Трипуновски: Македонија забрзува - од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и конкретни резултати во земјоделскиот сектор
ДОМ: Наместо правна сигурност и засилени еколошки стандарди, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу Иловица
1Трипуновски: Македонија забрзува - од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и конкретни резултати во земјоделскиот сектор
2ДОМ: Наместо правна сигурност и засилени еколошки стандарди, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу Иловица
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
1Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
ЕкономијаРуски „Лукоил“ прави нов обид за продажба на својот бизнис во странствоРуската нафтена компанија „Лукоил“, која е под санкции на САД поврзани со војната во Украина, денеска објави дека планира да го продаде својот бизнис во странство на американската инвестициска фирма „Карлајл“ (Carlyle).Направен е договор, но истиот подлежи на одобрување од американските финансиски власти, соопшти „Лукоил“ во Москва. Од компанијата наведоа дека сè уште се водат преговори и со други потенцијални купувачи. „Карлајл“ сè уште нема дадено изјава, пренесе ДПА. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври воведе санкции за „Лукоил“ и државната компанија „Роснефт“ за да изврши притисок врз Москва да ја прекине војната во Украина. Обидот на „Лукоил“ да ги продаде своите странски средства на швајцарскиот трговец со стоки „Гунвор“ (Gunvor) претходно пропадна. Американското Министерство за финансии стави вето на зделката бидејќи еден од основачите на „Гунвор“, кој сепак ја напуштил фирмата пред неколку години, бил рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Новиот потенцијален купувач, „The Carlyle Group“ со седиште во Вашингтон, е една од најголемите инвестициски фирми во светот. Странските операции на „Лукоил“ вклучуваат стотици бензински пумпи во околу 20 земји, вклучително и во ЕУ, како и неколку рафинерии. Руската компанија е исто така вклучена во производствени проекти во поранешните советски републики Азербејџан, Казахстан и Узбекистан, како и во други земји. „Лукоил“ соопшти дека неговиот бизнис во Казахстан ќе биде исклучен од продажбата на „Карлајл“.Тагови: лукоил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрипуновски: Македонија забрзува - од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и конкретни резултати во земјоделскиот секторПрес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски.Денеска сме тука транспарентно да ја запознаеме јавноста, пред се што направивме овие две години од практицирање власт, но и што наследивме од претходната власт во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Почитувани, Во Министерството, затекнавме целосен застој, хаос во институциите, наталожени проблеми, нерешени предмети и целосен колапс. Континуиран пад на земјоделското производство во нашата држава. Неисплатени субвенции од претходни години, од 2020 до 2024 со преземањето на власта. Како конкретен пример, само за оние кои што имаат предадено млеко во млекарниците, им немаа исплатено субвенции за 17 месеци. Нереализирани кредити, едниот од нив е кредитот земан од германската банка KfW во износ од 80 милиони евра, цели 5 години немаа реализација со што државата платила околу 2 милиони евра пенали. За 5 години исто така кредитот за Модернизација на земјоделството земан од Светска Банка имаме реализација под 10%, што е навистина еден несериозен пристап. Без нови акредитирани мерки во Платежната Агенција за цели 7 години и без да се обезбедат дополнителни средства за нашите компании, за нашите земјоделци. Над 1.600 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство повеќе од 4 мееци беа оставени без плата, здравствено и пензиско осигурување. Ова накратко беше реалноста која што ја затекнавме во Министерството со преземањето на власта во 2024 година. Но ние од самиот почеток започнавме со решавање на долгогодишните наталожени проблеми и системската нефункционалност. За нашата посветена работа се говори низ бројки и конкретни резултати. За имаме зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, односно суфицит од 215 милиони евра за истата година. Согласно податоците кои што ги објавува Државниот завод за статистика бележиме раст и во производството. Во 2025 година во производството на кравјо млеко имаме раст од 2,7% споредбено со 2024 година. Во делот на овчото млеко имаме раст од 4% за истиот период споредбено со 2024 година. Имаме зголемување на произведените количини на свинско месо, со што се задоволува целокупната количина која што е потребна за домашниот пазар. Во 2025 година се откупија и се произведоа вкупно 300.000 тони пченица што е еквивалент на она што е потрено на нашата држава за задоволување на домашните потреби. Земјоделството од просечен пад на бруто-додадена вредност од 4,4% годишно, во 2025 година имаме позитивен раст од 1%. Позитивен раст имаме и од 3,3% во првиот квартал во 2026 година. Исто така се пристапи и кон исплата на субвенциите, оние заостанати и оние кои што тековно се исплаќаат согласно Програмите. Само во првите 5 месеци од 2024 година исплатени се околу 4 милијарди денари кон оние кои што ги чекаа средствата од програмите на Министерството. Вкупно од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон македонските земјоделци. Имаме исто така зголемување на субвенциите во сточарството за 50%. Го укинавме и двојното пријавување, односно бирократијата која што ја имаше воведено претходната власт и заради ваквиот бирократски однос беа под ризик околу 7.000 земјоделци во 2024 година да не земат финансиска поддршка. Тука би напоменал Министерството напорно работеше да биде поблиску до сите оние кои што се корисници, земјоделците. се отворија нови подрачни единици и подрачни канцеларии во Ново Село, Јегуновце, Босилово, Могила, Новаци, Росоман. Останатите се адаптираат за да се подобрат условите за работа на вработените. Во текот на 2024 и 2025 година доделивме финансиска поддршка во износ од 75.000.000 денари на научно образовните институции за набавка на опрема за лабораториски анализи. Во делот на зголемени откупни цени, неминовно е прво да се спомене откупот на тутунот и откупните цени, веќе во 2024 година од 375 денари заедно со компаниите во сериозни разговори се покрена цената на 400 денари за прва класа. Исто така мора да се напомене во делот на откупот на винското грозје иако наследивме Министерство кое што немаше донесено Методологија по која што се пресметува производна цената цена, веќе истата година, во 2024 ја донесовме ние и се пресмета производната цена зголемена за 25% кон македонските лозари, кои што добија една до сега највисока цена. Исто така мора да се потенцира дека напорно работевме и во делот на посветеноста кон младите земјоделци. Иако имаа предност во сите објави кои што ги имаше Министерството пред се за распределба на земјоделско земјиште, морам да потенцирам дека имавме објава за посебна мерка за финансирање на млади земјоделци, пристигнаа 254 апликации, при што се одобрија 117 апликации кои што ги исполнуваа условит. Поддршката изнесуваше 69 милиони денари. Компаративно во 2023 година, исто Министерството од претходната власт објавиле ваков повик за за ваква поддршка, при што пристигнале минимални 44 апликации, а одобрени биле само 18, што е навистина една поразителна бројка. Во 2024 година се потпишаа 57 договори за набавка на специјални комбајни за жетва на ориз и на мини сушари. Сите 57 апликанти ги добија договори и се подели финансиска поддршка во вредност од 34 милиони денари. Во 2024 и 2025 година се доделија над 110 договори во вкупен износ од 16.5 милиони денари за поддршка на локални манифестации и саеми. Со ова Министерството даде сериозна поддршка во делот на промоција на локалните манифестации, во делот на локалниот рурален туризам и во делот на нашето земјоделско производство и нивни преработки. Модернизација во делот на земјоделството, кредитот од Светска Банка во делот на изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар во Скопје е објавен и завршен повик за избор на компанија која што до крајот на 2027 година ќе го има изградено овој објект, кој што нашата држава го заслужува и треба да го има во делот на агросекторот. За центарот за сортирање и складирање во Струмица веќе се подготвува документација, и крајот на оваа година се планира да се започне со изградба. Во делот на реконструкцијата на Платежната агенција, веќе е избрана компанија, се работи на модернизација на зградата. Со ова го отклонуваме еден од главните предуслови за акредитација на новата мерка 6 која што треба да биде ставена на располагање на нашите општини во делот на модернизација. Кон крајот на годината треба да заврши обновата на овој објект и да биде ставен во функција на Платежната агенција. Исто така се работи на воспоставување на база на земјоделско земјиште во еден интегриран систем, кој што ќе биде достапен и за државата, институциите но и за земјоделците. Вториот проект на кој што се работеше интензивно изминативе две години, а тоа е кредитот од германската банка KfW. Затекнавме неформирана проектна единица, а денеска со преземањето на власта оваа проектна единица има сериозен прогрес во оваа компонента. За проектот Страиште завршена е предквалификацијата, се работи на избор на фирма, во наредните месеци ќе имаме компанија која што физички на трен ќе почне изградба на еден ваков систем за наводнување во делот на Страиште. Додека во делот на системот за наводнување Пепелиште се работи на проектот и до крајот на годината се очекува да имаме избрана компанија. Неминовно е да се спомене и во делот на Платежната агенција, веќе во октомври 2025 година се достави новиот пакет за акредитација на мерка 6 како што споменав до Брисел, со цел да ја акредитираме ова амерка која што е важна за нашите општини и за новите средства кои што ќе бидат повлечени. Платежната агенција работеше на нови повици, меѓутоа исто така завршуваа и претходни, наследени и нереализирани повици кои што биле објавени од претходната власт. Во делот на државното земјоделско земјиште до сега се склучени се над 2.100 договори за околу 6.000 хектари, ослободени се дополнително над 2.000 хектари согласно контролите кои што ги правиме преку Земјоделскиот инспекторат и во најскоро време ќе имаме уште една објава, трет јавен повик на кој што ќе се стави преостанатото слободно земјоделско земјиште на располагање на самите земјоделци. Исплатени заостанати плати, како што споменав првата активност на Владата беше да се помогне на ЈП Национални шуми и АД Водостопанство. Се одвоија вкупно 350 милиони денари за да се стават овие две јавни претпријатија во позитивна нула. Исто така повторно е потпишан колективен договор за вработените во самото Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Се спроведе постапка и веќе вработените во Шумска полиција имаат обезбеден бенифициран стаж кој што согласно ризичното работно место го заслужувале многу порано, но сега ние за овие две години успеавме да го реализираме. Во делот на инвестиции во водостопанството, во 2025 година е доделена финансиска поддршка од 132 милиони денари за инфраструктура. По цели 60 години е исчистено езерото Младост и се преземени мерки за подобрување на дотокот и квалитетот на водата. Веќе Јавното претпријатие има спроведено бушотини кои што ќе значат доток на вода, свежа вода во езерото односно одржување на екосистемот. Зголемени се површините под наводнување, споредбено ако претходните години АД Водостопанство покривало околу 14.000 хектари, веќе во 2025 година имаме покриеност од 17.700 хектари. Согласно овие активности зголемени се и производствените капацитети, односно доволната количина на вода значи зголемено земјоделско производство. Само во делот на лозарството во 2025 година споредбено со 2024 имаме 40% повеќе принос. Неминовно е да се спомене браната Конско, иако претходната влада се фалеше дека проектот е завршен, наследивме ннеизграден пристапен пат, незавршена експропријација. Денеска можеме да кажеме дека сите овие активности се заврпени и наредниве месеци ќе се прави технички прием односно браната ќе може конечно да биде ставена фаза на тестирање односно да се полни со вода. Брана Речани, направена е јавна набавка за избор на компанија за надзор на градбата, проектот е откочен. Сега имаме интензивна работа на браната и изведбата тече без проблеми. ХС Равен Речица, објавен оглас за надзор кој што го немаше овој проект. Проектот е откочен и во моментот се работи на терен. Реализацијата е над 90% на овој хидросистем кој што е многу важен за западниот дел на државата. Реконструкција на Пумпната станица Дебар, изведната е завршена, проектот е комплетно завршен. Изградба на систем за наводнување Колибари, до крајот на годината ќе се направи техничкиот прием кој што согласно процедурите треба да се направи и овој систем ќе биде ставен на располагање на сите корисници од тој дел. Реконструкција на системот за наводнување Турија, заедно со ФАО се обезбедени финансиски средства за целосна реконструкција на системот и затворање на главниот цевковод кој што практично значи една поголема достапност на вода на корисници од тој дел. Спроведување на II и III фаза од ХМС Злетовица, после цели 10 години повторно се работи на реализација на проектот. Договорот за грантот ќе биде потпишан во наредниве денови. Набавен е дизел агрегат за филтер станица во Општина Карбинци во текот на 2025 година. Систем за наводнување Сарај, интензивирано се работи на терен и е во сериозна напредна фаза. Обезбеден грант за проектот „Изградба на мали, економични, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци“, во општина Кавадарци и општина Новаци со вредност од 4,1 милион евра европски средства и национално кофинансирање од 1,5 милиони евра. Во декември 2025 година веќе е потпишан договорот, реализацијата на овој грант е во почетна фаза. Во делот на шумарството мора да се напомене дека е наследено јавно претпријатие кое што работеше со неисплатени плати и загуба, денеска имаме профит од 10 милиони денари. Министерството додели и инвестиции од 48 милиони денари за набавка на опрема која што е потребна за непречено функционирање на ова јавно претпријатие. Во текот на 2026 година е пуштен во употреба дигиталниот систем за следење и управување со шумски податоци, односно хартиената форма на водење на евиденција на самата работа на јавното претпријатие е ставено во дигитална форма со што се елиминираат и минималните моменти за злоупотреба во делот на следење на дрвната маса и шумарството. Во делот на ловството треба да се напомене дека се објавени 4 јавни повици (2025–2026) за вкупно 110 ловишта кои што се ставени на располагање. За разлика од минатото кога се поништуваа јавните повици, денеска имаме склучени 71 нов договор со нови концесионери, а 39 постапката се уште тече и многу скоро и таа ќе биде завршена. Во делот на рибарството, треба да се каже дека заедно со Хидробиолошкиот Завод – Охрид по застој од 6 години се изврши вештачки мрест и порибување на Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка. По 5 години застој односно без концесионер, спроведена е постапка и доделени се рибите на користење на 6 зони за комерцијален и на 1 зона за рекреативен на Охридското Езеро. Во изминатите 20 месеци донесени се повеќе од 150 плански документи на самото Министерство, над 50 правилници согласно Законите по кои што работи Министерството и институциите. Изминатиот период сериозно се работеше и на нови законски решенија кои што ќе значат подобро функционирање на земјоделскиот сектор. Тука би ги напоменал Законот за земјоделско земјиште, Законот за земјоделство и рурален развој како еден од основните закони за функционирање на Министерството, Законот за уредување на пазарите и Законот за шумите. Во постапка е формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи. Сакам да ја споменам и кампањата „Македонско најдобро“, ја започнавме кампањата која има за цел да го зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на нашите земјоделци и нормално да ја зачуваме нашата економија. Нашата работа се препознава преку реални резултати. Почитувани, Разликата е повеќе од очигледна, од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и конкретни резултати во земјоделскиот сектор. Од нефункционален систем за наводнување, денес имаме систем што функционира и допринесува за зголемен принос за земјоделско производство што е многу важно за нашата економија и за извозот на нашите квалитетни земјоделски производи. Денеска Македонија забрзува со инвестиции, проекти и конкретни реформи. Нема враќање назад, кон оние што донесоа афери, порази и криминал, нема враќање кон политиките кои што ја уништуваа државата. Ние ќе продолжуваме уште позасилено затоа што Македонија забрзува и нема да застане во прогресот. Тагови: Трипуновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДОМ: Наместо правна сигурност и засилени еколошки стандарди, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу ИловицаДемократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува сериозна загриженост за најновата пресуда на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката на Владата за престанок на важењето на одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица.Ова е само уште една потврда за длабоката институционална недоследност и правната нестабилност во управувањето со минералните суровини во државата кој укажува на потенцијално менување на одлуките во корист на компанијата „Еуромакс Рисорсис“. Како што е јасно наведено во образложението на Судот, претходната владина одлука за раскинување на концесиите паднала на суд бидејќи била донесена со клучни процедурални пропусти. Институциите во актот не навеле соодветни правни елементи, не понудиле формално образложение и користеле термини што не се предвидени во Законот за општата управна постапка. За ДОМ се недозволиви ваквите пропусти од страна на Владата која иако со пресудата е упатена повторно да одлучува и да ја исправи процедуралната грешка, свесно ги пропушта законските рокови за реакција. Со ваквата пасивност таа директно му овозможува на концесионерот да го добие судскиот спор. Потсетуваме дека ДОМ во периодот 2017-2019 година активно учествуваше во унапредување на законската рамка за минерални суровини преку конкретни иницијативи и конкретни законски измени со кои се: заоструваат условите за доделување и користење на концесии за експлоатација; ограничува можноста за злоупотреби преку поврзани и зависни правни субјекти; зајакнува заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните како приоритет над економскиот интерес; воведува повисоко ниво на институционална одговорност во процесот на одлучување; отвора простор за поголема транспарентност и јавен надзор врз концесиските постапки; Овие законски измени беа насочени кон: · заштита на животната средина; заштита на здравјето на луѓето во рударски региони; спречување на употреба на опасни технологии; гледање на екосистемот како „една целина“ (не локален ризик); Ова беше првпат во македонската законска регулатива во областа на минералните суровини заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните да бидат толку јасно и експлицитно вградени како клучни принципи при одлучувањето за концесии. Најостро се спротивставуваме на новите законски измени чија цел е олеснување на експропријацијата на земјиштето за потребите на приватни концесионери, како и интензивната секојдневна пропаганда за отворање на рудникот. Ги повикуваме сите политички чинители да се вратат на ветувањата што им ги дадоа на граѓаните во 2023 и 2024 година дека рудник во Иловица нема да има. Наместо административни импровизации кои оставаат простор за профитерски тужби, Владата мора итно да постапи по укажувањата на Судот и во повторна постапка да донесе правно издржана одлука за заштита на Струмичката котлина. Ставот на ДОМ останува непроменет: компромис со здравјето и со чистата животна средина на сметка на граѓаните не смее да има во ниту еден случај. Рудник во Иловица не смее да се гради! ДОМ Тагови: ДОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев и Пауновиќ разговараа за нови чекори во спроведувањето на Меморандумот за соработкаЗаедничката работна група бележи значителен напредок.Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Снежана Пауновиќ. На средбата беше потврден заедничкиот интерес за натамошно продлабочување на институционалната соработка и размена на искуства во областите од заемен интерес, особено во делот на професионалниот развој на административните службеници. „Заедничката работна група, формирана со цел координација и реализација на активностите од Меморандумот, активно работи и бележи значителен напредок во повеќе области од заемен интерес. Резултатите што досега се постигнати претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката“ истакна министерот Минчев. Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на системот за обуки и градењето професионална, ефикасна и современа администрација. Во таа насока беше нагласено значењето на искуствата и добрите практики на Националната академија за јавна администрација на Република Србија, која претставува препознатлив пример во регионот за систематски пристап кон континуираниот професионален развој на јавните службеници. Во фокусот на разговорите беше и дигиталната трансформација на процесот на учење и обука. Беше разгледан напредокот во размената на искуства поврзани со системите за управување со учење (LMS), развојот на електронски модули и воведувањето современи дигитални решенија кои ќе обезбедат поголема достапност, ефикасност и квалитет на обуките во јавниот сектор. Средбата уште еднаш ја потврди посветеноста на двете министерства кон практична и плодна соработка, која преку конкретни активности придонесува за јакнење на институционалните капацитети и за унапредување на квалитетот на јавните услуги во интерес на граѓаните на двете земји. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook