Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
Други спортовиРуска доминација на 20 километри брзо одење за жени Првите две места на трката од 20 киломeтри брзо одење во женска конкуренција на Светското првенство во атлетика во Москва го освоија руските атлетичарки.Златниот медал и припадна на Елена Лашманова, која имаше време 1:27.08 час, а само три секунди послабо време постигна нејзината сонародничка Анисија Кирдјапкина - 1:27.11. Бронзениот медал го освои Луи Хонг од Кина со време - 1:28.10. Ова за Русија (домаќин на шампионатот) беше втор златен медал. Денеска во попладневната програма од четвртиот ден од СП ќе се одржат уште шест финални дисциплини: фрлање диск, 800 метри, 400 метри кај мажите, скок со стап, седмобој (последна дисциплина) и 3.000 метри стиплчез кај жените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаНовиот амбасадор во Бугарија, Крум Ефремов ја презентираше дипломатската платформа пред СобраниетоДеескалација на односите преку промена во пристапот и градење на позитивна клима меѓу двете држави – ова се дел од приоритетите на новиот македонски амбасадор во Бугарија – Крум Ефремов Деескалација на односите преку промена во пристапот и градење на позитивна клима меѓу двете држави – ова се дел од приоритетите на новиот македонски амбасадор во Бугарија – Крум Ефремов кој денеска ја претстави својата платформа за идни дипломатски активности пред Собраниската комисија за надворешна политика. Моменталните односи не се на соодветно ниво за две земји сојузнички во НАТО и две земји со европски интерес, изјави Ефремов. -Нерешеното прашање во врска со спречувањето во преговорите за пристапување на нашата земја во ЕУ од страна на Република Бугарија претставува најголем предизвик. Во делот на она што нашата земја ќе го прави во иднина е барањето и посветеноста на изнаоѓање на решение преку дијалог, со добра волја и сигурност и гаранции а не повторување на стагнацијата. Всушност одржувањето на статусот кво не е во интерес на ниедна страна,- -Крум Ефремов, вонреден и ополномоштен Амбасадор на Македонија во Бугарија. Ефремов кажа дека досега се одржани 40 средби на Истоприскатѕа комсиија која преозиле од Договор за добрососедтсво од 2017 година, а согласнот е постигната за заедничко чевствување на 4 личности и 10 препроаки за образовните програми.. Освен на експертско ниво, Ефрмов најави дека во фоксуот ќе му биде и развивањето на политичките билатерални односи, притоа организирајќи средби на сите нивоа, вклучително и на високо. -Бугарија во секоја прилика и натаму ја потврдува својата посветеност на европскиот консензус од 2022та односно условот за Македонија за отворање на преговорите за членство и го повторува барањето за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, констатираше Ефремов во своето излагање. Ефремов, напомена дека Бугарија е на 6то место на наши трговски партнери со кого трговијата во текот на една деценија се дуплирала и сега изнесува над 1 милијарда евра и псоочи дека е потребна соработка на сите полиња, меѓу кои и гасно поврзување, отворање на три нови гранични премини, подобрена патна и транспортна инфраструктура како и поголема парламентарна и економска соработка меѓу двете држави.. Освен Ефремов, своите дипломатски активности ги претставија и новите македонски амбасадори во Кралството Норвешка - Дритон Кучи, Кралството Шведска - Мухарем Јусуфи и Романија - Габриел Атанасов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаПо забелешката на нашиот Видиновски, Култура со брза реакција!По видеото на новинарот Александар Видиновски, поставено е ново македонско знаме пред Министерството за култура и туризам.Брза реакција од Министерството за култура и туризам, по забелешката на новинарот на Канал 5, Александар Видиновски во врска со искинатото македонско знаме поставено пред оваа институција. Сега пред Министерството се вее ново знаме на Македонија, онака како што доликува. Тагови: Александар Видиновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаМицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк Премиерот Мицкоски и лидерите од регионот денеска на ручек со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, на маргините на Генерално собрание на ОН во Њујорк. Средбата на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан доаѓа во пресрет на новата стратегија за проширување која ЕК ќе ја објави точно за една недела, а со која фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, во зависност од напредокот во реформите. Премиерот Мицкоски претходно од САД повика на вклучување на претставници на ЕУ, со цел да помогнат за подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија. Токму европската перспектива на земјава била една од темите на средбата меѓу премиерот Мицкоски и неговиот словенечки колега Јанез Јанша синоќа во Њујорк. Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, двајцата премиери разговарале и за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и светот. - Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, му рекол Мицкоски на Јанша. Македонија синоќа во Њујорк беше претставена и од сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на ОН. Приемот бил организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“. – Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порачала првата дама на САД на приемот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter