Руски и американски астронаути успешно пристигнаа на МВС

Двајца руски космонаути и еден американски астронаут успешно пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде ќе минат 6 месеци.

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица ќе поминат шест месеци, а нивниот лет со помош на руската ракета „Сојуз“ траеше само три часа.

Лансирањето беше извршено од Казахстан, а леталото „Сојуз“ успешно се поврза со Меѓународната вселенска станица.

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ го прослави успехот со објавување на фотографии од пристигнувањето на леталото и соопштија дека мисијата била завршена во рекордно краток период.

Карлеуша со нови леќи за сини очи и без фотошоп (ФОТО)

Јелена Карлеуша се појави на снимањето на шоуто Ѕвезде Гранда со светло сини леќи, а во студиото дојде во краток зелен фустан.

Пред да биде фотографирана во студиото, Карлеуша се пофали и со своите леќи на Инстаграм, но очигледно е дека малку ја уредила фотографијата.

Инаку, таа носела фустан со потпис на Софија Милошевиќ, свршеницата на фудбалерот Лука Јовиќ, која неодамна се породи.

Карлеуша ја следат 2,3 милиони луѓе на Инстаграм, а за нејзиното фотошопирање и селфи често се дискутира.

Hi 😏 In @bysofimilo

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

"Мотивациска порака за хејтерите: Изгледам 100 пати подобро во живо и сум убава без шминка. На сите им посакувам прекрасен ден", напишала еднаш на социјалните мрежи.

👧🏼

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Пропадна уште еден обид за примирје меѓу Ерменија и Азербејџан

Премиерот на Ерменија, Никола Пашинијан изјави дека примирјето што стапило на сила денеска наутро во Нагорно Карабах, не заживеа, пренесува Спутник.

Од друга страна, Азербејџан денеска го обвини Ереван за ракетни напади врз градот Тертер.

"Јасно е дека уште еднаш не успеавме да го зачуваме примирјето. Не знам каква ќе биде реакцијата на групата Минск, но ерменската страна стори се за да го почитува примирјето и армијата беше воздржана. Но, во вториот дел од денот можеме да кажеме дека не успеавме да го зачуваме примирјето “, рече Пашинијан во видеото објавено на Фејсбук.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан објави дека „азербејџанската армија денес дури го зголеми интензитетот на нападите, користи артилерија и тенкови, по линијата на раздвојување во Нагорно Карабах“, додаде Спутник.

Во светот се излекувани над 32 милиони лица ,заразени со Ковид-19

Бројот на луѓе во светот кои биле излекувани од ковид- 19 надмина 32 милиони, според податоците на веб-страницата „Worldometers“.

Досега, 32.001.313 пациенти се излекувале од коронавирус во светот, или 96 проценти од 43.520.941, односно сите забележани случаи.

Како резултат на ковид- 19, досега починале 1.161.360 луѓе, што е четири проценти од вкупниот број на пациенти.

Во моментов има 10.358.268 активни случаи. Лесни симптоми на болеста покажуваат 99 проценти од заразените, или 10.280.049 лица, додека 78.219 пациенти се во критична состојба.

притисни ентер