Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава
1Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава
Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
2Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
СветРуската СВР тврди: Лондон го кочи мировниот план на Трамп за Украина поради економски интересиБританските власти би можеле да се обидат да го поткопаат миротворниот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп во решавањето на конфликтот во Украина.Британските власти би можеле да се обидат да го поткопаат миротворниот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп во решавањето на конфликтот во Украина, дискредитирајќи го преку стари обвинувања за наводни врски со советските и руските разузнавачки структури. Ова го тврди руската Надворешна разузнавачка служба (СВР), повикувајќи се на сопствени извори. Според овие информации, Лондон е загрижен дека иницијативите на Вашингтон насочени кон мирно решение би можеле да ги загрозат британските интереси за продолжување на украинскиот конфликт. СВР наведува дека британското раководство смета на продолжување на војната, бидејќи „приходите кои доаѓаат преку воената и политичката поддршка за Украина ја спасуваат британската економија од банкрот“. СВР тврди дека во Лондон е подготвена „безбедносна мрежа“ во случај напорите на Трамп да добијат значителен меѓународен замав. Според овие наводи, британските служби разгледуваат заживување на контроверзните и одамна оспорувани „досиеја“ на поранешниот разузнавач Кристофер Стил, во кои Трамп и членовите на неговото семејство се обвинуваат за врски со советски и руски разузнавачки агенции. Овие материјали, кои предизвикаа политички потреси за време на претходните изборни циклуси во САД, би можеле повторно да бидат пласирани во јавноста со цел да се намали кредибилитетот на американскиот претседател во моментот кога неговата администрација работи на нов мировен план, тврди руската служба. Надворешната разузнавачка служба во својата оценка додаде и дека британските власти не сакаат брзо завршување на конфликтот во Украина, бидејќи „финансиските текови поврзани со воената економија ги држат над работ на економски колапс“. Од Лондон засега нема официјална реакција на овие тврдења.Тагови: Британија русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјаваНајмногу лекови на рецепт земаат граѓаните од Штип, Кочани и Делчево и останатите од источниот регион,во просек по 18 кутивчиња по човек, покажуваа анализата на Фондот, а бележи и зголемување на потрушувачката на најпознатите лекови, како Дијазепамот.На еден жител по 18 кутии апчиња. Истокот на Македонија е најзависен од лекови, барем според анализата на Фондот за здравствено осигурување, според која Метформин, Диазепам, Пантопразол и Еналаприл се трошат како алва и остануваат на листата најпродавани лекови на рецепт со над 5 милиони издадени рецепти само за нив. Директорот на Фондот Сашо Клековски вели дека граѓаните си имаат фиоки со залихи на таблети, но пострашна е двојната наплата од страна на аптеките кои освен цела сума од граѓаните му наплатуваат и на фондот. На ова треба да стави крај долгонајавуваниот проект е-рецепт, за кој има надеж дека целосно ќе профункционира годинава. Од Фондот најавија дека за неколку дена во атеките граѓаните ќе можат по поевтина цена да купат инхалаторна терапија. Спрејот „фостер“ наменет за инхалација кој најчесто го користат луѓето со астма повеќе нема да биде единствениот на пазарот. Од Фондот велат дека „Клексаните“ се уште се рефундираат, а од наредниот месец се очекува конечно да бидат достапни во аптека за граѓаните. Со ребалансот на буџетот за Фондот се планира зголемување од над една милијарда денари, која во најголем дел е наменета за исплата на породилните отсуства, потврдуваат од Фондот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
МакедонијаВо Шутка е екстрадираниот 19-годишник, осомничен за сообраќајката во Капиштец со смртни последици Момчето кое прегази жена во Капиштец во јануари годинава и пребега во Србија, веќе е екстрадиран во земјава и му е одреден притвор во Затворот Скопје.. Во истражниот затвор во Шутка синоќа е спроведен 19 годишниот Саит Саитов кој на почетокот на јануари годинава со автомобил прегази повозрасна жена во скопски Капиштец и побегна надвор од државата. За него беше објавена потерница а еден месец подоцна беше уапсен во Белград по што Министерството за правда побара негова екстрадиција. „На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка. Саитов беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода за кривичноправен настан што се случил во Скопје на 9.1.2026 година.“,велат од МВР. Со неговото обезбедување Јавното обвинителство ја продолжува истрагата а неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ во разговор за Канал 5 потврди дека ќе го посети во притворското одделение по што со јавниот обвинител ќе биде утврдена динамиката на постапување. За бегството во Србија на Саитов неколку часа откако ја предизвика сообраќајката му помогнале две лица, мажи жена, негови роднини. Додека траел увидот на местото, тие со автомобил го зеле од домот заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ја напуштиле земјава, а откако ги оставиле во Србија помагачите се вратиле назад. Обвинителството против нив набргу поднесе обвинение за помагање на сторител по извршено кривично дело. И двајцата во март се осудени на затворски казни, Аднан Јакупи на 3 и пол години а неговата сопруга Перихан Шериф на 1 година и 8 месеци затвор. Но според нивниот адвокат Звонко Давидовиќ спорно е што воопшто е донесена пресуда пред да му се суди на сторителот на кој според обвинението му помогнале. „Значи постапката за сторителот на кривичното дело кое го пишува во диспозитивот на пресудата, Саит Саитов, за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош на лице поввредено во сообраќајна незгода, се уште не е подигнато обвинение а не да има правосилна кривична пресуда. За да постои сторител на кривично дело мора да биде осуден со правосилна кривична пресуда и тоа го предвидува не само КЗ туку ова го предвидува и Уставот на РМ. Вие не може однапред да судите некого кој помогнал на сторител а го немате сторителот, бидејќи немате правосилна пресуда.“ Пресудата за помагачите во бегството на Саитов е обжалена и по основ на невоедначена судска пракса во однос на казните. Според Давидовиќ, изрекувани се пониски казни за директни сторители на сообраќајки со смртни последици за разлика од овие изречени на двајцата помагачи во бегството на Саитов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
МакедонијаГаши: До 30 јуни ќе бидат на седница сите закони од реформската агендаДо крајот на месецот сите закони од реформската агенда кои ќе стигнат до Собранието ќе бидат ставени на седница, најави собранискиот спикет Африм Гаши. Пред пратениците наскоро ќе се најде и списокот на премиерот Мицкоски за реконструкција на Владата, кој се уште е во фаза на преговори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33