Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје - Канал 5

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Руските сили извршија нови напади со дронови врз источниот украински град Харков во текот на ноќта, насочени кон станбени области, соопшти денеска градоначалникот Ихор Терехов.

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

ДПА пренесува дека нема други дополнителни детали.

Нападот дојде само еден ден по рускиот ракетен напад врз градот во кој загина еден човек, а повредени беа најмалку 50 други.

И градот Запорожје ноќеска бил погоден од руски дрон. Регионалниот гувернер Иван Федоров го пријави нападот на Телеграм, велејќи дека избувнал пожар и оти интервенирале службите за итни случаи.

Украина од почетокот на војната спречила бегство на 49.000 регрути

Украинските погранични сили денеска објавија дека откако Русија ја нападна земјата пред повеќе од три години спречени се околу 49.000 регрути да избегаат од земјата. 

Украина од почетокот на војната спречила бегство на 49.000 регрути

-Околу 45.000 од нив беа приведени директно на таканаречената зелена граница, на неофицијални премини или за време на проверки во пограничните области, изјави портпаролот на Државната погранична служба Андриј Демченко во онлајн емисија. Другите мажи биле запрени на граничните премини.

Вкупно биле откриени речиси 900 групи чие бегство било организирано од шверцери.

Според Демченко, оние кои сакаат да избегаат плаќаат од 4.500 евра до речиси 11.000 евра за помош при напуштање на земјата.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, во земјата е на сила воена состојба и е издадена наредба за мобилизација.

Мажите на возраст за регрутација помеѓу 18 и 60 години можат да ја напуштат земјата само со дозвола од локалната канцеларија за одбрана.

И покрај ова, повеќе од 800.000 украински мажи на возраст за регрутација добија статус на заштита во земјите-членки на ЕУ откако ја напуштија Украина./МИА

ЕЦБ предупредува за ризиците по финансиската стабилност во еврозоната

Царинските спорови и нарушените односи во меѓународните сојузи би можеле, според Европската централна банка (ЕЦБ), да претставуваат ризик за финансиската стабилност во еврозоната.

ЕЦБ предупредува за ризиците по финансиската стабилност во еврозоната

-Сè поизразените несогласувања околу трговскиот план и поврзаните ризици за економскиот раст влијаат врз изгледите за финансиска стабилност, изјави денеска потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, сумирајќи ги наодите од полугодишниот извештај на централната банка за финансиската стабилност.

Ризикот од економски пад е зголемен, при што особено берзите и натаму „остануваат чувствителни на ненадејни и остри прилагодувања“, посебно ако се има предвид променливата трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, забележа Централната банка на еврозоната.

„Од претседателските избори во САД во 2024 година, неизвесноста дополнително се зголеми бидејќи новата американска Влада го промени правецот во неколку области на политиката“, се наведува во полугодишниот извештај за финансиска стабилност.

Трговските ограничувања и зголемувањето на царините веројатно ќе дејствуваат како товар, првенствено за извозно ориентираните компании во Европа. Доколку ова доведе до отпуштања, ЕЦБ верува дека ризикот би можел да се зголеми за банките во еврозоната, како и за компаниите што нудат финансиски услуги, но немаат банкарска лиценца, бидејќи заемопримачите би можеле да имаат проблеми со отплатата на долговите.

Мноштвото милијарди што Европа планира да ги инвестира во својата одбрана, исто така, не се без ризици, сметаат во Централната банка на Еврозоната.

И додека ваквите инвестиции имаат потенцијал да го поттикнат економскиот раст, повисоките трошоци за одбрана, заедно со други структурни предизвици како што се климатските промени, дигитализацијата и стареењето на населението, „би можеле дополнително да ја влошат веќе затегнатата фискална состојба на некои влади од еврозоната“, предупреди ЕЦБ. /МИА

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на последната свој седница донесе одлука да го намали бројот на клубови во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) од 12 на 10.

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреваривачката сезона 2026/27.

Ќе има намалување и во второто ниво на македонски фудбал (ВМФЛ), откако од другата сезона ќе се натпреваруваат 14 клубови од досегашните 16.

Комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање.

притисни ентер