2 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
ЗабаваРуската Ким Кардашијан тврди: На мене се е природно!Анастасија Квитко е руска манекенка која во моментов живее во Лос Анџелес. Таа тврди дека има совршено природно тело, и никогаш не направила ниту една пластична операција.Корисниците на социјалните мрежи, Анастасија ја нарекуваат - руската Ким Кардашијан. Но, 22 годишната девојка е убедена дека ќе биде попопуларна од Ким Карадшијан. Досега Анастасија има 6 милиони следбеници на социјалните мрежи! - Ким ми е драга, но не сакам кога не споредуваат. Моето тело има спортска градба, а имам и најубав задник - вели младата Русинка. Анастасија вели дека го одбила советот од луѓе во модната индустрија - да ослабне. - Не сакам слаби жени, туку жени со фигура, како Бијонсе и Ким. Цел живот вежбам, пазам што јадам и 4 пати неделно одам во теретана. Избегнувам брза храна и месо - изјави Анастасија. Анастасија уверува дека на неа се е природно. Но, таблоидите веќе открија некои постари фотографии од девојката на кои таа изгледа многу поионаку. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПутин: Русија нема агресивни намери кон ЕвропаРусија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики. „Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Работни средби во Вашингтон.-Работни средби во Вашингтон.Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е на работни средби во САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
КошаркаЕвролигата подготвува нови правила за претстојната сезонаЕдна од промените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут.Раководството на Евролигата официјално ги претстави измените на правилата што значително ќе влијаат врз динамиката на играта и судењето во претстојната сезона. Една од измените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут, кое сега започнува дури откако играчот ќе ги насочи рамената и топката кон кошот во напаѓачката половина. Следствено на тоа, контактот што настанува при нагло повлекување на топката на страна повеќе нема да се третира како прекршок при шут, туку како обичен прекршок, додека секое недозволено навлегување во зоната каде што доскокнува шутерот автоматски ќе се санкционира како флагрантен прекршок. Системот на санкции исто така претрпе значителни измени. Техничките прекршоци сега се поделени на две категории, при што само првиот тип влијае на исклучувањето од игра. Понатаму, претходниот „неспортски прекршок“ е заменет со „прекршок за прекинување на играта“ (за запирање на брз напад) и „флагрантен прекршок“ (за опасен или насилен контакт). Играчот ќе биде испратен во соблекувалната по добивањето на два технички прекршока од прва категорија, два флагрантни прекршока или комбинација од нив. Промените важат и за тренерите, кои ги задржуваат своите два „челенџа“ по натпревар, но сега се должни да користат барем еден пред последните две минути од регуларното време. Дополнително, тренерот се соочува со автоматска дисквалификација ако тој или некој член од клупата стапне на теренот и се меша во контранападот на противникот. Судиите повеќе нема да издаваат претходни опомени на играчите за неспортско однесување или паѓање; наместо тоа, тие веднаш ќе досудат техничка грешка, додека опомените остануваат применливи само за намерни тактики за одложување на играта. Нови правила во врска со физичките пресметки. Конечно, правилата во врска со физичките пресметки на теренот, официјалните протести поднесени до записничката маса и почетокот на периодите се ревидирани, додека посебните правила на Евролигата во врска со ограничената зона и специфичните ситуации со скокање остануваат непроменети.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter