Руски олигарх ја тужи Хрватска и бара отштета од над 35 милиони евра

Против Република Хрватска е поднесена тужба вредна над 35 милиони евра поради заплена на јахтата „Кралска романса“ („Royal Romance“).

Против Република Хрватска е поднесена тужба вредна над 35 милиони евра поради заплена на јахтата „Кралска романса“ („Royal Romance“) во сопственост на компанијата „Ланелија холдингс“ (Lanelia holdings) на рускиот претприемач со недвижности Алексеј Инкин, објави Индекс.

Јахтата е блокирана во пристаништето Трогир на барање на украинското обвинителство. Тоа ја поврзува со Виктор Медведчук, моќен руски тајкун против кого во Украина се води предистражна постапка. Блокадата на јахтата е побарана за да се врати наводната штета предизвикана од Медведчук.

Адвокатите на Инкин дека јахтата „Кралската романса“ била задржана во Хрватска како дел од процесот против Медведчук.

Украинското обвинителство, наведуваат понатаму адвокатите, го товари за велепредавство, поточно за склучување скапи договори за откуп на јаглен уште во 2015 година. Иако оваа истрага трае од 2016 година, судењето сè уште не е одржано, а во 2022 година украинското обвинителство издаде барање за блокирање на луксузната јахта, која повеќе не е на Медведчук, туку на Инкин.

Јахтата е во пристаништето Трогир веќе речиси две години, а Инкин тврди дека Хрватска немала апсолутно никаква причина да му го конфискува луксузниот брод. Тој смета дека за овие две години е оштетен за повеќе од 35 милиони евра откако незаконски му се ограничува сопственоста. Тој морал да ја одржува јахтата чија вредност се проценува на околу 130 милиони евра и да плати за укотвување во марината Трогир, но не можел бидејќи планирал да заработи со изнајмување.

Пред неколку дена, Жупанискиот суд о Сплит одлучи да ја продолжи наредбата за конфискација на јахтата од компанијата на Инкин, која е формален сопственик, и да и ја предаде на украинската Агенција за управување со имотот стекнат со корупција и други кривични дела.

Сепак, оваа одлука сè уште не е конечна, па јахтата не е предадена на украинските власти.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер