3ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
СветРуски напади во западните региони на УкраинаРуските сили синоќа извршиле голем напад врз Украина, главно во западните региони, со дронови камикази и ракети, а по нападот избувна пожар во индустриски објект во регионот Киев, пренесуваат украинските медиуми.Руските сили лансираа вкупно 53 нападни дронови Шахед-131/136, од кои 48 беа соборени, соопшти на Телеграм командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук. Според него, лансирани биле пет крстосувачки ракети, од кои сите се елиминирани. Тој рече дека воздушните цели што ги лансирала руската армија биле уништени над регионите Киев, Хмељнички, Харков, Кироворад, Херсон, Одеса, Николаев, Запорожје и Дњепропетровск. Неколку експлозии одекнале во Хмељничката област. Во регионот на Киев, предупредувањето за воздушен напад траело четири часа, а според локалните власти, како последица на нападот избувнал пожар во индустриска зграда. Нема извештаи за повредени. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени08:59МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ФудбалКатастрофа за Баерн. Хари Кејн е сериозно повреден и нема да игра со месециГолем шок за германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен. Најдобриот фудбалер во светот според „Франс фудбал“, Хари Кејн , , се здоби со сериозна повреда на глуждот поради која ќе отсуствува најмалку три месеци.Англискиот напаѓач се повреди за време на натпреварот против Келн, кој заврши со резултат 1:1, а по натпреварот спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, ја потврди лошата вест. Кејн претрпе кинење на лигаментите на синдезмозата и нема повторно да игра годинава. „Хари Кејн има скинати лигаменти на синдезмозата“, изјави Еберл по натпреварот, а тренерот Венсан Компани потврди дека неговиот напаѓач ќе отсуствува неколку месеци. Според информациите на германски „Билд“, се очекува Кејн да биде надвор од терените три до четири месеци. Тоа значи дека тој нема да може да се врати сè до февруари или март 2027 година, пропуштајќи голем дел од сезоната, вклучително и голем број важни натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Англискиот напаѓач се повреди во 15-тата минута од натпреварот против Келн. По центаршутот на Мајкл Олисе, тој се обиде да стигне до топката во шеснаесетникот, но одбранбениот играч на гостите, Жоел Шмид, се лизна и го закачи за левиот глужд. Шмид прво ја допре топката, поради што судијата не досуди прекршок. Кејн остана да лежи на теренот со болна гримаса на лицето, а потоа се обиде да продолжи со играта. Сепак, набрзо стана јасно дека тој не може да продолжи. Во 20-тата минута, со помош на медицинскиот тим, тој го напушти теренот, а на негово место влезе Том Бишоф. По натпреварот беше потврдена сериозноста на повредата. Баерн остана и без Олисе. Французинот го напушти стадионот на патерици. Повредата на Кејн не беше единствената лоша вест за Баерн. Поради повреда, на полувремето беше заменет Мајкл Олисе, еден од најважните играчи во тимот на Компани. Французинот доби удар во левата нога кон крајот на првото полувреме, а според извештаите на германските медиуми, тој ја напуштил „Алијанц Арена“ на патерици. „Што се однесува до Мајкл, сè уште не знаеме ништо“, изјави Еберл за неговата здравствена состојба.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБез струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и КатлановоСпоред најавените прекини, во недела (22 ноември), од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во делот од трафостаницата „Скопје 4 – МЕПСО“ до новиот кружен тек на патот Драчево – Батинци, во општина Кисела Вода.Во понеделник (23 ноември) се планирани прекини на две локации. Во Катланово, од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „1“. Причина за прекинот е планираната замена на три електрични столбови. Во Аеродром, прекинот ќе трае од 8:30 до 11 часот и ќе ги опфати куќите помеѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“, зад гимназијата „Димитар Влахов“, како и куќите зад Тутунска банка, кон паркиралиштето на Македонски железници и делот зад „Алкалоид“. Прекините се најавени поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денариЖивотот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа. Вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец. Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат. Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно. Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните. Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата. Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот. Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери. Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат. Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 21.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter