Руски рудари барале злато, па ископале остатоци од суштество кое изумрело пред 10.000 години - Канал 5

Руски рудари барале злато, па ископале остатоци од суштество кое изумрело пред 10.000 години

Волнениот носорог (Coelodonta antiquitatis) е изумрен вид кој ги населувал северните степи на Евроазија, Сибир и монголските низини за време на плеистоценот.

Руски рудари барале злато, па ископале остатоци од суштество кое изумрело пред 10.000 години

Тие одамна биле на својот врв и малку се знае за нив. Затоа веста за откривање замрзнати остатоци во областа Колима на далечниот исток на Русија е вистинска сензација.

На социјалните мрежи кружат фотографии од рудари кои, барајќи злато во тундрата, пронашле зачувани остатоци од волнениот носорог, пренесува Метро.

Ги гледаме мумифицираното тело и рогот, кои се зачувани благодарение на ниските температури. Овој регион сè уште е главно покриен со вечен мраз.

Потсетуваме дека на овие простори и претходно биле откриени остатоци од животни кои некогаш доминирале, како бизони или пештерски лавови.

Локалните медиуми јавуваат дека рударите биле изненадени и воодушевени кога со булдожер ја ископале земјата, а потоа сфатиле што имаат пред себе.

Возрасните волнени носорози достигнувале должина од 3,7 метри и висина од два метри. Имале два рога, фронтален и многу подолг назален. Нивното тело било покриено со долго, густо црвено-кафено крзно.

За разлика од другите плеистоценски големи тревопасни животни, тие никогаш не го преминале Беринговиот копнен мост и го населиле северноамериканскиот континент.

Се претпоставува дека причината е малата количина на храна и немањето соодветно живеалиште. Претставниците на овој вид исчезнале на крајот од последното ледено доба, пред околу 10.000 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето..

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Загина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.

Загина возач на патот Охрид – Кичево,  удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило.

Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Активни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер