3Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер
ЖивотРуски доктор ја откри тајната за детскиот имунитет: „Не ги лечат децата “чудотворните“ лекови, туку ова“Многу родители веруваат дека постои лек кој на чудотворен начин може да влијае на зајакнувањето на имунитетот кај децата, меѓутоа, еве што советува Јевгениј Комаровски, познатиот лекар и автор на многу книги за деца.Јевгениј Комаровски, доктор по медицински науки, телевизиски водител и автор на многу книги за нега на деца, даде ексклузивно интервју за „Спутник“ за борбата против алергии, зајакнувањето на имунитетот кај децата. Тој на многу едноставен начин дава совети како во денешно време треба да се воспитува здраво дете. „Луѓето генерално, па и децата конкретно, имаат способност за адаптација на сите временски услови. Промената на климата може сериозно да делува на иднината на човечката цивилизација, но и премногу е преувеличено влијанието на овие промени врз здравјето на едно дете. Животот во современото семејство денеска се разликува од тоа што било вообичаено пред 20 или 30 години. Се е поинаку: од негата на децата, до куќната техника, клима-уредите, храната, но и времето поминато на свеж воздух, па и квалитетот на самиот воздух, спортот и рекреација во детските установи, и предучилишните и училишните. Посебно прашање е денешната медицинска етика. Паролата на агресивните фармаколози гласи: нема здрави, постојат само оние кои не се доволно темелно прегледани. За секој, па и најмал проблем, фармацевските компании имаат лек. Уште еден важен фактор се и компјутерите кои сериозно влијаат врз современото одгледување на деца и комуникација меѓу децата и родителите. Сето ова го наведувам за да привлечам внимание на тоа дека родителите се склони да ги земат климатските фактори како оправдување за сопствените грешки и мрзеливост, бидејќи здравјето и имунитетот на децата се формираат од начинот на живот. А мајката и таткото се тие кои го обликуваат животот на детето. Кога родителите не можат да проценат што е добро а што лошо за нивното дете, тогаш не можат да организираат правилна нега, односно режим на исхрана, вежбање, шетање, укажување на основна медицинска помош при честите детски болести – сето тоа доведува до тоа родителите “во хор“ да се повикуваат на лошата клима, загадениот воздух, неорганизираната држава, лошите лекари и итн. Уште една типична заблуда е и тоа што повеќето возрасни се убедени дека постои лек кој на чудотворен начин може да влијае врз имунитетот на детето. Такви лекови всушност не постојат, а тоа што стои на рафтовите во бројните аптеки, се “шарени лаги“. Употребата на тие препарати служи само за тоа родителите да можат да “стават цртка“ дека направиле нешто добро за своите деца. Друга цел на продавањето на тие лекови е и да се наполнат џебовите на производителите. Ако сакате вашето дете да не боледува, ако сакате брзо и лесно да се адаптира на животните услови и на околината кои многу брзо се менуваат, тогаш читајте, интересирајте се. А пред се немојте да дозволите детето да биде претопло облечено, немојте премногу да го храните, стимулирајте секојдневна физичка активност и немој да го држите детето во “стерилни“ услови. Со децата поминувајте повеќе време на свеж воздух и немојте да им давате “магични“ таблети за зајакнување на имунитетот. Пред се на децата и се потребни мајката и таткото“ – изјави доктор Јевгени Комаровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијатаХристијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем. Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари. Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата. Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата. Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка. Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ. Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ. Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата. Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“. Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар. Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата. Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи. На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција. Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка! Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем. Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги. Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност. Нашата порака до Мицкоски е јасна: Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш. Доаѓа крај на твојата криминална банда. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО Тагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотерКредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка. Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер. Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се! Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00