Рускиот амбасадор во Атина: Членството во НАТО не може да биде фактор на стабилност

Интеграцијата на уште една земја во НАТО несомнено не може да ја зајакне стабилноста и безбедноста на Балканот, вели рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов во интервјуто за информативниот портал „Спутник".

Амбасадорот на Русија објаснува дека тие како постојан член на Советот за безбедност сметаат дека биле прекршени законските јасности во процесот на одобрување на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Масlов додава дека двете страни стигнаа до договор, најдоа ново име и тоа е прашање што се однесува на двете страни „и се чини како да нема ништо лошо во тоа".

-Проблемот, сепак е дека процесот на официјализирање на договорот беше со сериозни прекршувања во домашното право на една од земјите. Референдумот за името таму беше неуспешен. И покрај тоа, процесот на ратификација ја игнорираше волјата на најголемиот дел од населението на земјата. Русија како постојан член на Советот за безбедност на ОН – а и името секако е на агендата на Советот за безбедност од 1993 година – го нагласува фактот дека беа прекршени законските јасности на процесите за одобрување договорот. И секако, како што реков, таков забрзан, трескавичен прием на балканска земја во НАТО не може да биде фактор на стабилност, вели Маслов во интервјуто за „Спутник", пренесе МИА.

Бојмацалиев: Нашите бранители -херои од 2001 никогаш нема да бидат заборавени

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача  дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на настанот во Битола организиран од ,,Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година.

За мирот и спокојот што денеска го имаме, додаде, ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.

-Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на Министерството за внатрешни работи дозволете ми да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени, а Македонија ќе биде вечна, потенцираше Бојмацалиев.

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да ги ослободи

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, објавија видео на кое се гледаат двајца заложници заробени на 7 октомври, кои бараат од израелската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Видеото содржи разговор со Кит Сегал (64) и Омри Миран (47), кои зборуваат за тешките услови што ги доживеале при израелското бомбардирање во Појасот Газа, пренесува Анадолија.

Објавена и изјавата на израелскиот премиер Нетанјаху, кој рече: Само континуираниот воен притисок ќе доведе до ослободување на сите заложници.

Цитирана е и изјавата на министерот за одбрана Јоав Галант, кој изјави: Колку повеќе се зголемува воениот притисок, толку се поголеми шансите да дојдеме до вашите најблиски.

Бригадите Ал-Касам во видеото велат дека воениот притисок што го изврши Израел доведе до смрт на десетици заложници во Газа, а останатите ги лиши од прославата на еврејската Пасха со нивните семејства. „Вашите нацистички водачи не се грижат за судбината на вашите заробени синови и нивните чувства. Сфатете го ова пред да биде предоцна“, се заканија припадниците на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ и во САД.

Приведени двајца крадци од Србија за седум кривични дела

Приведени двајца крадци од Србија поради извршени шест тешки кражби и украдени велосипеди на подрачјето на општина Аеродром.

- Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р. Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром, информираат од МВР.

Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците.

притисни ентер