ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје
1ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
2Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје
ЕвропаРуски олигарх загина во бизарна хеликоптерска несреќа, леталото се закачи на жичарница (ВИДЕО)Приватен хеликоптер се урна во Пермскиот регион откако се заглави во каблите на жичарницата, при што загинаа рускиот олигарх Иљас Гимадутдинов и пилотот Елмир Коњаков, соопштија властите.Гимадутдинов, директор на транспортната компанија „Татранком“, беше единствениот патник во хеликоптерот „Робинсон Р44“, додека Коњаков, шефот на компанијата, го управуваше летот. Двајцата мажи загинаа на местото на настанот. Несреќата се случила на 7 јануари во текот на денот во паркот Ашатли во областа Бардим во Пермскиот регион. Обвинителството соопшти дека хеликоптерот извршувал неовластен лет. Снимките од местото на настанот го покажуваат моментот кога хеликоптерот се заглавил во каблите на жичарницата, што довело до трагедија што ја шокирала локалната заедница. Russians in The Perm region pulling off the dumbest helicopter crash ever 🤷♀️ Two dead. pic.twitter.com/EohYNayQYS — Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) January 7, 2026 Властите започнаа истрага за да ги утврдат сите околности на хеликоптерската несреќа, во која загина олигархот.Тагови: олигарх хеликоптерска несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛСВо 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот. Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа. Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот. Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен. baby > raccoon https://t.co/iDdwfmMcO8 pic.twitter.com/B6l2gc3e22 — Minnesota United FC (@MNUFC) August 23, 2026 „Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“. По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и ЗелениковоЗачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково,. -На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинденинформираат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во СкопјеKога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто што директно го засега секој граѓанин. Затоа определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да изградиме здравствен систем кој ќе биде модерен, функционален и достапен за сите. Затекнавме здравство со сериозно запуштена инфраструктура, нефункционални установи, недоволна опрема и објекти во кои со години речиси ништо не било инвестирано. За да ги подобриме состојбите, фокусирани сме на реализација на Клиничка болница во Штип, Клиничката болница во Тетово, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност, како и студентскиот дом и факултетот за медицински науки. За овие проекти веќе беше објавен меѓународен повик за финансиери и веќе имаме добиено необврзувачки и индикативни понуди кои се поволни и прифатливи. Паралелно ја разгледуваме изградбата на големиот клинички центар во Скопје. Проект кој треба да биде еден од најзначајните здравствени проекти во современата историја на државата. Една од локациите што се разгледува е кај базенот Борис Трајковски, која е стратешка локација која има пристап до два булевара, до гасоводна мрежа и е во непосредна близина на обиколницата. Станува збор за локација во приватна сопственост и во тек се разговори со сопственикот за можност за замена на земјиштето. Нашата визија е да изградиме ултрамодерен клинички центар кој нема да биде само за Скопје и за граѓаните на Македонија, туку ќе создаде можност за да привлекуваме пациенти и од соседните држави. Планот предвидува и топол подземен премин под булеварот Илинденска кој ќе го поврзе новиот комплекс со постоечката болница 8ми Септември. Во целина се вклопуваат и ПЕТ центарот кој го развиваме како и поликлиниката Букурешт. Тоа значи создавање на целосно заокружен здравствен комплекс со современа инфраструктура и поврзани здравствени услуги. Од друга страна во изминатиот период целосно ги реконструираме оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата 8ми Септември. Целосно е реконструирано и одделението за трауматологија во Старата градска болница, објектот во кој со децении немало сериозна инвестиција. А во ГАК вложени се околу 110 милиони денари, од кои околу 35 милиони денари во реконструкција и околу 75 милиони денари во современа медицинска опрема. Во Клиничкиот центар Мајка Тереза веќе се реконструирани шест операциони сали, а во следните неколку месеци се очекува да бидат пуштени во употреба уште 4 современи операциони сали. Тоа значи дека ќе имаме вкупно 10 модернизирани операциони сали. Реновиравме повеќе од 10 здравствени објекти и клиники и набавивме современа медицинска опрема вредна неколку милиони евра. Со ова покажуваме дека проблем по проблем, болница по болница и клиника по клиника здравството го менуваме. Затоа нашата цел и заложба е граѓаните да добијат здравствени установи какви што заслужуваат современа опрема и здравствен систем кој ќе биде подготвен за иднината. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира денес за граѓаните да имаат подобро здравство утре. Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook