Руската полиција го уапси шаманот кој тргнал на пат долг 5 000 километри за да го истера ѓаволот од Путин (ВИДЕО)

Сибирскиот шаман , кој пешки тргнал од Сибир во Москва за да го истера ѓаволот од Путин , денеска е уапсен.

Полицијата на руската република Бурјатија , објави сдека ноќеска го уапсила Александар Габишев на автопат во близина на Бајкалското езеро. Го вратиле во родната Јакутија , каде го бараат за направен криминал.

Александар Габишев тргна пеш низ најголемата земја во светот во март и планирал да пристигне во Москва во 2021 година. Неговата желба беше да го избрка ѓаволот од Путин, откако ќе дојде во главниот град.

Во последните неколку недели, мала група следбеници, убедени или забавувани од неговите изјави за рускиот претседател Владимир Путин , му се придружија на патувањето од 5.000 км помеѓу Јакутск и Москва. Алексеј Навални, главниот противник на Кремљ, се пошегува во со реакцијата на властите.

- Путин се исплаши, се тресе и вика „Боже мој, спаси ме од овој шаман, што ако навистина го избрка ѓаволот од мене?“

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер