3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
КултураРускиот манастирски хор „Оптина Пустин“ на „Охридско лето“ Дваесет и осмиот ден од годинешното 57. Издание на „Охридско лето“ нуди две интересни содржини - концертот на машкиот манастирски хор „Оптина Пустин“ од Санкт Петербург и мултимедијалниот проект на охридскиот уметник Драган Спасески.Во рамки на концертот на „Оптина Пустин“ под диригентска управа на Александар Семенов како солисти ќе настапат Александар Горбатенко - контратенор, тенорите Александар Детинкин и Евгениј Михеев, баритонот Дмитриj Писарев и Владимир Милер - бас профундо, како и гостите Иван Томашев - бас баритон од Србија, неговата сонароднича Сања Керкез од Србија – сопран, како и нашата сопранистка Милена Арсовска. Машкиот хор „Оптина Пустина“ е основан во 1996 година во рамки на монаштвото на областа Оптина Пустин во Санкт Петербург. Уште од првите денови на основањето хорот постојано го надградува својот репертоар што се состои од стари и нови екслезиастички пеења. Како резултат на нивната работа откриени се и изведени бројни манускрипти кои постоеле во различни академски библиотеки во Русија и во светот, а нивните концерти вклучуваат пеења не само од руската традиција, туку и од ортодоксните традиции на Грција, Бугарија, Србија и Грузија, како и модерни аранжмани на стари пеенија и религиозни композиции на руски композитори. Основачот на хорот и негов уметнички раководител Александар Семенов дипломирал хорско диригирање на Конзерваториумот во Санкт Петербург, се усовршил во областа на оркестарското диригирање, а ја проучувал и старо-руската музичка нотација. Хорот е составен од професионални музичари, дипломци на Конзерваториумот во Санкт Петербург, меѓу нив е и познатиот бас Владимир Милер (солист на театрот „Марински“, национален уметник на Русија), како и наградуваните солисти Александер Горбатенко (контра-тенор), Дмитри Шишкин (бас), Дмитри Писарев (баритон), Борис Петров (баритон), Евгениј Микхеев (тенор), Андреј Иванушкин (тенор), Виктор Капров (бас), Сергеј Григориев (бас). Во дведецениското уметничко делување хорот остварил настапи во повеќе од 30 градови во Русија, а има реализирано турнеи во Белгија, Унгарија, Германија, Холандија, Шпанија, Италија, Кина, Колумбија, Норвешка, Србија, Црна Гора, Финска, Франција, Шведска, Естонија и Украина. Нивни концерти се одржани во Катедралната црква на Кремљ во Москва, Катедралата „Св. Софија“ во Нижни Новгород и Киев, во бројни катедрални цркви во западна Европа, како и во повеќе концертни сали. Во 2006 издавачката куќа „Ворнермјузик“ го издава ЦД-то снимено со италијанскиот ансамбл „Солистивенети“ и Клаудио Шимоне, а во досегашната дискографија на хорот се впишани и 14 други албуми. На програмата на концерот закажан за 20:30 часот во „Света Софија“ се избрани духовни композиции, грегоријасни распеви, старобугарски распеви, манастирски песни, херувимски песни, духовни песни на Борњански, Чесноков, Рахмањинов, Трубачев, Свиридов, Садовски и на Шуберт. Веднаш по завршувањето на концертот на истата сцена некаде од 22 часот ќе биде претставен и мултимедијалниот проект „Човек е трепет и ангелот трепет е, а ти Боже мој...“ на Драган Спасески Охридски. Спасески досега ги има реализирано проектите „Апокалиптичен Нарцис“ (1989 год.), „Сè трепери“ (1996 год.), „Блиску до Сонцето и љубовта мракот помалку боли“ (1999 год.), „Вибрација креација совршена релација“ (2001 год.), „Охридски ангели“ (2003 год.), „Погледни во себе“ (2004 год.), „Трите точки“ (2008 год.), „Охридски бисери на мудроста“ (2010 год.), „Битолска трилогија“ (2011 год.). Новиот мултимедијален проект е насловен во форма на хиаку песна, а го претставува доживувањето на уметноста како дел од бесконечноста и вечноста продолжувајќи ја љубовта кон човечкото...ангелското и Божјото./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook