Други спортовиРуски гимнастичар го шокира светот со знак на руска агресија, додека добиваше медал (ВИДЕО)Рускиот гимнастичар Иван Куљак (20) освои бронзен медал на Светското првенство во Доха, но потоа направи шокантен потег на доделувањето на медалите.Имено, тој на градите ја залепил буквата З која е симбол на руската инвазија на Украина и која меѓу другото може да се забележи и на руските тенкови. Куљак доби забрана за настап под руски симболи на Мундијалот, но на овој начин ја „заобиколи“ забраната. Сигурно треба да се истакне дека златото во истата дисциплина го освои Украинецот Илија Ковтун, покрај кого на доделувањето на медалите застана Куљак. Russian Ivan Kuliak wore the letter Z on his chest during the Artistic Gymnastics World Cup in Doha. The Z is reportedly a symbol of support for Russia's invasion of Ukraine. (Kuliak won bronze in parallel bars. Ukraine's Kovtun Illia won gold.)https://t.co/iZ1Kb5RIUq pic.twitter.com/Qi6wGHMGHO — Rick Westhead (@rwesthead) March 5, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична за сопственик на фирма од Гевгелија, кој избегнувал да плати надоместок за отпад Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правното лице, во периодот 2024–2025 година, постапувајќи спротивно на членовите 23 и 54 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, за увезениот текстил од страна на второпријавеното правно лице не пријавил и не платил надоместок за отпад кон Министерството за животна средина и просторно планирање, во вкупен износ од 3.852.067 денари. Со цел да го прикрие непријавувањето и неплаќањето на законскиот надоместок, првопријавениот на 17.04.2026 година покренал постапка за ликвидација на второпријавеното правно лице пред Централниот регистар. Со наведените дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на Македонија за вкупен износ од 3.852.067 денари. Управа за финансиска полицијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Мицкоски ги окупира медиумите - започнува медиумскиот мрак, како што предупредувавмеМедиумскиот мрак во Македонија започнува токму онака како што предупредувавме.Медиуми веќе објавуваат дека српски медиумски играчи влегуваат на македонскиот медиумски пазар. Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. Ова е дел од планот за целосна контрола врз информирањето, за кој СДСМ постојано предупредува. Политиката ја спроведува Христијан Мицкоски – по моделот на Александар Вучиќ. Сè е copy-paste. За пропагандната мрежа е ангажиран познатиот „Началник“ за пропагандни медиумски операции по моделот на Гебелс - Драган Павловиќ Латас, долгогодишен соработник на српската служба. Според објавените информации, медиумот „Евроњуз“, кој доаѓа со лиценца од Србија, треба да биде предводен од Ивона Талевска, долгогодишен партнер на Латас. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски. Целта е јасна – потполна контрола врз информациите што ќе стигнуваат до граѓаните. По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, која работи во интерес на организираната криминална група ВМРО, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание. Финансиската поддршка на овој проект ја дава Алта банка – банка во сопственост на браќата Вучиќ. За оваа банка во ЕУ се води истрага поради сомнежи за потеклото на парите. Во Македонија, извршниот и управниот одбор на банката го сочинуваат луѓе од ВМРО. Сепак, сестринската партија СНС мора да има и братски односи во банката. Кога ќе се комплетира оваа мрежа, граѓаните повеќе нема ниту да слушнат дека им е отруена водата за пиење. Нема да слушнат дека црвените светла доцна се запалиле. Нема да слушнат дека никој не презел одговорност за труење на цел град. Тоа е целта. Мицкоски ги окупира институциите. Сега сака да ги окупира медиумите. Сака да ја окупира и вистината. Мицкоски повеќе не се грижи за извештаите на Европската комисија, затоа што не сака Европска унија. Прво од Европскиот парламент беше нагласено мешањето на „српскиот свет“. Потоа притисокот на Мицкоски врз правосудството. Сега следува контрола на медиумите. Тоа е целта на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Прво се трујат граѓаните. Потоа се труе информацијата. На крај – целосен мрак, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаКривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возилоКривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило, сопственост на две лица од Струмица.СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 и „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 од Кривичниот закон. На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица. По интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица пожарите биле изгаснати, а повредени лица нема. В.К. бил лишен од слобода и задржан во просториите на Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Тој бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20