимасол, волонтери, како и хеликоптер и дрон. Во текот на вчерашниот ден во фокусот на потрагата бил западниот дел на Лимасол и областа Писури, каде што бил откриен последниот сигнал на мобилниот телефон на исчезнатиот. Медиумите на Кипар пишуваат дека во 2013 година, Баумгертнер бил уапсен на аеродромот во Минск и задржан во центар за привремен притвор, а според весникот „Филелефтерос“ „неговиот апсење беше врв на конфликтот меѓу Москва и владата на Белорусија околу „картелот“ на калиум (хидроксид на калиум), по одлуката на „Уракали“ да ја прекине соработката со државната компанија „Беларускали“. - Баумгертнер тогаш беше обвинет за злоупотреба на власт и во ноември 2013 година беше екстрадиран во Москва, каде што му беше определен домашен притвор пред да биде разрешен од функцијата во „Уракали“. Иако обвиненијата против него беа целосно повлечени во 2015 година, случајот тогаш се сметаше за политичко заложништво во рамките на односите меѓу Путин и Лукашенко, пишува кипарскиот весник. Според „Сајпрус Тајмс“, Баумгертнер потоа, се вратил на бизнисот, го презел раководството на „Глобал Портс“ и во последните години живее на Кипар. На Кипар, актуелен е уште еден случај со руски државјанин, неповрзан со исчезнувањето на Баумгертнер. Кипарските медиуми пишуваат дека во четвртокот, во руската амбасада во Република Кипар бил пронајден мртов еден од вработените. Од руската амбасада денеска излегоа со соопштение со кое информираат за смртта на нивниот колега, А.В. Панов, вработен во амбасадата, кој починал на 8 јануари 2026 година. - Неговата смрт е длабоко лична трагедија за неговото семејство и пријателите. На семејството му е пружена сета потребна помош и поддршка. Амбасадата, во соработка со кипарските власти, работи на обезбедување на брза репатријација на неговото тело во неговата татковина, соопштија од амбасадата. Тагови: кипар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКремљ: Подготвени сме да разговараме со Украина за крај на војната Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина.Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Таквите преговори не се одржани од февруари. Ушаков рече дека новата рунда преговори треба да се фокусира на „изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршувањето на конфликтот“. Виткоф го информираше Путин за разговорите одржани еден ден претходно во Осло, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, норвешкиот премиер и финскиот претседател, рече Ушаков. Претставникот на Трамп разговараше со Путин Според него, Виткоф „укажал на некои нови пристапи и нови елементи во позициите на Европејците и Киев, иако тие не содржеа многу корисни за решавање на украинската криза“. За време на речиси тричасовниот состанок, Путин и американскиот претставник разговараа и за спроведувањето на договорот што Путин и американскиот претседател Доналд Трамп го постигнаа на 9 октомври за снабдување на американските и светските пазари со руско дизел гориво, додаде Ушаков. Тие разговараа и за кризата во Иран. „Владимир Путин нагласи дека дипломатските опции сè уште не се речиси исцрпени и дека е можно и неопходно да се постигне договор со Техеран, кој е наш стратешки партнер“, рече Ушаков. Тој додаде дека Русија ја потврдила својата подготвеност да продолжи да помага во наоѓањето политички и дипломатски решенија за иранското прашање.Тагови: кремљ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%Ризикот од предвремено породување значително се зголемува кога бремените жени се изложени на топлотни бранови, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денес.СЗО се повикува на студија од 2024 година, објавена во научното списание „Nature“, која укажува дека изложеноста на топлотни бранови може да го зголеми ризикот од предвремено породување за дури 26 отсто. Истата студија покажува дека изложеноста на екстремни горештини за време на бременоста, исто така, го зголемува ризикот од мртвороденост, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес – форма на дијабетес што се јавува за време на бременоста. Според податоците на СЗО, доенчињата во 2024 година биле изложени на топлотни бранови речиси пет пати почесто отколку децата родени помеѓу 1986 и 2005 година. „На глобално ниво, се проценува дека 1,5 милијарди деца се изложени на топлотни бранови кои стануваат сè почести, подолготрајни или поинтензивни“, се наведува во извештајот. Што им советува СЗО на бремените жени? Светската здравствена организација препорачува бремените жени да внесуваат доволно течности за време на периоди со екстремни горештини, по потреба да ги ладат вратот и стапалата со влажни крпи и – секогаш кога е можно – да ги планираат своите активности за постудените делови од денот. СЗО, исто така, ги повикува здравствените власти да воспостават системи за рано предупредување за екстремни горештини и да преземат дополнителни мерки за подобро информирање на семејствата за потенцијалните ризици. Во извештајот се предупредува дека здравствените системи мора да се подготват за обезбедување грижа за поголем број бремени жени и доенчиња, бидејќи бројот на денови со екстремно високи температури е во пораст. СЗО исто така ја нагласува потребата од собирање повеќе податоци на сите нивоа, што ќе им овозможи на властите попрецизно да проценат кои здравствени ризици се зголемуваат и во која мера. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)Воениот авион „Су-30“ се урна денес во Калининградската област за време на тренажен лет.Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“. Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување. Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени. Russian Sukhoi Su-30SM fighter jet crashed near the town of Chernyakhovsk located in Russia's Kaliningrad Oblast on Wednesday afternoon. According to reports, the two crew-members managed to eject before the plane impacted the ground. They were later transferred to a medical facility with some wounds. Presumably, the airframe belonged to the 4th Guards Naval Assault Aviation Regiment of the Baltic Fleet, with home-base at the nearby Chernyakhovsk Air Base. (Su-30 photo is for illustration purposes only and might not represent the actual airframe lost in the accident) — Status-6 (@Archer83Able) October 21, 2026 „Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook