Руски дрон удрил во станбена зграда во Романија - Канал 5

Руски дрон удрил во станбена зграда во Романија

Дронот што падна врз станбена зграда во Романија за време на руски напад врз соседна Украина бил руски, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел.

Руски дрон удрил во станбена зграда во Романија

Инцидентот повторно ги крена тензиите на источното крило на алијансата, бидејќи Романија е членка на НАТО и на Европската унија.

Од НАТО најавија дека ќе проценат како дополнително да ја зајакнат одбраната на Романија и на целата алијанса од закани од беспилотни летала. Дронот погодил станбена зграда во Галаци, при што биле повредени две лица и избувнал пожар, додека романските власти го оценија случајот како сериозно нарушување на безбедноста.

Постојаниот претставник на САД во Нато, Метју Витакер, го осуди „неодговорниот упад“ и порача дека соединетите американски држави ќе ја бранат „секоја педа од територијата на НАТО“. Алијансата, пак, повтори дека ќе остане подготвена да ја заштити секоја сојузничка земја.

Москва ја оспорува одговорноста и тврди дека потеклото на леталото треба дополнително да се утврди. Но за НАТО и Букурешт, падот на дронот врз станбена зграда во Романија е уште еден знак дека војната во Украина сè почесто се прелева врз безбедноста на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар: Забрзаниот влез на Украина во ЕУ би бил неправеден кон Западен Балкан

Забрзаното членство на Украина во Европската Унија би било неправедно кон земјите од Западен Балкан, кои со години се во пристапниот процес, изјавил унгарскиот премиер Петер Маѓар пред почетокот на состанокот на Европски совет во Брисел.

Маѓар: Забрзаниот влез на Украина во ЕУ би бил неправеден кон Западен Балкан

Маѓар нагласил дека проширувањето треба да се заснова на резултати и исполнети критериуми, а не на политички одлуки.

Тој оценил дека не треба да се забрзува пристапувањето на одделни кандидати на сметка на државите од Западен Балкан, бидејќи тоа како што изјавил, не би било ниту праведно ниту прагматично.

Според Маѓар малку е веројатно сите земји членки да имаат ист став по ова прашање, но нагласил дека Унгарија ќе ги застапува сопствените интереси во преговорите за идното проширување на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост

За аферата во ФФМ предмалку со соопштение се огласија од Кривичниот суд од каде потврдија дека завршиле исказите на осомничените за случајот

Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост

Од спроведени 12 лица, мерка притвор добиле три лица, 5 одат во куќен, за четворица се определени мерки за претпазливост, додека 5 лица се сѐ уште недостапни за органите.

Според истите информации меѓу оние кои оди во ефективен притвор е и поранешниот претседател на ффм, Илчо Ѓорѓиоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнаа разговорите за реконструкција на Владата

Започнаа разговорите за најавената реконструкција на Владата.

Почнаа разговорите за реконструкција на Владата

Средбата се одржуваше зад затворени врати, а конкретни детали за содржината на разговорите засега не се откриваат. И од Владата и од ВЛЕН велат дека процесот се уште е во рана фаза и станува збор за чувствителни разговори. Според информации на Канал 5, на првичните состаноци ќе се утврдуваат принципите врз кои ќе се спроведе реконструкцијата, по што ќе следуваат разговори за конкретните кадровски решенија. Од Владата порачуваат дека нема да има толеранција за функционери кои отстапуваат од принципите на работата.

„Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана. Она што во моментов останува непроменета позиција и јасен принцип на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се пораките што тој ги упати на одбележувањето на 36-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Тој нагласи дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапување од принципите врз кои се темели работата на Владата, без разлика на функцијата што некој ја извршува.“, велат од Владата.

За утре пак, е најавена средба меѓу премиерот Мицкоски и коалицискиот партнер ЗНАМ, што во гостувањето во „Само интервју“ го потврди и министерот за јавна администрација Горан Минчев. Тој рече дека од премиерот најнапред ќе побараат информација за обемот на реконструкцијата што се планира, но и дека ЗНАМ веќе изготвила детална евалуација на двегодишното работење на своите функционери, која покажала дека тие успешно ги извршувале задачите.

Веќе извесен период се шпекулира дека Мицкоски ќе се заблагодари на дел од министрите од ВМРО-ДПМНЕ, додека кај одредени ресори се можни рокади со коалициските партнери. Се споменуваат имињата на Ристовски, Љутков и Јаневска. Кај ВРЕДИ, по оставката на Фетаи и разидувањата на Лимани, можни се промени во ресорите и кадровски прераспределби, вклучително и рокада меѓу министрите Сали и Алиу. Неофицијално Неизвесни се и позициите на Филков, а под знак прашалник е и ресорот за добро владеење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер