Мицкоски за одлуките на Врховен: Тоа е едно големо разочарување, но тука не се откажуваме и нема да очајуваме
2Мицкоски за одлуките на Врховен: Тоа е едно големо разочарување, но тука не се откажуваме и нема да очајуваме
3Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотРуски „Росатом“ предупреди дека нуклеарните локации во Иран не смеат да бидат цел „под никакви околности“Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ соопшти дека евакуирала 94 лица од Иран, но нејзиниот персонал останува во нуклеарната централа „Бушер“.Цитирајќи го извршниот директор Алексеј Лихачов, „Росатом“ информира дека ги евакуирал сите деца на вработените, како и „несуштинскиот персонал“ и секој што сакал да ја напушти земјата, додека Израел и САД продолжуваат со нападите врз Иран. „Постојано ја следиме ситуацијата и ги проценуваме ризиците. Доколку е потребно, ќе бидат преземени дополнителни мерки во соработка со Министерството за надворешни работи за да се осигура безбедноста на нашите вработени“, изјави Лихачов. Лихачов не елаборираше за ситуацијата во „Бушер“, но рече дека нуклеарните постројки „не смеат да бидат цел под никакви околности“. „Бушер“ беше изградена од Русија и е единствената оперативна нуклеарна централа во Иран. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаИзгореа над 20 дуќани со текстилна роба во пожарот во Шуто Оризари- Наместо мирен сон - страв, паника и борба со огнената стихија за да се спасат повеќе објекти. Ова е она што зад себе го остави синоќешниот пожар во Шуто Оризари.Пеплосани се повеќе дуќани во близина на пазарот во општина Шуто Оризари, а според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во раните утрински часови. Повредени и жртви нема, но борбата на пожарникарите со пламените јазици траела неколку часа. -Во периодот од 03:31 до 06:45 часот, со 15 пожарникари и 6 Против пожарни возила, се гаснале запалени трговски дуќани на улица Индира без број во Општина Шуто Оризари. - ЦУК Дел од граѓаните на Општината утрово се разбудиле во страв, а некои од нив се сомневаат и дека пожарот е подметна и бараат реакција од надлежните органи. – Жал ми е што да гледам, ова е трагедија. Сега кој го запалил тоа, треба да се бара да се гледа, има и камери. Да бркаат работа, да видат кој е тој што ризикувал ова да го пали, значи тоа е некој голем мангуп, за него се знае што треба. – Ова гореше околу 4,5 сабајле, ние спиевме, и кога станавме сабајле да одиме на работа, ние гледаме дека гореле овие бутици тука, греота се луѓето, не знам дали ќе познат кои гореле. Страшно беше, ние тоа време спиевме кога запалиле, и станувам одма гледам дека е запалено се. – Сабајле поминав со колата со баџанакот имав нешто работа, кога видов, ова е хаос, срамота е ова, ова вака што е направено е многу срамота. Тие што го направиле се штета за општеството, пример кој и да го направил што направил, значи тоа не е лојален граѓанин. Официјално од Министерството за внатрешни работи засега нема информации за причината за пожарот. И од мвр потврдуваат дека нокеска се опожарени над 20 дуќани со како што се наведува во соопштението , со текстилна и друга роба сопственост на лице со иницијали с.с. кои биле дадени под закуп. -Денеска околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. -Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР. Иако пожарот уште од раните утрински часови целосно е изгаснат, непријатна миризба и натаму се чувствува ширум општината, посебно во непосредна близина на изгорените објекти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски за одлуките на Врховен: Тоа е едно големо разочарување, но тука не се откажуваме и нема да очајувамеЗа лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тенденциозни се обидите од власта и Мицкоски да се наметне дека судството е под контрола на СДСМ и ДУИ.Одлуката на Врховниот суд за укинување на пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци за премиерот Мицкоски е големо разочарување и последица на, како што рече, малкумина рецидиви од претходната власт на СДСМ и ДУИ кои, според него, се уште делуваат во правосудниот систем. Коментирајќи го укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски, Мицкоски кажа дека добро е ваквите примери да ги следат во ЕУ, кога се зборува за правосудството во земјава. Несреќата кај Ласкарци со голем број жртви и лица кои останале со траен инвалидитет, според премиерот, треба да биде доволна причина правосудството да постапува во интерес на правдата. -Гледате така згрчевито се борат, ги амнестираат, така се случи со модуларната болница, така и сега со Ласкарци. Понекогаш имам и чувство дека со ветерници се бориме, како да е сето ова Дон Кихотовска битка. Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода луѓе за коишто постои основано сомнение, односно правосилна судска пресуда, и како последица на нивното работење имаме повеќе десетици мртви, како ништо да не било. Тоа за нив ништо не значи бидејќи од тој којшто ги назначил, нивниот стопан, нивниот газда, добиле таква наредба. Тоа е едно големо разочарување - изјави Мицкоски. За лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тенденциозни се обидите од власта и Мицкоски да се наметне дека судството е под контрола на СДСМ и ДУИ, а последните одлуки на Врховен според него се доказ дека единствен начин за враќање на довербата во правосудството е отворањето на преговорите со ЕУ и создавање на судство и обвинителство по европски терк. -Сметам дека во ситуација во којашто довербата во судството е исклучително ниска, единствен начин на којшто можеме да почнеме да ја враќаме довербата во правосудниот систем е тука да има европско правосудство. И тоа е концептот на продолжувањето кон ЕУ, на отворањето на кластерите, преговорите, затоа што тоа значи зајакнување на системот. Тоа значи присуство тука на европско обвинителство, на судови по европски критериуми во којшто никој никогаш нема да биде поштеден, изјави Филипче. Инаку, во речиси сите извештаи на ЕК за земјава главните забелешки се однесуваат на состојбите во правосудството, борбата против корупцијата и владеењето на правото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо ЈакимовскиВрховниот суд се уште не го објавува образложението за укинувањето на пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 патници, а 38 беа повредени. Станува збор за второстепената пресуда со која на дел од осудените им беа зголемени затворските казни изречени првично од Кривичниот суд. Предметот сега се враќа на повторно постапување и одлучување пред Апелација. Од таму за Канал 5 велат дека сè уште е рано да се прејудицира во која насока ќе се движи предметот. Судот повторно ќе треба да одлучува по жалбите. Во зависност од причините поради кои Врховниот суд ја укинал претходната одлука и од законските услови, Апелација може да ја потврди или преиначи првостепената пресуда, а можно е предметот повторно да биде вратен и пред првостепениот суд. Пет години по несреќата, во јануари 2024 година, шестмината обвинети возачот Маноил Трифуновски, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари како и тројца од станицата за технички преглед беа осудени на затворски казни. Апелација претходно ја прифати жалбата на Обвинителството и на дел од осудените им ги зголеми казните. На Белули казната од четири беше зголемена на десет години затвор, на Мифтари од шест на десет, додека Ѓорѓиевски и Дуковски вработени во станицата за технички прегледи, наместо по пет, добија по седум години затвор. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, коментирајќи ги реакциите, нагласи дека Врховниот суд не ги оценувал обвиненијата, туку законитоста на судските одлуки. „Одлуките на повисоките судови се во врска со одлуките на пониските судови. Врховниот суд не ги ценел обвиненијата, туку одлуките на второстепениот и првостепениот суд“, рече Савески. Освен за случајот Ласкарци Врховен ги укина и пресдуите на Кривичен и на Апелација за поранешниот градоначалник на карпош Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно судење пред Кривичниот суд. Јакимовски со оваа одлука практично треба да излезе од затвор откако ќе ја добие одлуката. Неговиот адвокат Виктор Цветковски, за Канал 5 вели дека е задоволен од насоката во која се движи постапката. „Сите рокови за излез на Јакимовски течат од моментот на приемот на пресудата. Додека ниту една од странките не ја добие пресудата во писмена форма, не може да се постапува само врз основа на објавата на веб-страницата на Врховниот суд. Во самата пресуда треба да бидат наведени образложението и причините врз основа на кои е донесена одлуката, како и насоките за понатамошното постапување на пониските судови“, вели Цветковски. Практично, со одлуките на Врховниот суд, осудените во предметот „Ласкарци“, како и Стевчо Јакимовски, ќе можат од слобода да ги следат понатамошните судски постапки. Предметите, сепак, не се завршени, а конечниот исход ќе зависи од новите одлуки на пониските судови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter