Руски хакери нападнале британски компании кои откриваат вaкцина против коронавирус

Британскиот национален центар за компјутерска безбедност (NCSC) ја обвини Русија дека стои зад нападот на истражувачите вклучени во пронаоѓање на вакцина против ковид-19, пишува Телеграф.

NCSC му соопштила на британскиот премиер Борис Џонсон дека тие биле прилично сигурни дека Кремљ стои зад нападот, а тоа го потврдиле и САД и Канада.

Нападите биле насочени кон универзитетот Оксфорд и Империал колеџ во Лондон, каде тимови на истражувачи работат на развивање на вакцини против ковид-19. Не е познато дали нападите резултирале со кражба на информации и знаења поврзани со развојот на вакцините.

NCSC исто така соопшти дека нападите се дел од пошироката акција што започнал во февруари и март кога почна епидемијата на коронавирус.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 68.65%, Пендаровски 27.28%

На 8% од обработените гласови во Македонија, Гордана Силјановска Давскова води со над 50.000 гласови разлика пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 86.688 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 34.450 лица. Регистрирани се и 5134 неважечки ливчиња.

По разводот, ја видел жената со друг, па ѝ ја разнел куќата и ѝ го убил кучето

Инцидентот што се случил минатиот месец во Есекс, Велика Британија, доби сосема нова димензија откако судските документи станаа достапни за јавноста.

Инспекторите сметаат дека инцидентот е поврзан со семејни односи, а го предизвикал сопственикот на куќата, маж кој се развел од сопругата, пишува ABC Baltimore.

Сѐ се случило на 20 април на Крафтон Роуд.

Дејна Гринсфелдер ја делела куќата со нејзиниот сопруг Мајкл до нивниот развод пред околу еден месец.

Во овој период Мајкл останал со својата мајка, на помалку од еден километар.

На денот на експлозијата, Дејна отишла на скара со друг маж. Мајкл се возел и ги видел двајцата како излегуваат.

Дејна им кажала на детективите дека Мајкл неодамна се заканил дека ќе ја убие неа или себеси.

Според неа, Мајкл имал клуч од куќата, иако таа ноќта ја оставила отклучена.

Камерата од куќата на соседот го снимила Мајкл како се враќа и влегува во куќата околу 19:38, додека Дејна била отсутна.

Само неколку минути по 23 часот, куќата експлодирала. Две минути подоцна, Мајкл бил виден како излегува од куќата и гледа од патот, пред да замине.

Друг сосед го видел Мајкл во близина на шупа во дворот 45 минути пред експлозијата.

Шупата подоцна одиграла клучна улога во решавањето на случајот.

Но, најголемиот пресврт се случил околу 23:50 часот, кога истражителите биле повикани во куќата на мајката на Мајкл.

На местото на настанот, Мајкл имал изгореници од прв и втор степен по целото тело.

Тој признал дека бил во куќата на Дејна и дека бил повреден за време на експлозијата, но негирал дека има некаква врска со тоа.

Куче од противпожарната служба открило запалива течност на облеката на Мајкл, како и на остатокот од урнатините како што е софата.

Инспекторите извршиле увид во подрумот и забележале дека на цевката за гас недостасува железната капа.

Детективите веруваат дека Мајкл користел алатка од шупата за намерно да го отстрани капакот и да дозволи гасот да истече во домот.

Во тој момент, мерачите на BGE покажале проток на природен гас речиси 10 пати од нормалниот, што е во согласност со отстранувањето на капачето.

Првиот и вториот кат целосно се урнале, а куќата е целосно уништена.

За жал, едногодишниот Јоркширски териер на Дејна, по име Ники Минаж, загинал во пожарот.

Поради неговата тежина од едвај повеќе од еден килограм, иследниците мислат дека кучето било зафатено од пламен.

Мајкл сега се соочува со бројни обвиненија, вклучувајќи подметнување пожар, злонамерно палење и суровост кон животни.

Тој во моментов е притворен без право на кауција.

притисни ентер