Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
РакометРуска ракометарка паднала од осми кат и починала на самото место Руската ракометарка Викторија Дивак е пронајдена мртва неколку дена пред нејзиниот 30-ти роденден.Таа наводно паднала од прозорецот на нејзиниот стан на осми кат. Полицијата претпоставува дека не се работи за самоубиство, туку за несреќа. Нејзиното тело било пронајдено пред зградата во која живеела. „Сите сме во шок. Никој не знае што се случило. Таа во 11 часот им се пофалила на пријателите како купила мачка и објавувала фотографии на социјалните мрежи, а во 14 часот веќе била мртва. Никој не знае што се случило во тие неколку часа.Ова е вистинска катастрофа“, изјавил Алексеј Алексејев, тренерот на Астраханочка, клубот во кој играла Дивак. Дивак била трикратен руски шампион, а играла во Франција, Германија и Белорусија. Пред 14 години таа го освоила Европското првенство со руската јуниорска репрезентација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден: Извршена есенска дезинфекција и дератизацијаВо согласност со Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, Општина Илинден спроведе есенска акција за дератизација на јавните површини и дезинфекција на јавните објекти .Во согласност со Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, Општина Илинден спроведе есенска акција за дератизација на јавните површини и дезинфекција на јавните објекти на територијата на општината. Во рамки на акцијата, извршена е дератизација на 1.073 шахти на јавните површини, со цел спречување на појавата и размножувањето на глодари. Дополнително, спроведена е дезинфекција на вкупна површина од 3.300 квадратни метри во јавни објекти, меѓу кои општинската зграда и домовите на култура. Со континуирано спроведување на превентивните мерки, Општина Илинден ја потврдува својата посветеност на зачувување на јавното здравје, одржување на хигиената и обезбедување здрава и безбедна животна средина за сите граѓани. И во наредниот период ќе продолжат активности насочени кон спречување и сузбивање на заразните болести, со посебен акцент на превенцијата и заштитата на здравјето на населението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
БалканМинималната бруто-плата во Хрватска се зголемува за 80 евраМинималната бруто-плата во Хрватска од 1 јануари 2027 година ќе изнесува 1.130 евра, најави премиерот Андреј Пленковиќ на денешната седница на Владата. Тоа е за 80 евра повеќе од оваа година, кога минималната бруто-плата изнесува 1.050 евра. „Во моментов, минималната бруто-плата изнесува 1.050 евра. По спроведените консултации, одлучивме таа да изнесува 1.130 евра – што претставува зголемување од 80 евра во однос на износот од оваа година. Тоа значи годишна стапка на раст од 7,6 отсто“, изјави Пленковиќ. Владата денеска ќе усвои уредба со која се утврдува новиот износ на минималната плата за претстојната година. Премиерот најави мерки за работодавачите кои на своите работници им исплаќаат минимална плата. Во текот на првите три месеци од 2027 година, државата – по поднесување барање – ќе им ја надомести на работодавачите разликата помеѓу претходниот и новиот износ на бруто минималната плата. Ова изнесува 80 евра месечно по работник, односно вкупно до 240 евра за тримесечниот период. Се зголемува и минималната саатница за студентска работа. Зголемувањето на минималната плата повлекува и повисока минимална стапка за студентска работа. Пленковиќ најави дека минималната саатница за студентите во 2027 година ќе изнесува 7,06 евра, во споредба со овогодинешната нето-стапка од 6,56 евра. Тоа значи дека за секој одработен час, студентите ќе добиваат најмалку 50 центи повеќе отколку што добиваат оваа година. Премиерот исто така напомена дека цената на субвенционираниот студентски оброк ќе остане непроменета, при што студентите и понатаму ќе плаќаат 0,86 евра. Тагови: минимална плата Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМинчев од Приштина: Ставаме крај на нефункционалноста, со професионални кадриСтаваме крај на нефункционалноста, со професионални кадри, јасни правила и одговорност до институции што испорачуваат резултати!Јавната администрација е оперативниот мотор на државата, а нејзината сила се мери според способноста да решава проблеми, да презема одговорност и да испорачува резултати. Ова беше пораката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на Министерскиот панел во рамки на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина. Тој истакна дека реформата на јавната администрација подразбира суштинска промена во функционирањето на институциите, од бирократски процедури и формално исполнување обврски кон професионално работење, јасни правила и мерливи резултати за граѓаните. „Со реформите во Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор воспоставуваме систем во кој професионалноста, компетентноста и одговорноста ќе бидат мерило за сечија работа. Оние што работат квалитетно, покажуваат посветеност и постигнуваат резултати мора да бидат препознаени и соодветно наградени, но исто така, оние што не ги исполнуваат работните обврски и не ги оправдуваат очекувањата мора да сносат соодветни последици. Не може да бараме ефикасни институции без јасни критериуми и без систем во кој секој административен службеник знае дека неговиот труд ќе биде вреднуван, а неговото непрофесионално работење нема да биде толерирано. Само така градиме администрација во која заслугите се наградуваат, а неодговорноста има последици“ порача Минчев. Професионализацијата на раководните позиции и функционалното организирање на институциите се следните клучни алки во реформскиот процес. Со примената на законската рамка за високи раководители, започната на 1 октомври 2026 година, се зајакнуваат основите за професионално и одговорно управување, додека подготовката на новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ) е насочена кон појасни надлежности, отстранување на преклопувањата и подобра координација. „Државата не смее да губи енергија во институционални преклопувања и нејасни одговорности. Секоја институција мора да има прецизно утврдена улога, а секоја одговорност мора да има носител. Само така создаваме систем што работи во интерес на граѓаните, а не граѓаните да се приспособуваат на слабостите на системот“ истакна министерот. Како важен инструмент за професионализација на администрацијата, Минчев го посочи почетокот на работата на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, планиран за јануари 2027 година. Академијата ќе овозможи континуирано унапредување на стручните знаења, развој на лидерските компетенции и јакнење на професионалните капацитети. Целта е знаењето да стане двигател на институционалниот напредок, а професионалниот развој, директна инвестиција во поквалитетно управување и резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат. Учеството на „Косово ПАР 2026“ ја потврди важноста на регионалната соработка и размената на искуства во спроведувањето на реформите. Сепак, вистинскиот успех не се мери со бројот на донесени закони или спроведени активности, туку со промените што граѓаните ги препознаваат во секојдневниот контакт со институциите. Професионалноста ги движи реформите, јасните правила го зајакнуваат системот, а конкретните резултати ја градат довербата. Тоа е насоката на Министерството за јавна администрација, администрација што не ја забавува државата со непотребни пречки, туку ја придвижува напред со знаење, ефикасност и одговорност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook