Руски воен суд им изрече доживотен затвор на сторителите на терористичкиот напад во концертната сала во Москва - Канал 5

Руски воен суд им изрече доживотен затвор на сторителите на терористичкиот напад во концертната сала во Москва

Рускиот воен суд ги осуди на доживотен затвор четворицата главни сторители на исламистичкиот терористички напад врз московската концертна сала во 2024 година, објавија денеска руските медиуми.

Руски воен суд им изрече доживотен затвор на сторителите на терористичкиот напад во концертната сала во Москва

Петнаесет други соучесници, исто така, се осудени на доживотни казни затвор или затворски казни од 19 до 22 години за нивните улоги во нападот, во кој загинаа речиси 150 лица, а повеќе од 300 беа повредени.

На 22 март 2024 година, четворица мажи нападнаа рок концерт во концертната сала Крокус во предградието на Москва, каде што извршија масовна стрелба и потоа го запалија објектот.

Според различни извештаи, во терористичкиот напад загинаа помеѓу 147 и 149 лица.

Одговорноста за нападот ја презеде огранок на милитантната група Исламска држава во Авганистан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 28. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 28. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 28. јуни 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска вашиот партнер нема да покажува способност за реалност, туку обратно. Затоа вие ќе бидете тука за да го спуштите на земја.

Кариера

На состаноците ќе дојде до недоречености , што ќе ве нервираат. Вие сакате се да ви е јасно , а се случува спротивното.

Здравје

Разјаснете го она што можете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во попладневните часови доаѓа до нови поместувања кон подобро во вашата врска. Затоа дочекајте ги со радост.

Кариера

Возможна е соработка со една млада личност , која е посериозна од вашите врсници. Размислувате за неа.

Здравје

Не претерувајте со грижите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска би можеле да се фокусирате на нешто ново. Заедно ќе истражувате интересни теми.

Кариера

Далечни филозофии, егзотика , други народи и континенти – сето тоа би можело денеска да ве преокупира.

Здравје

Оние кои можат нека отпатуваат.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата самодоверба ќе биде на краткотраен испит. Но , со љубав и верба во партнерот набргу се ќе надминете.

Кариера

Можен е финансиски трошок за кој што мислевте дека можеше да се избегне , односно дека е непотребен.

Здравје

Не си ја трошете силата попусто.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе има нов замав , благодарејќи на магичната комуникација што ќе се одвива меѓу вас и вашиот партнер.

Кариера

Одлично ќе маневрирате во секој вид деловна кореспонденција.На суптилен начин ќе ја постигнете саканата цел.

Здравје

Не жалете по небитни работи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе одминува денот , во вашите лични односи ќе име се повеќе фрустрации.

Кариера

Бидете подготвени за нови потфати и активности , што од вас ќе бараат знаење , интуиција и вештина.

Здравје

Не им верувајте на слаткоречиви .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера

Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје

Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве гушне. Доколку сте во врска, добро е. Ако сте сами ќе ве мачи копнеж.

Кариера

Во уметничките и естетските професии , би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде преголема и штетна.

Здравје

Спуштете се на земја.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашиот вкус за детали.

Кариера

Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно , па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот.

Здравје

Настинка.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе најдете начин за да задржите нечија доверба , но тоа во исто време и ќе ве обврзе. Сметајте на тоа.

Кариера

Изгледа дека својата работа ќе ја гледате во розево светло. Би било подобро да ја согледате и онаа другата, помалку привлечна страна.

Здравје

Треба да се биде реален.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата фантазија може да создаде се што недостига , но кога работите ќе ги видите во реалноста, се гледа дека сепак нешто недостига.Поработете на тој дел.

Кариера

Кога сите луѓе би биле простодушни како деца, светот би бил поубав и се би било поедноставно. Соочете се со реалноста.

Здравје

Излезете на сонце .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Иако нема да бидете премногу отворени, сепак ќе покажете добра доза на друштвена комуникација.

Кариера

Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе зарабиотуваат на црно.

Здравје

Чувствителност на нервиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу топло време со температура до 38 степени, мало заладување од среда

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Многу топло време со температура до 38 степени, мало заладување од среда

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 Целзиусови степени.

Синоптичарите информираат дека под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне до 39 Целзиусови степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човек ѝ платил 50.000 долари на вештачка интелигенција за 6 месеци да му најде жена за брак

Вештачката интелигенција повеќе не е само алатка за одговарање на прашања, туку сè повеќе станува систем за управување со животните цели.

Човек ѝ платил 50.000 долари на вештачка интелигенција за 6 месеци да му најде жена за брак

Најновиот пример доаѓа од Reddit, каде што корисник презентираше експеримент во кој агент на вештачката интелигенција му помогнал да најде сопруга во рок од шест месеци.

Корисникот наведува дека го користи експерименталниот систем од Anthropic, со максимален пакет за претплата и буџет од 50.000 долари. Вештачката интелигенција не ги презема директните човечки интеракции, туку анализира разговори, дава препораки и ја прилагодува стратегијата врз основа на резултатите.

Вештачката интелигенција како животен стратег, а не само четбот

Идејата на експериментот е дека вештачката интелигенција функционира како личен стратег, помагајќи да се подобри комуникацијата и донесувањето одлуки, додека сите вистински интеракции остануваат кај корисникот. Во пракса, вештачката интелигенција станува систем што ги следи долгорочните цели и итерактивно ги оптимизира.

Во дискусијата што следеше, повеќето коментари на Reddit имаа хумористичен тон, но дел од заедницата ја нагласи поважната порака. Според нив, вештачката интелигенција треба да служи за личен развој, а не за „оптимизирање“ на луѓето како податоци.

Границата помеѓу помош и прекумерна автоматизација

Овој случај се вклопува во поширок тренд каде што системите со вештачка интелигенција сè повеќе се користат како агенти за долгорочни задачи. Тие не само што одговараат на прашања, туку планираат, запомнуваат и адаптираат стратегии со текот на времето.

Овој пристап веќе се користи во бизнисот, учењето и организацијата на работата, а овој експеримент покажува дека истото размислување полека се пренесува во приватниот живот. Клучното прашање останува колку далеку можат и треба да одат ваквите системи.

Иако технологијата развиена од Anthropic овозможува сè понапредни модели на „агенти“, експертите предупредуваат дека границата помеѓу корисна помош и прекумерна зависност сè уште не е јасно дефинирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер