Руска тинејџерка постави нов рекорд во уметничко лизгање

Младата руска лизгачка Алина Загитова постави нов сведски рекорд во уметничко лизгање во рамки на кратката програма на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Таа ја воодушеви публиката и жирито кое и даде оцена од 82,92 бодови со што го собори светскиот рекорд кој десет минути пред настапот на Загитова го постави нејзината сонародничка Јевгенија Медведева (81,61).

- Задоволна сум што сите елементи ги изведов како што треба, но ова не е моето најдобро издание, мислам дека можам подобро, нагласи 15-годишната олимпијка.

Таа во Пјонгчанг го освои тимското сребро, но сега има можност да дојде до златниот медал.

притисни ентер