Руската телевизија емитува „часови по патритизам“, Лавров беше прв предавач - Канал 5

Руската телевизија емитува „часови по патритизам“, Лавров беше прв предавач

Руската државна телевизија почна да емитува часови по патриотизам со цел да го зголеми патриотизмот и да добие поддршка за инвазијата на Украина кај училишните деца.

Руската телевизија емитува „часови по патритизам“, Лавров беше прв предавач

Руските власти на почетокот на учебната година воведоа лекција наречена „Важни разговори“, но сега и официјално е објавено дека „Важни разговори“ ќе се емитува секој понеделник на државната ТВ Канал Еден.

„И децата кои тој ден останаа дома поради некоја причина и нивните родители ќе бидат заинтересирани за шоуто“, напишаа авторите на емисијата на Телеграм. Првиот телевизиски „Важни разговори“ се емитувал во понеделникот во утринска емисија, со гостин министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој ја пофалил етничката различност на Русија како карактеристика што ја прави земјата „посебна и единствена“.

Веб-страницата на руското Министерство за образование објави снимка од интервјуто на Лавров и дополнителни наставни материјали за учениците, од првачиња до матуранти. Часот „Важни разговори“ е една од неколкуте иновации воведени во руските училишта од почетокот на инвазијата, вклучително и подигање на руското знаме и пеење на националната химна секој понеделник, пишува „Москва тајмс“.

Наставната содржина на овој час предизвика негодување кај дел од родителите и наставниците кои велат дека децата треба да бидат изоставени од политичките и идеолошките напори на државата. Иако посетувањето на часот не е задолжително, неколку родители потврдиле дека на нивните деца им се заканува исклучување доколку не присуствуваат на „Важни разговори“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Травел блогерката Синтија Бенитез доживеа непријатно искуство додека пливаше со желки во една лагуна во Танзанија.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Додека посегнуваше кон едно животно пред неа, друго ѝ пријде одзади и ја касна за задникот. Шокирана, инфлуенсерката врисна и излезе од водата, а снимката од инцидентот набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Трага од каснување и вирално видео

Потоа, Бенитез се пошегува во описот на видеото: „Мислев дека желките се безопасни...“ Фотографијата направена по инцидентот покажува црвена трага од каснување, иако за среќа, таа не се здоби со сериозни повреди. Видеото собра над 400.000 прегледи на Инстаграм.

„Желката очигледно беше гладна“

Следбениците главно реагираа со хумор на ситуацијата. Како одговор на коментар во кој видеото се опишува како „многу корисна“ информација, Бенитез одговори: „Никогаш не ѝ врти грб на желка“.

Друг корисник напиша: „На желката ѝ беше доста од пластика, па реши да ја извади од водата“. Имаше и коментари дека животното „очигледно било гладно“, како и порака: „Таа желка сум јас во некој претходен живот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот

„Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање

Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер