3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветРускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затворАлексеј Навални се чувствувал лошо и нанадејно загубил свест по утринската прошетка, е се што засега открија руските власти, по шокантната вест дека најистакнатиот опозициски лидер и најостар критичар на Путин починал во затвор.Алексеј Навални се чувствувал лошо и нанадејно загубил свест по утринската прошетка, е се што засега открија руските власти, по шокантната вест дека најистакнатиот опозициски лидер и најостар критичар на Путин починал во затворот каде отслужуваше 19-годишна затворска казна. Неговата смрт ја потврдиле затворските служби во казнената колонија Јамало - Ненец во рускиот арктичкиот регион две илјади километри од Москва. Му била направена реанимација, но само била констатирана смрт. Кремљ само кусо соопшти дека претседателот Путин е известен за случајот и дека се утврдуваат сите околности за смртта на Навални, кој последен пат јавно се појави на рочиште вчера кога насмеан им отпоздравуваше на камерите. -Почитуван судија, ќе ви го испратам бројот од мојата банкарска сметка за да можете од вашата голема судиска плата да ја наполните мојата лична сметка, бидејќи ми снемуваат пари. , изјави вчера Алексеј Навални. Од западниот свет стигнуваат жестоки реакции кои без исклучок го посочуваат рускиот режим дека е одговорен за смртта на 47-годишниот опозиционер. -Неговата смрт во руски затвор и фиксирањето и стравот од еден човек само ја нагласуваат слабоста и гниењето во срцето на системот. Русија е одговорна за ова. , изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД. Навални по вокација адвдокат, беше познат по бројните истраги за корупција, остар критичар на војната во Украина и организатор на серија масовни антивладини протести. Беше отруен, според тврдењата со нервен отров новичок и падна во кома. Се лекуваше во Берлин, а по враќањето пред три години експресно беше уапсен на аеродромот. Обвинуван, затворан и осудуван за дузина дела, последен пат лани за корупција и за финансирање екстремистичка организација кога доби 19 години затвор. Путин тогаш прашан од странки медиум одби да гарантира дека осуденикот ќе преживее во затвор. 2.-За мене тој е само еден граѓанин на Руската федерација кој е осуден од руски суд и се наоѓа во затвор. Такви има многу. Тој нема да има полош третман од кој било друг. Никој не може да има ексклузивен третман. Тоа би било погрешно. Сите треба да се во рамноправна позиција. Изјави Владимир Путин, претседател на Русија (15.06.2021) Смртта на Навални се случува на точно еден месец до претседателските избори во Русија, на кои Путин повторно е несомнен фаворит. Европската Унија денеска го обвин Кремљ дека сноси единствена одговорност за смртта на Навални. Германскиот канцелар Шолц изјави дека активистот својата храброст ја платил со својот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на работна средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМДенеска остварив работна посета на РЕК Битола и средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ.На работниот состанок разговаравме за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето. Континуираната комуникација, координација и посветеност на институциите и вработените се важни за стабилно функционирање на енергетскиот систем и обезбедување сигурно производство на електрична енергија, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија Полетувањата и слетувањата на аеродромот Келн-Бон во Германија беа прекинати околу два и пол часа откако дрон беше забележан над аеродромот вчера вечерта.Портпаролот на аеродромот изјави дека објектот бил забележан кратко пред 22 часот, што предизвикало прекин на целиот воздушен сообраќај, објави денес „Велт“. Германската контрола на летање го истражи инцидентот и дозволи летовите да продолжат околу 00:30 часот, соопшти операторот на аеродромот. Ниту операторот ниту германската контрола на летање не објавија дополнителни информации за околностите на инцидентот.Тагови: аеродром дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаНова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“. Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица. Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден. На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.Тагови: Виена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31